Тенис, Лондон 2012

Статус
Затворена за нови мислења.

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Секоја чест за Мареј, како фан на Роже мора да ја прифатам реалноста дека беше далеку под своите можности на мечот, плус Мареј играше атомски тенис. И не ми е криво што освои тој , конечно да почуствува како е да бидеш шампион на големо натпреварување.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Браво Мареј честитки! Прекрасно одиграно, сосем заслужено.
Гледам и нервите ги поправи, солза не пролеа. Со сета должна почит кон Федекс и неговите фанови, ама ова не беше победа, ова беше збришување. И тоа само месец дена после Вимблдон. По ова УС Опен му се насмевнува на Мареј. Време е за Грен Слем и со ваква игра е на чекор до тоа остварување.

Жалосно е што Федекс ќе остане без златен медал на ОИ, но ништо не оди подарено мора да се одигра. А Мареј едноставно блесна.

Честитки до фановите на Мареј. После ваквите игри, сигурна сум дека ќе се зголеми нивниот број што е добро за дебатата во подфорум тенис!

Уште еднаш честито!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Исплескан Федерер, ај време е за пензија.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Секоја чест за Мареј!!

Федерер најголемиот играч на тениската игра останува без Олимписко злато, но тоа не значи дека сепак е најголем!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
На брејк поени, очај, ужас.

На сервис (поготово 2) очај.

На мрежа катастрофа.

Буквално ништо не му одеше, моментот од 2 сет кога 2 пати топката падна во нeгово поле, и тоа на брејк шанса го реши мечот, преголема нервоза и притисок заради тоа што игра за олимпијада, единствениот турнир кој му фали, а капак на сето ова заморот од мечот со Делпо кој го направи да игра на далеку пониско ниво....

Од друга страна имавме еден одличен Мареј, на кој буквално све му тргна од рака, сервис добар, на мрежа одличен, среќа на неколку клучни поени, како и фантастичен од поглед на работа со нозе и позиционирање на теренот, сегде го имаше.

Се на се заслужена победа и честитки за сите навивачи на Мареј, мада сигурен сум дека а беше ова слем Федерер ќе излезеше како победник, ама да не го вртам муабетот што би било кад би било, дури и овој резултат е одлично достигнување на Федерер кој има фантастична сезона, убедливно најдобра од топ 5 тенисерите.

Следна цел е USO.


Исплескан Федерер, ај време е за пензија.

Колку пати сум г слушал ова само, и пак се враќал во голем стил :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.360
Поени од реакции
113.715
Жално за Роџер Федерер, единствената титула која му недостасува во кариерата, на добар пат беше да ја освои но не успеа. Мареј конечно успеа да направи некаков поголем успех во кариерата, иако сеуште нема Слем, но сепак да освоиш злато на ОИ е сон на секој. Текот на мечот во првите сет и половина беше сличен ко на Вимблдон, Мареј го зема првиот сет а во вториот оној "долгиот" гем овојпат го зема Енди. Ако ви текнува пред месец дена Роџер тука го сврте мечот во своја полза, правејќи му брејк на Мареј и потоа освојувајќи го сетот а потоа и мечот. Е денес Мареј не дозволи тоа пак да му се случи, си го освои гемот а потоа и златниот медал. Апсолутно заслужен, без никаква дамка, со огромна доминација во играта.
Федерер премногу анемичен, блед, повлечен, по се изгледа притисокот го утепа. Многу сакам да ја чујам неговата изјава, да видам што ќе каже, што е причината поради која го доживеа најубедливиот пораз на трева до сега во кариерата. Губел Роџер и од Надал и од Цонга и од други тенисери на трева ама вака не загубил до сега.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Капа доле за Мареј. Ако освои УС Опен и плус некој мастерс до крај на годинава, има големи шанси да биде прогласен за најдобар тенисер во 2012.
 
S

Stivie G

Гостин
Сега сите како му недостасувала олимписка титула. Има од пред 4 години во двојки, не ја тупете толку.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Федерер премногу анемичен, блед, повлечен, по се изгледа притисокот го утепа. Многу сакам да ја чујам неговата изјава, да видам што ќе каже, што е причината поради која го доживеа најубедливиот пораз на трева до сега во кариерата. Губел Роџер и од Надал и од Цонга и од други тенисери на трева ама вака не загубил до сега.
Во глобала тоа е тоа, и работите кои ги набројав, Федерер беше многу нервозен и на претходните дуели, машина за неизнудени страшно многу грешки, и неискористени шанси сите знаеме што значи тоа против Мареј во топ форма.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.360
Поени од реакции
113.715
Сега сите како му недостасувала олимписка титула. Има од пред 4 години во двојки, не ја тупете толку.
Со сета почит кон Федерер али не е исто во двојки и во сингл.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Во моментот Роже би менувал 10 Гренд Слем трофеи за Олимпискиот... Овој пак, нема Гренд Слем вкусено, ќе земе Олимпијада, што многу јаки тенисери во Историјата немаат... :)
Оваа година многу значање и се даде на Олимпијадата , иначе се гледа кој победувал порано , не е којзнае колкава загуба за Федерер , има златен во парови , и сребрен поединечно.

Никогаш Федерер не би менувал 10 гренд слема за Олимписко злато. Тоа што се игра секоја година , тој ги има медалите од сите врсти.

А Олимпијада се игра на 4 години , и можно е да киксираш , а со тоа под прашалник ќе биде дали некогаш повторно ќе стигнеш да играш на Олимписко финале.

Секако дека ќе беше феноменално Федерер да го освоеше и Олимпиското злато , но и вака тој со неговите успеси е недостижен во блиска иднина.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.360
Поени од реакции
113.715
Во глобала тоа е тоа, и работите кои ги набројав, Федрер беше многу нервозен и на претходните дуели, машина за неизнудени страшно многу грешки, и неискористени шанси, а тоа против Мареј во топ форма значи пораз.
Апсолутно! Денеска му беше денот на Енди, погодуваше се живо и диво, башка и мрежата беше наклонета во негова полза во неколку наврати, едноставно сите работи му се поклопија. Многу ме интересира каков ќе биде овогодинешниот УС Опен, дали Мареј ќе ја задржи константноста, дали Новак ќе излезе од сивилото кое го зафати од Монте Карло во април негде, дали Роџер ќе го заборави среброто од Лондон, дали Надал има некакви шанси да се опорави од повредата и да замеша прсти за титулата. Знам дека во Торонто Надал и Федерер го откажаа учеството, можно е и Мареј и Ноле да откажат, не се знае сеуште. Битно периодот за припрема за УС Опен е краток а распоредот премногу набиен.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
8.431
Moze moze ... na olimpijada, inaku Fedeks glej go, i sporedi go so onoj primer od Wimboldon kade go ishamara Marej. ne bese ova pred godina dena, pred mesec dena bese, go koristi maksimalno momentumot Marej i defakto da, si ja ima podobreno igrata ama i takov, so podobrena igra ete, na golem turnir pak istera luzerski sto ne e slucaj sega samo ova nisto ne mora da znaci.

Nejse, za Federer sum vo finalevo i uste se nadevam deka ke izleze od ovaa kal zasto ovoj turnir samo mu fali i toa e toa, ama ocigledno mecot so Del Po si ostavi seriozni posledici vrz negovata igra, Nole drasticno padna vo igrata protiv Marej vo polufinaleto, 3 pati poloso izigra od najlosiot negov mec do sega otkako stana broj 1, istoto vazi i za Federer, eden od negoviot najlosi mecevi moze i vo kariera, bar do sega, nisto ne e gotovo seuste.
Да ама работата е што Мареј не му ни дозволи на Федерер да почне да се однесува како пред еден месец, односно однесувањето во финалето после првиот сет. Мареј имаше предност и сега и тогаш по првиот сет само разликата од тој Мареј и овој Мареј е тој инат што го спомнав, нејсе му се погоди ситацијава пред свои обожаватели и уште едно изгубено финале на ваков турнир пред своите ќе беше прашање кој е за пензионирање Федерер на 31 или Мареј на 25 години...

Тоа е тоа, Федерер изигра слабо у поблед на она тоа што не се обиде да добие од оние поени кои го нокаутираа Мареј досега и го откажуваа од ова ненормално трчање. Федерер беше во споредна улога не ни дојде до шанса да ја покаже својата мајсторија. Незнам... голема тежина е ова, правиш поход кон последната неосвоена територија и стварно неможам да замислам во моментите на 2-0 што се му поминувало низ глава , но тоа додатно ја однесе ситуацијава во неповрат.

Во секој случај мило ми е за Мареј, мило ми е за Дел Потро и добро е после она Федерер Надал, се префрли на голема 3ка сега да стигне до голема 5ка на квалитетен тенис.
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Мареј тотално го надигра Федерер. Ќе го направеше истото на Вимболдон да не се играше indoor но тоа ти е тоа.

А за Федерер подобро би било да се повлече оти со Надал и ваков Мареј тешко дека ќе може да освои нешто.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom