Strictly Ballroom
Ова е филм на Баз Лурман и е негов прв филм. Дел е од неговата Red Curtain Trilogy (филмови со театарски мотиви), заедно со подоцнежните Romeo + Juliet и Moulin Rouge! . Не е баш непознат филм, дури и кај нас неколку пати сум го начекала на телевизија, иако во Америка немал посебен комерцијален успех. Се работи за Скот, кој е танчер и се натпреварува во аматерските натпревари во танцување во Австралија, но сака да танцува на свој начин и без многу почит за правилата. Неговата партнерка повеќе сака да победи, па затоа и го напушта, по што тој треба да најде нова партнерка. Според жанрот е романтична комедија, но за мене комедијата е поважна и повеќе придонесува за уживањето во филмот, но романтичниот дел се грижи за лесното и убаво чувство кое останува и по завршувањето.
Стилот на филмот е намерно кичест, полн со клишеа и стереотипи, па дури и карикирање на ликовите и се фокусира повеќе на танцувањето и неговата улога во нивните животи. За нив, тоа е најважно, додека нивниот секојдневен живот е ставен во втор план. Многу е интересно како сето тоа е склопено во приказната. Сценариото само по себе е одлично. Доволно е интересно за да го задржи вниманието – времето си поминува, но филмот не губи на интензитет. Сцените течат од една во друга без забележителни прекини. Режијата и монтажата се многу добри. Сценографијата, а особено костимографијата, шминката и фризурите (намерно преовеличени и шарени и кич) се од посебна важност за филмот. Тие се и самите носители на приказната, бидејќи целиот филм е извонредно визуелен.
Музиката е приказна за себе. Песните кои се одбрани се навистина добри за соодветните сцени и одлично ја дополнуваат приказната. Сцените со танцувањето на покривот од студиото за танцување (покрај рекламата за Кока Кола со паљети/шљокици/?
), сцената со песната Perhaps, perhaps, perhaps на Дорис Деј и завршната сцена се, воопшто, прекрасни филмски сцени.
Филмот во целина е супер и според мене е многу подобар од останатите филмови на Баз Лурман. На IMDb има оценка 7.1, на Rotten Tomatoes има одлични 95% проценти, а на Metacritic има 72/100. Јас му давам 10, а мислам дека пониско од 9 и не заслужува.
Сѐ на сѐ, се работи за лесен филм кој во никој случај не треба да се сфати сериозно и кој на крајот остава убаво чувство, па го препорачувам за оние кои бараат нешто такво.
Ова е филм на Баз Лурман и е негов прв филм. Дел е од неговата Red Curtain Trilogy (филмови со театарски мотиви), заедно со подоцнежните Romeo + Juliet и Moulin Rouge! . Не е баш непознат филм, дури и кај нас неколку пати сум го начекала на телевизија, иако во Америка немал посебен комерцијален успех. Се работи за Скот, кој е танчер и се натпреварува во аматерските натпревари во танцување во Австралија, но сака да танцува на свој начин и без многу почит за правилата. Неговата партнерка повеќе сака да победи, па затоа и го напушта, по што тој треба да најде нова партнерка. Според жанрот е романтична комедија, но за мене комедијата е поважна и повеќе придонесува за уживањето во филмот, но романтичниот дел се грижи за лесното и убаво чувство кое останува и по завршувањето.
Стилот на филмот е намерно кичест, полн со клишеа и стереотипи, па дури и карикирање на ликовите и се фокусира повеќе на танцувањето и неговата улога во нивните животи. За нив, тоа е најважно, додека нивниот секојдневен живот е ставен во втор план. Многу е интересно како сето тоа е склопено во приказната. Сценариото само по себе е одлично. Доволно е интересно за да го задржи вниманието – времето си поминува, но филмот не губи на интензитет. Сцените течат од една во друга без забележителни прекини. Режијата и монтажата се многу добри. Сценографијата, а особено костимографијата, шминката и фризурите (намерно преовеличени и шарени и кич) се од посебна важност за филмот. Тие се и самите носители на приказната, бидејќи целиот филм е извонредно визуелен.
Музиката е приказна за себе. Песните кои се одбрани се навистина добри за соодветните сцени и одлично ја дополнуваат приказната. Сцените со танцувањето на покривот од студиото за танцување (покрај рекламата за Кока Кола со паљети/шљокици/?
), сцената со песната Perhaps, perhaps, perhaps на Дорис Деј и завршната сцена се, воопшто, прекрасни филмски сцени.Филмот во целина е супер и според мене е многу подобар од останатите филмови на Баз Лурман. На IMDb има оценка 7.1, на Rotten Tomatoes има одлични 95% проценти, а на Metacritic има 72/100. Јас му давам 10, а мислам дека пониско од 9 и не заслужува.
Сѐ на сѐ, се работи за лесен филм кој во никој случај не треба да се сфати сериозно и кој на крајот остава убаво чувство, па го препорачувам за оние кои бараат нешто такво.
дека режисерот е истиот од мојот омилен wire-fu филм
, koj ја играл, знае); и тотално унесување у филмот, ти го држи вниманието цело време и не знаеш кога летнало времето. Само овде нема "летање" со жици, или каскадерски потези по кои е познат Џеки Чен со оглед на тоа дека ова е еден од првите негови филмови. Значи - "чист" кунг фу, и, до сега, најдобриот што сум го гледал од тој жанр и(ли) со Џ. Чен.
Се наоѓа верзија со првата синхронизација, се помучил некој да ја убаци од VHS у DVD рипот, али заслужува филмов да се помучам малку и да ја побарам оригиналната верзија на кантонски јазик. 
