Актер(к)и кои се препознатливи по улога (лик од филм)

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Луѓе пак ја утнувате темата.

Не е темата за најпознат или најдобар филм од одреден актер, туку ЛИКОТ, УЛОГАТА во филмот да асоцира на него, значи го гледаш како лик од некој филм и после каде и да го видиш, тој за тебе е ликот од тој филм или серија.
Е добро бе чупе па кога ќе ти текне на Хит Леџер не ти текнува на Џокерот? Не го идентификуваш со Џокерот, или ти можеби го идентификуваш со хомото од BrokeBack Mountain... Исто и со Мајкл Џ. Фокс (копиљот од филмот со колата што лета) па и со Џош Холовеј кога ќе го видам, викам еве го Соер од Лост.
Јбг можда на крајот сепак е субјективна темава
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

Леле со ова муабетов Хит Леџер и Џокерот ме отекоа сите. Мене кога ќе помислам на Хит Леџер прво ми текнува на 10 things I hate about you, Brokeback mountain, па тек потоа на Џокерот. Според мене медиумски беше пренапумпана улогата, иако секако дека тој одлично си ја заврши работата, но Џек Николсон секогаш ќе биде Џек Николсон и подобар Џокер од него нема, ама сепак јас не го гледам Џек Николсон како Џокерот, зашо Џек Николсон е ѕверка и легенда која не може да се асоцира со улога. Значи и кога гледаш некој филм со Хит Леџер, и кога се обидуваш да го објасниш на друг, викаш дека во филмот игра Хит Леџер, а не Џокер, затоа што Џокер е лик кој не може да се поврзе со одреден глумец, затоа што повеќе актери го играле.
Мајкл Џ. Фокс исто. Можеби најпознат по Враќање во иднината, но според мене Лудиот град го направи попопуларен, но сепак не го гледам како лик, туку го гледам како Мајкл Џ. Фокс, актерот.
Лост немам гледано, ама сепак е логично, кога еден актер игра во серија со повеќе сезони посебно, нормално дека кога ќе го видиш во друг филм или серија, одма на памет ти доаѓа ликот, викаш еј еве го Соер (твојот пример), а не еве го Џош Холовеј, а додека пак ако го гледаш 10 things I hate about you ќе речеш еј еве го Хит Леџер, нема да речеш еве го Џокерот. Може за тебе Џокерот му е најдобра, најпопуларна улога, ама стојам на тоа дека не се става равенство меѓу Џокер и Хит Леџер, затоа што Хит Леџер си го има(ше) името и репутацијата.
Не е толку субјективна темата, колку што повеќето субјективно си ја сфатија...
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Не е субјективно, Актери што се препознатливи по некоја улога, тоа што некој нема гледано филмови од некој добро познат актер не значи дека актерот е познат по тој филм.
И мене нешто у овој стил ми одговори, као демек само одредни филмови сум гледал од листата на актерите па затоа тие филмови сум ги ставил, мислам ако си барем малце активен во подфорумот филм ќе ти стане јасно дека тоа не е вистина, поготово сум фан на старите класици.

Значи како сакате гледајте на темава, не е изводливо истата да не биде субјективна, за да не биде, треба да се соберат едно 100 члена на иста возраст кои ги гледале истите/сите филмови на одреден актер и да гласаат.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Ama ne cini i muabetot Jack Nicholson e zverka, pa radi ime e podobar joker od Ledger.

Ledger imase svoevidna reputacija poradi 10 things, da, ama kaj targetirana publika.

Ledger e sega jokerot, a smrtta samo go zacementira toa.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ama ne cini i muabetot Jack Nicholson e zverka, pa radi ime e podobar joker od Ledger.

Ledger imase svoevidna reputacija poradi 10 things, da, ama kaj targetirana publika.

Ledger e sega jokerot, a smrtta samo go zacementira toa.
Не реков дека ради име/поради фактот дека е ѕверка, тотално си надвор од контекст и тоа што јас го реков. Џек Николсон е подобар Џокер, едноставно за мене подобро го има доловено и одглумено, муабетот дека е ѕверка беше во друг контекст, односно реков:

Но Џек Николсон секогаш ќе биде Џек Николсон и подобар Џокер од него нема, ама сепак јас не го гледам Џек Николсон како Џокерот, зашо Џек Николсон е ѕверка и легенда која не може да се асоцира со улога.
Со оваа реченица, сакам да кажам дека иако сметам дека Џек Николсон е најдобар Џокер, јас кога го гледам него, не го гледам Џокерот, туку го гледам Џек Николсон, актерот, кој е легенда и има еден куп прекрасни филмови и тој човек не може да се асоцира со лик. Значи муабетот ми беше дека и покрај тоа што за мене он беше најдобар Џокер, сепак кога гледам или објаснувам филмови со него, не велам: Еј Џокерот игра во филмот, туку игра Џек Николсон.

Муабетот со Џокерот ми беше дека како лик не може да се асоцира со глумец, може да се дебатира кој бил подобар, ама од друга страна аргументот ми беше дека и Хит Леџер и Џек Николсон кога ги гледаш не гледаш лик пред себе, туку го гледаш актерот.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Не реков дека ради име/поради фактот дека е ѕверка, тотално си надвор од контекст и тоа што јас го реков. Џек Николсон е подобар Џокер, едноставно за мене подобро го има доловено и одглумено, муабетот дека е ѕверка беше во друг контекст, односно реков:

Со оваа реченица, сакам да кажам дека иако сметам дека Џек Николсон е најдобар Џокер, јас кога го гледам него, не го гледам Џокерот, туку го гледам Џек Николсон, актерот, кој е легенда и има еден куп прекрасни филмови и тој човек не може да се асоцира со лик. Значи муабетот ми беше дека и покрај тоа што за мене он беше најдобар Џокер, сепак кога гледам или објаснувам филмови со него, не велам: Еј Џокерот игра во филмот, туку игра Џек Николсон.

Муабетот со Џокерот ми беше дека како лик не може да се асоцира со глумец, може да се дебатира кој бил подобар, ама од друга страна аргументот ми беше дека и Хит Леџер и Џек Николсон кога ги гледаш не гледаш лик пред себе, туку го гледаш актерот.
Ти има дупка логиката.
Оти 80 посто Хит го знаат како џокер.

Кога ќе видат филм со Хит велат еве го џокерот.
Кога ќе видат филм со Џек не велат еве го џокерот. (oва ја докажува твојата поента, но сепак грешка си во поентата на топикот)
Да беше олку добар Џек (како џокерот), ќе велеше еве го џокерот, немаше да велиш еве го.. Џек.

Аналогно, Хит остаил поголем впечаток, а пошо по некои правила на општеството, мнозинството е секогаш во право, therefore Хит е бољи од Џек, како џокер, специфично.

Инаку Џек секогаш ќе биде оној закопан во снегот, или тој што ѕирка од врата во Shining.
А мислам и дека имаше ваква тема, или во општи беше, а темата беше кој е боље бетмен, шознам.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Не можете да кажете дека Хит или Џек се препознатливи по Џокерот, затоа што позади себе имаат еден куп други улоги и не можете да ги ставите во оваа листа на актери што се препознатливи по одредена улога или One Hit Wonder Актери затоа што ги ставате во исти кош со актери како Брендон, Бренда, Дилан и Кели. Значи Хит или Џек се актери од А класа, овие се од Z класа.

Памела Андресон, девојката со купачите и цицките, иако има уште два филма, Барб Виер и порката
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Indiana Jones

Luke Skywalker

John McClean

Tony Montana (iako go mrazam filmot, onaka.. prostachki film nema da ima pogolem od ovoj, ever)

Harry Potter

Iron Man

Spiderman

Neo

The Big Lebowski

Wolverine

Terminator

King Leonidas

The Pianist

Priznaj si hater, koga gi chitashe "naslovite" facite aketirte ti izleguvaa pred ochi <3
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Не можете да кажете дека Хит или Џек се препознатливи по Џокерот, затоа што позади себе имаат еден куп други улоги и не можете да ги ставите во оваа листа на актери што се препознатливи по одредена улога или One Hit Wonder Актери затоа што ги ставате во исти кош со актери како Брендон, Бренда, Дилан и Кели. Значи Хит или Џек се актери од А класа, овие се од Z класа.

