Нивен начин на забава. Дошле на одмор може така уживаат. Нема лутиш, туристички град не значи само пари лапање, си носи со себе и неспаност, болки во главата, гужви во сообраќајот, скршен инвентар итн. И се да се погоди, вашиот менталитет ќе најде забелешка, тоа мора да си го признаете. Толку години живеев во Охрид, едноставно сте посебни, секогаш има нешто што не ви е погодено.
Јак начин на забава.Замисли така да имаш комшии студенти до тебе секојдневно со такви реакции.Не ми го сфаќаш муабетот или не сакаш, сеедно.На крај, јас и други ќе заспиеме од умор и веќе не сеќаваме музиката, тие пак ќе останат
дивјаци.
Зошто никој не рече дека и на Охриѓани им се непогодени цените на пијачките преку цела година истите како некој шо плачат за 10 дена во годината, исто и за паркингот и слични работи...
уживај, ние со нашиот филм другите со нивниот.Ако си живеела некој период некаде не е показател дека го познаваш местото.
Контрадикторен си самиот во скоро цел пост.
Како студент ти не живееш во туристички град туку си отишол да студираш.Таму воопшто не е оправдана галамата и гласната музика до сабале.
Кој ви е крив што секое сопче,шупа,стан,гаража ја издавате за пари колку да напикате што повеќе души нели за поголем профит.И зашто во секоја зграда кај што живеат луѓе се издаваат повеќето од пола станови?
Зашто издавате соби на деца кога знаете дека ке лумпуваат?нели има избор пун бил охридон,правете селекција бе!
Мене ко средношколец кога бев,ме сместија во кујна од што немаше каде,па секое сабајле у 7 саат си праеше манџи стопанката а ја спијам на креветчето до фрижидерот. Ама дете,што ке праиш,пусто друштво.
Викаш лежалките не се 200ден освен ако не си малоумен а? тогаш изглеа сите се малоумни што плаќаат 200 за лежалка според тебе и ориѓани? а пешкир едино у вода можеш да ставиш зашто секое делче од “плажата“ е наредено со лежалки,еден па уште горд,да се пофали дека и на мостовите имало лежалки од што било пуно. Браво,за аплауз сте.А ако начекаш маса,зимаш пијачка,уште не си ја допил доаѓа келнерката и ти ја зима чашата или што и да пиеш,за 5 минути се враќа и вика повелете уште нешто? Демек мора да пиеш нонстоп едно по друго за да не држиш маса така. Абе уникатни сте за многу работи ама за жал не за добри.
Абеее?Не е оправдана?
Ако сум заминал да студирам да земам да се закалуѓерам истовремено тие 4 години?!Значи за студенти забранета е забава?И прати според студентскиот стандард тие студенти можат максимум 3 пати неделно да кренат галами
во рамки на дозволеното.И покрај помалиот стандард пак ќе излезат после 00:30 низ град, а нема да глумат дивјаци.
Да ти повторам пак, станот е од газда од друг град издаден на дечки од друг град без пријавување.И ете зошто го имаш во дел згради секој втор стан за издавање.Во мојот влез над 50% на пример се луѓе од страна.Идат нивни роднини, познаници, на дел сограѓани им се изда
дени итн.
За возраста, пак ќе ти повторам за да не се цитирам сам, не беа ни основци ни средношколци туку студенти!Наводно високообразовани граѓани.Слични такви пишат фејсбуци, по телефони за да спијат двајца или тројца на кревет и да плателе поефтино да им најдам...колку да имале простор за спиење навечер...па не одете бре, нели имаше поефтино?!
Па сите шо платиле воопшто 200 денари за лежалка не се нормални според мене, а искрено над 150 денари немам сретнато.И за 150 денари е ненормално.Али ако сакаш лежалка, таа е цената не сум ја измислил јас.Морат да се платат плажите на Влада на РМ за да пораснат јајцата на Букефал, а истовремено накај Пештани секојдневно сообраќајки поради добриот пат.А и за вработените келнер(к)и и шанкер(к)и од Скопје, Прилеп, Кичево, Кочани и др. места потребни се дневници...
За таквото земање чаша секунда после допивање на пијачка ми се случувало сегде, па немам отворено 83 теми за истото.
Ја разбирам твојата фрустрација, ама тука не се криви само туристите дел од кривицата е и на Охриѓани што сакаат да им ги земаат парите а не сакаат да имаат туристи. Иначе ти си што се вика како магарето меѓу коњите (без навреда) од една страна ти сметаат туристите а од друга страна газдите се тие што ги донеле on the first place. Друга работа мислам дека некој ланец на хотели (дали Хилтон не знам стварно) сакаа да направат хотел во Охрид, што се деси? Цената на метар квадратен на местото станала вртоглаво висока и се откажале, што значи дека Охриѓани не сакаат работни места туку сакаат сите пари да ги соберат. Трета работа Охрид е туристичко место и Охриѓани треба да се помират со тој факт и да престанат да посакуваат мирна сезона со немирни туристи, има многу места во светов каде што локалното население живее на одредена оддалеченост од туристичките атракции if you will
Намерно глумите или шо е работава?Стави се во позиција да одиш негде било каде, дали Суботица, ЊуЈорк или Ташкент сеедно...дали би седел цел ден затворен в стан или би шетал?
И дел од Законот за јавен ред и мир
-------------------------------------------------------
Член 4
Кој на јавно место со карање, викање или непристојно и дрско однесување го нарушува ЈРМ ќе му се изрече глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
Член 5
Кој на јавно место со фрлање и кршење чаши, шишиња и други предмети ги вознемирува граѓаните и нивната безбедност ќе му се изрече глоба во вредност од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
Член 7
Кој со малтретирање на друг во стан ги вознемирува соседите со што ќе предизвика интервенција на полицијата, ќе му се изрече глоба во вредност од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
Член 8
Кој го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и др. технички уреди како и механички апарати во периодот од 15:00 до 18:00 часот и по 23:00 часот до 06:00 часот наутро полицијата ќе го спречи и ќе му се изрече глоба во вредност од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
За прекршокот од ставот 1 од овој член на правно лице му се изрекува глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност, а на одговорното лице глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
За прекршокот од ставот 1 од овој член на трговец поединец кој врши угостителска дејност ќе му се изрече глоба во изос од 500 до 800 евра во денарска противвредност.