Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Не знаев каде да ја постирам веста, па ај тука.

Comedy Central пристигнува на балканот:
Viacom continues to take its networks to new international markets.
 
Its Viacom International Media Networks unit said Tuesday that it will launch Comedy Central Extra in Bosnia and Herzegovina, Croatia, Macedonia, Montenegro, Serbia and Slovenia. The network will launch on Wednesday in more than 1.5 million households via pay TV operator and Internet provider SBB–Telemach Group.

"The move demonstrates VIMN’s continued efforts to extending its comedy footprint as well as its commitment to providing audiences in the Adriatic region with a diverse, premium offering," the company said. 
 

Извор.

Сега останува кабелските оператори да ја стават во понудата, што според мене ќе потрае. Нормално.
 
А

Анноун

Гостин
Откако ги изгледав сите филмови што навистина имале квалитет за да добијат оскар за најдобар странски филм , да дадам мислење година по година , од 2006та до 2011та.

2006 -The Lives Of Others , After the Wedding , Pan's Labyrinth
Не станува воопшто збор тука дали германскиот филм заслужено го добил оскарот . Гледан од поодамна , но како вчера да беше . Филм длабоко влезен во меморијата , сигурно меѓу најдобрите странски филмови на сите времиња. Штета е само што филм како Pans Labyrinth се погодил со ваква конкуренција. Гиљермо Дел Торо направи прекрасен филм , во кој на прекрасен начин измеша повеќе стилови . Уште ми свири во глава една од омилените нумери од филм ,Pan's Labyrinth Lullaby . Го обожавам филмот !
Скоро гледан (од вчера) ми е After The Wedding. Дански филм , интересно , од режисерката од оскаровецот In A Better World . Овој филм ми се допадна повеќе . Кој не го гледал да го гледа . Стилот е сличен , но содржината некако повеќе ме погоди .

2007 - The Counterfeiters , 12
Едно е јасно , 2007ма била година на слаби странски дела . Немало нешто што ќе те воодушеви во поголеми размери , како The Lives Of Others , No Man's Land и сл . Австрискиот филм е за втората светска војна , 12 е руски филм во кој 12 поротници одлучуваат дали малолетник од Чеченија е виновен за убиството на својот татко . Филмот трае 2 часа и 30 минути , но јас не осетив кога летна времето , феноменални ликови , феноменални дијалози . И двата филма заслужуваат подеднакво да го земат оскарот , но мислам дека пресудно било тоа што режисерот на 12 , феноменалниот Никита Михалков ( кој и глуми во филмов) веќе имаше земено оскар , во 94та кога неправедно му го драпна на наш Милчо.

2008 - Departures , The Baader Meirhof Complex , The Class , Revanche , Waltz with Bashir

Не можев да се одлучам што да гледам , што не , па се изнервирав и ги изгледав сите . Морам да кажам прво дека The Class воопшто немаше тежина за да биде номиниран за оскар , француски филм во кој во една училница професорот се расправа со адолесценти од различни националности . Го изгледав , ок филнче , ама мислам дека и номинацијата е премногу.
Германскиот исто беше добар , базиран на вистинска приказна .
Revanche (Austria) ми направи мерак . Малце ликови , удара режисерот на емоциите и карактерите на ликовите .
Оваа година очигледно е дека битката се водела меѓу Departures и Waltz with Bashir.
Waltz with Bashir :cuc: Да знаев дека е од ваков тип ќе го гледав многу оддамна . Очекував да видам филм со многу запустени предели од блискиот исток , а филмот да ти бил анимиран. И тоа каква анимација . Ептен ми се допадна .
Тематика: Главниот актер пробува да се сети на работи кои му се случувале кога бил млад во војната . Оди од место на место и ги прашува своите другари од војната кои ги нема видено со години што всушност се случувало , барајќи го одговорот кој е избришан од неговата меморија.
Departures :cuc: - исто и за оваа година мислам дека правилно даден оскар . Па зар сте гледале филм со слична содржина ? Да не зборам и да не лупнам некој спојлер, но музиката и тоа како таа се користи во сцените:cuc: . На кратко за тие што не знаат , во филмот се збори за свирач во филхармонија , кој ќе биде отпуштен , по што останат без работа , на слепо ќе прифати да работи како помагач во чистење на тела на мртви лица пред погреб ( јапонска ствар , да не ви изгледа чудно) Работа која неговите најблиски не ја прифаќаат и ја сметаат за долна , но.. :)

2009 - A secret In Their Eyes , The White Ribbon , A Prophet
можеби и најјаката конкуренција за оскар во оваа категорија , после битката меѓу Ничија Земја и Амели .
Правилно даден оскар исто , филмот сите одамна го знаеме ремек дело .
The White Ribbon , црно-бел филм , германски , се одвива во мало мирно селце . Но наеднаш ќе се случат убиства , и прашањето е кој е убиецот? Одлична камера (y)
- Свежо гледан - A Prophet . Го немате гледано ? Па што чекате? Најдобар затворски филм (неамерикански) што сум го гледал засега . Млад арап го ставаат во затвор , нема никој на светот ,негово е да остане жив и да се справи со мафиите во затворот. Гледајте бе ! :)

2010 - In A Better World , Biutiful , Incendies
за оваа година веќе се изјаснив пред 2-3 недели . Мислам дека Incendies е филмот на годината тука .
Но , го добив одговорот и што било пресудно за данскиот филм да го добие оскарот ( доколку било тесно ) . Номинацијата од 2006та , кога останала со празни раце.

2011 -A Separation , Monsiеur Lazhar
Позаслужено амин , башка и со никаква конкуренција Иранциве. Одличен нискобуџетен филм , но со добро сценарио во џеб . малце се чувствував како да гледам турска серија на Сител :pos: , но шала на страна , филмот владее .
краток коментар и за најверојатно вториот најдобар филм за таа година , канадскиот Monsiеur Lazhar . Lazhar e професор - азилант од Алжир , кој има трагична историја која се открива во исто време , добивајќи работа во училиште каде наставничка ќе изврши самоубиство . Се откриваат строгите критериуми на однесување во школото , и вистините како на Лазар , така и на починатата улителка и децата . Убав филм за да се погледне .

Толку сега за сега. Сега книгата ја фаќам , иде сесија , па во септември ќе подфатам од 2000-2005та да видам што имам испуштено за гледање . :)
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
OPASNI.jpg :) Mоже ли да ми каже некој како се вика помладиот глумец сакам да побарам еден негов филм.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.064
Кога ќе ми речеше некој порано Sean Penn ми текнуваше одма на I am Sam, Milk.. незнам, Mystic River.
Сега првата мисла ми е Into the Wild. :X3:
 
Член од
18 септември 2009
Мислења
9
Поени од реакции
8
до Линч, Тарковски, Ное и Кјубрик денеска на листата на режисери кои ги поштувам го додадов и Џим Џармуш :cool:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
до Линч, Тарковски, Ное и Кјубрик денеска на листата на режисери кои ги поштувам го додадов и Џим Џармуш :cool:
Уште Кроненберг ти фали за да бидеш хипстер.:) Cause that's what hipsters do. :coffee:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.739
Поени од реакции
18.484
:D


Awkward little masterpiece :)



Indecent Proposal






пс: рејтингот на филмот на IMDB е 5.4, што е многу помалку од мојата оценка... според мене заслужува барем 7-8 :)

Претера малце, филмот е 6 и тоа tops, тоа што има сексуална конотација во сценариото и тематиката не го прави добар филм, ама знам точно на што мислиш, и зошто кај тебе имал позитивен ефек - несекојдневна скокотлива тематика која ретко се среќава, и знае да биде многу интересна кај "конзумерот" thats pretty much it.

Иначе од поглед на целосна реализација сценарио, камера, and what not е малце над просечен и тоа е све.

Оцената е ок за мене, таа оцена ги преставува солидните филмови. 5-та е средина прелазна оцена, 4 е веќе лоша оцена, ова го објаснувам за да ти доловам од кој аспект мислам дека оцените треба да се зимаат во предвид, голем дел од оценките на форумов токму ради тоа се нереални кога се работи за филмови преставени на IMDB, луѓето мислат дека све под 7-8 е слаба оцена.

Ако уствари се водиме според системот за бодување на IMDB, 7-8 е оценка за филмови далеку подобри од овој.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
The.Hunger.Games.2012.720p.BluRay.X264-BLOW [PublicHD]
Battleship (2012) 720p BrRip x264 - 850MB - YIFY
 

Kajgana Shop

На врв Bottom