Жално за Роџер Федерер, единствената титула која му недостасува во кариерата, на добар пат беше да ја освои но не успеа. Мареј конечно успеа да направи некаков поголем успех во кариерата, иако сеуште нема Слем, но сепак да освоиш злато на ОИ е сон на секој. Текот на мечот во првите сет и половина беше сличен ко на Вимблдон, Мареј го зема првиот сет а во вториот оној "долгиот" гем овојпат го зема Енди. Ако ви текнува пред месец дена Роџер тука го сврте мечот во своја полза, правејќи му брејк на Мареј и потоа освојувајќи го сетот а потоа и мечот. Е денес Мареј не дозволи тоа пак да му се случи, си го освои гемот а потоа и златниот медал. Апсолутно заслужен, без никаква дамка, со огромна доминација во играта.
Федерер премногу анемичен, блед, повлечен, по се изгледа притисокот го утепа. Многу сакам да ја чујам неговата изјава, да видам што ќе каже, што е причината поради која го доживеа најубедливиот пораз на трева до сега во кариерата. Губел Роџер и од Надал и од Цонга и од други тенисери на трева ама вака не загубил до сега.