Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.738
- Поени од реакции
- 18.484
Не, на USO Мареј ќе биде уништен од некој од големата тројка, јас сум прилично сигурен во ова, иначе заборавив да спомнам за форхендот на Федерер, буквално на сите длабоки топки кои ги врати Мареј, Федерер каснеше по најмалце 0.5/1 секунда, се враќаше наназад буквално двојно поспоро него што треба за да заокружи околу топката и да има далеку подобра позиција за форхенд дијагонала/винер.....наместо тоа заради спората работа со нозе и позиционирањето, мораше само да ја враќа во игра, и притоа да му мести на Мареј пенали - кратки топки по средина на теренот.Апсолутно! Денеска му беше денот на Енди, погодуваше се живо и диво, башка и мрежата беше наклонета во негова полза во неколку наврати, едноставно сите работи му се поклопија. Многу ме интересира каков ќе биде овогодинешниот УС Опен, дали Мареј ќе ја задржи константноста, дали Новак ќе излезе од сивилото кое го зафати од Монте Карло во април негде, дали Роџер ќе го заборави среброто од Лондон, дали Надал има некакви шанси да се опорави од повредата и да замеша прсти за титулата. Знам дека во Торонто Надал и Федерер го откажаа учеството, можно е и Мареј и Ноле да откажат, не се знае сеуште. Битно периодот за припрема за УС Опен е краток а распоредот премногу набиен.
Оној познат inside out форхенд не го видов во ниедна ситуација, со него го уништи Мареј на Wimby...денес такви поени немаше, едноставно како тенк се движеше, како тегови за кошарка да имаше на зглобовите.
Мареј тотално го надигра Федерер. Ќе го направеше истото на Вимболдон да не се играше indoor но тоа ти е тоа.
А за Федерер подобро би било да се повлече оти со Надал и ваков Мареј тешко дека ќе може да освои нешто.