Памела Андресон, девојката со купачите и цицките, иако има уште два филма, Барб Виер и порката
Kolku nema vrska muabetot, demek samo one hit wonder akteri se prepoznatlivi po edna uloga?
Eve ti najprost primer od pogore, Scarface.

А што специфично има оставено Хит, кои се тие куп улоги да го ставиш до Џек? А класа.
Brokeback? Chick flick-от 10 things? Candy минува како квалитетна глума, а скоро никој не го има гледано.

Нејсе, немало а ниту нема да има подобар џокер. Отворете тема, ќе дискутираме.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Според мене медиумски беше пренапумпана улогата, иако секако дека тој одлично си ја заврши работата, но Џек Николсон секогаш ќе биде Џек Николсон и подобар Џокер од него нема
Оф топик, и за мене Џек е најдобриот Џокер! :D
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Не е ни Хит Леџер ни Џек Николсон - Џокерот!
Џокерот е карактер од стрип и повеќе актери го глумеле па некој што ги гледал 2та филма со овие 2 актери како Џокер, нема да ги поврзе со ликот. Исто така, неможе зашто Хит Леџер не е познат само во Dark Knight, зашто и пред тоа имаше филмови по кои беше популарен а исто така и Џек Николсон. Џек повеќе би го поврзал со Here comes Johny отколку Џокер али ај...
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Кога сме веќе кај џокерот Марк Хамил кој се прослави со Лук Скајвокер немаше добра кариера после Стар ворс ама затоа подобро се покажа како гласовен глумец кој од 1992 го 2011 го даде гласот на Џокерот во анимираните серии и видео игри.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не е ни Хит Леџер ни Џек Николсон - Џокерот!
Џокерот е карактер од стрип и повеќе актери го глумеле па некој што ги гледал 2та филма со овие 2 актери како Џокер, нема да ги поврзе со ликот. Исто така, неможе зашто Хит Леџер не е познат само во Dark Knight, зашто и пред тоа имаше филмови по кои беше популарен а исто така и Џек Николсон. Џек повеќе би го поврзал со Here comes Johny отколку Џокер али ај...
Па уствари тоа ми е поентата мене цело време...

Тотално различно се сфати темава од тоа што беше првично отворена, не можам веќе да се убедувам, 90 посто од постовите немаа врска со темата....
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Kolku nema vrska muabetot, demek samo one hit wonder akteri se prepoznatlivi po edna uloga?
Eve ti najprost primer od pogore, Scarface.

А што специфично има оставено Хит, кои се тие куп улоги да го ставиш до Џек? А класа.
Brokeback? Chick flick-от 10 things? Candy минува како квалитетна глума, а скоро никој не го има гледано.

Нејсе, немало а ниту нема да има подобар џокер. Отворете тема, ќе дискутираме.
Ал Пачино, не можеш да го идентификуваш по Scarface, еве ти доста добри филмови со Пачино, Dog Day Afternoon, The Godfather итн
Филмови со Џек, Easy Riders, China Town (2 дела има), The Shining итн.
Значи темата е за актери што се препозналиви по улога и што многу тешко после поминува било кој филм со нив, пред се заради тоа што не се потрудиле како во филмот по што се препознатливи.
Сум гледал доста интервјуа со познати актери и сите гледаат да не западнат во таква јамка да бидат препознатливо по само еден филм, бидејќи им ја уништува кариерата и многу тешко после се пробиваат кај публиката со нивниот вистински идентитет, а всушност тоа им носи нови ангажмани и нови филмови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom