Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
потполно небитно, вистина, во Охрид има најголем број на цркви, но и во Прилеп има ТОЧНО 99 цркви, бујрум, да видиме во која се наплаќа влез.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
потполно небитно, вистина, во Охрид има најголем број на цркви, но и во Прилеп има ТОЧНО 99 цркви, бујрум, да видиме во која се наплаќа влез.
Се наплаќа само во св . софија за таму знам
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Лани одиме со друштвото на онаа плажата што е после Канео да одмориме малку од гужви и пазете што се случува во еден ден.

Седат двајца старци, 60-тина години, и едниот одма почна да јаде трици како оваа плажа била само за охриѓани, како они немале каде да се бањаат. Другиот попаметен доаѓа и не прашува од каде сме. Си викаме од Скопје, и он, се смее на глас и вика, абе вие да не сте од она ретардираното школо во Скопје што е? WTF?

Истиот ден малку покасно на истата плажа доаѓаат една баба со дете од 5 години, и детево фрли две камчиња во вода и пак еден дедо почна да му се дере на детето(замисли од 5 години) како они носеле камења а сега некој ке ги фрла. 5 миниту се дере како нездрав ми одеше да го задавам таму.

За сместувањето што да напишам. На едни странци што си одеа пред нас газдарицата баш мене ми рече да им кажам да си одат сабајле во 7 часот оти требало да и дојдат други гости рано. И замисли никој не дојде цел ден. Нормално и нас ни рече исто во 7h да излеземе од собата.


Оваа година прв пат бев во Грција, и искрено никој не ми рече ништо кога ке кажев дека сум од Македонија, ама кога си во Охрид ќе ти го отупат скопјаништа па скопјаништа. Затоа од сега само на два три дена одам во Охрид онака со друштво, пред се зошто превозот со кола ми излегува по 300 денари по човек. За одмор од 10 дена во Охрид и било каде на море каде што не сум бил разликата не би била повеќе од 100 евра.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
да не правиме муабет за паркингот, како да немате видено денар во животот, 50 денари саат, 50 ДЕНАРИ СААТ!!! значи, еднодневна посета на Охрид, ојде една дневница на паркинг:facepalm: ненормална работа:facepalm:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
http://www.mkd.mk/45919/crna-hronika/zestoka-tepacka-megu-ohrigjani-i-skopjani-dvajca-povredeni/

Жестока тепачка меѓу скопјани и охриѓани, во која биле користени и ножеви, се случила рано утрово во Охрид.


Во тепачката учествувале Д.Б. (1984) и А.С. (1983) од Охрид од една страна и М.С. (1994), Н.Г. (1994) и А.С. (1993), сите од Скопје од друга страна.

Со тешки телесни повреди добиле скопјаните М.С. и Н.Г. Првиот со нож бил повреден во пределот на лицето и вратот, а Н.Г. бил прободен во пределот на левата дланка. Сите учесници во тепачката се приведени во охридската полиција.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
50 денари саат??Јас 500 би направил па да видиме дали оние фраери што сакаат да ја паркираат колата пред кафичот во кој пијат кафе ќе им се исплати.
Околу плаќањето во црквите мене исто ми беше чудно што се наплаќа,ама ми кажаа дека тие цркви се споменици заштитени со закон и се регистрирани како музеи.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Никој не те навредува во Грција, затоа што лажете дека сте од Србија или некоја друга држава, а никогаш не кажувате дека сте од Македонија, затоа што ви мрзне гомно на самата помисла да кажете дека сте од Македонија.И, немој да ми тврдиш дека не е така.
Tи си бил во Грција или се понашаш као циганчињата шо викаат дека тоа бурекот бил добра работа а никад не пробале :tapp:
Многу ме иритира фактот шо на македончето лесно му се пере мозок од платени новинари кои упорно јадат гомна како на грчка граница лепеле налепници дека сте од FYROM, колку нам грците ни се непријатели и ќе не убијат ако кажеме дека сме од Македонија.
Отидете во Грција и пишете на форумов како ве третирале.
Повеќе пати сум била во Грција, зборев МАКЕДОНСКИ ми враќаа на МАКЕДОНСКИ, немав проблем да кажам дека сум од МАКЕДОНИЈА дури и се радуваа дека сум од МАКЕДОНИЈА. Никаков проблем немав на граница, имаше пред мене колона со македонски државјани кои имаа од новите таблички и никому не му залепија налепница дека е од FYROM.

Ај, не треси глупости цело време.Има разлика од место до место во Грција.Имаш изгор места во Грција .Не се сите Парајлија каде што летуваат шизофренични старци од 85 години.Иди на Родос, Миконос, Кипар и ред други места, па види колку е евтино таму.
Ууууу ова перењево мозок е на скапа струја изглеа. Секаде во Грција се наоѓа солиден смештај од 10 евра па нагоре. Така да не трипај ;)

Охрид е град заштитен од Унеско, Охридското езеро е заштитено од Унеско како светско природно благо, Охрид е град на словенската писменост, Охрид е град на православието, културата и уметноста.Во Охрид го имаш фестивалот Охридско лето со светски реномирани класични, џез, рок музичари, имаш еден куп концерти од рок до турбофолк звезди и ти очекуваш дека некој таму ќе ти изнајми кревет за 150 денари?
Дали тоа шо е град заштитен од Унеско им дава право на Охриѓани да ни вреѓаат интелигенција со енормно високи цени?

Малку повеќе претерувате друже.Што ти нуди тебе Грција, па таму фрлате еден куп пари?Забава со мртви пијани Англичани и надркани Срби?
Тие надркани срби да не беа, охриѓани ќе умреа за парче леб. Така да бирај зборови, затоа што ги навредуваш потенцијалните туристи.

Во Скопје колку го плаќаш пивото, па цел ден се полни кафаните и кафичите.Таму не кукате, ама во Охрид ви сметало што пивото е 100 денари.На Охрид не му се рамни ни 70% од местата за летување во Грција, но тие имаат море(многу познат тој сељачки муабет за дегенерици).
Абе ти од солена вода си пробал изглеа само мочка и нишо друго.
Како може цената на несредени плажи во Охрид, цената на катастрофа смештај да се споредува со цени на море кои ни приближно не се исти со овие заштитени од Унеско :tapp:
За охриѓанец смештај е кревет од четрстурско, заедничко ВЦ и кујна, а ако бараш студио во Охрид ќе ти каже дека кујната е само за кафе/чај зш он не планирал догодина пак да молерисува, а клима е поим у Охрид зш температурите биле подносливи :eek: Е тоа во Грција го нема. Таму гледаат и знаат како да ти ги земат парите. Имаш смештај каде што креветите се солидни, комплет опремена кујна, сопствено ВЦ, клима, ТВ, сопствена тераса без некој да ти дише у врат и да чека ти да се најадеш за да седне он да јаде. Плажите се средуваат секој ден, канти имаш на секој чекор, услугата по кафичи и на плажа е на завидно ниво, за љубезноста да не праиме муабет. Немаш охридска фаца која те посматра као банкнота и едвај чека да фатиш лежалка и да дојде да ти наплати 300 денари у старт за несредена плажа со карпи и камења, никаква услуга, ѓубре на сите страни и без ниедна пијачка. Значи ти на гладно срце на охриѓанец му даваш 300 денари, за што? За лежалка. У грција треба да испиеш нешо за 6 евра во текот на целиот ден и добиваш две лежалки, чадор, средена плажа, конобар кој ти вика дека пијачките можеш да ги нарачаш кога сакаш и да му држиш две лежалки без проблем и без некој да ти се качуе на ушка пошо му е кратка плажата. Не. Таму знаат како се поставуваат лежалки. Знаат дека некој дошол на одмор, а не да се замара со глуп народ кој појма нема од туризам.
Во Грција плаќаш за одмор и се одмараш во чистотата по улици, љубезноста по кафичи, ресторани и маркети. Таму не ги мрзи да се насмеат и да ти напраат два реда муабет. Затоа што знаат дека нивната љубезност е долгорочна. Затоа шо нема да им падне чинот ако секое сабајле газдата на смештај те пречека со насмевка, чист двор и ти рече добро утро. Бидејќи и догодина твојот избор ќе биде Грција.
Во секој смештај на секоја соба имаат истакнато дозвола за работа на тој комплекс. Имаш телефонски број за да се пожалиш од услугата ако си незадоволен.

Македонците одат во Грција и Црна Гора на одмор не заради тоа што таму има море, туку затоа што таму Македонките можат да се растураат од ебење и никој да не ги гледа, а после ќе се врати и ќе зборува колку Англичаните биле дивјаци и тие кутрите биле многу уплашени од нив.
:pos:грев

Во Грција немаш ризик доколку кршиш јазик на англиски и лажеш дека си од Србија, а инаку на еден куп што ги познавам Грци им вртеле грб во продавница и не сакале да ги услужа кога им кажувале дека се од Македонија.
Со многу погрешни информации располагаш.

Тоа што има се помалку Македонци во Охрид е доволен доказ дека во Македонија стандардот се крева и сите имаат кеш да одат надвор на одмор.Еден куп ги има што тераат и два одмора, еден со родителита, а друг сами.Во туристичките агенции аражамните за Турција, Хрватска, Шпанија се исполнети до даска, а таму испод 700 евра неможеш ни да стапнеш, па после сите ќе ти кажуваат како народот нема леб да јаде, а владата само споменици правела.
Тоа шо не идат на одмор во Охрид каде ќе потрошат 3 пати поише пари отколку на море, значи дека стандардот во Македонија се крева и и дава за право на владата да праи споменици кај ќе и текне?
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..
Дали тоа шо е град заштитен од Унеско им дава право на Охриѓани да ни вреѓаат интелигенција со енормно високи цени?
..
се, ама баш се е речено во овој пост, чиста петка:) само, не им иди бе паметот на Ориџани:)
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Добро бе не ни иди не ни иди и вие сите што се жалите ке дојте пак во охрид .. ако не ви чини ке дојте не се секирајте ! ми ја пукнавте главата од тоа се плаќало ова се плаќало она .. па требит да му речиме на петрески за другите градој од македонија туристите што идат да им се наплаќат и капењето во езеро така да ке доагаат само странци .. убаво кажа еден член погоре и 500 ден паркинг за тие што сакаат да си ја гледаат колата дур пијат кафе , овде скап ви бил паркингот возете се со такси бе поефтино е од него скопје . друго скопјаниве се жалат скапо им било јадењето и пиењето а таму плаќаат едно кафе 100 денари со поглед на загадениот вардар а овде плаќаат 60 денари кафе да седат 3 сати и да гледаат на езерото . Друго се плаќало во црквите ... се плаќа во св .софија која е како музеј и скопје во музеите се плаќа и во сите градови и тие пари не одат во џебот на поединци одат за црквата ! доста го тупите веќе .
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Tи си бил во Грција или се понашаш као циганчињата шо викаат дека тоа бурекот бил добра работа а никад не пробале :tapp:
Многу ме иритира фактот шо на македончето лесно му се пере мозок од платени новинари кои упорно јадат гомна како на грчка граница лепеле налепници дека сте од FYROM, колку нам грците ни се непријатели и ќе не убијат ако кажеме дека сме од Македонија.
Отидете во Грција и пишете на форумов како ве третирале.
Повеќе пати сум била во Грција, зборев МАКЕДОНСКИ ми враќаа на МАКЕДОНСКИ, немав проблем да кажам дека сум од МАКЕДОНИЈА дури и се радуваа дека сум од МАКЕДОНИЈА. Никаков проблем немав на граница, имаше пред мене колона со македонски државјани кои имаа од новите таблички и никому не му залепија налепница дека е од FYROM.


Ууууу ова перењево мозок е на скапа струја изглеа. Секаде во Грција се наоѓа солиден смештај од 10 евра па нагоре. Така да не трипај ;)


Дали тоа шо е град заштитен од Унеско им дава право на Охриѓани да ни вреѓаат интелигенција со енормно високи цени?


Тие надркани срби да не беа, охриѓани ќе умреа за парче леб. Така да бирај зборови, затоа што ги навредуваш потенцијалните туристи.


Абе ти од солена вода си пробал изглеа само мочка и нишо друго.
Како може цената на несредени плажи во Охрид, цената на катастрофа смештај да се споредува со цени на море кои ни приближно не се исти со овие заштитени од Унеско :tapp:
За охриѓанец смештај е кревет од четрстурско, заедничко ВЦ и кујна, а ако бараш студио во Охрид ќе ти каже дека кујната е само за кафе/чај зш он не планирал догодина пак да молерисува, а клима е поим у Охрид зш температурите биле подносливи :eek: Е тоа во Грција го нема. Таму гледаат и знаат како да ти ги земат парите. Имаш смештај каде што креветите се солидни, комплет опремена кујна, сопствено ВЦ, клима, ТВ, сопствена тераса без некој да ти дише у врат и да чека ти да се најадеш за да седне он да јаде. Плажите се средуваат секој ден, канти имаш на секој чекор, услугата по кафичи и на плажа е на завидно ниво, за љубезноста да не праиме муабет. Немаш охридска фаца која те посматра као банкнота и едвај чека да фатиш лежалка и да дојде да ти наплати 300 денари у старт за несредена плажа со карпи и камења, никаква услуга, ѓубре на сите страни и без ниедна пијачка. Значи ти на гладно срце на охриѓанец му даваш 300 денари, за што? За лежалка. У грција треба да испиеш нешо за 6 евра во текот на целиот ден и добиваш две лежалки, чадор, средена плажа, конобар кој ти вика дека пијачките можеш да ги нарачаш кога сакаш и да му држиш две лежалки без проблем и без некој да ти се качуе на ушка пошо му е кратка плажата. Не. Таму знаат како се поставуваат лежалки. Знаат дека некој дошол на одмор, а не да се замара со глуп народ кој појма нема од туризам.
Во Грција плаќаш за одмор и се одмараш во чистотата по улици, љубезноста по кафичи, ресторани и маркети. Таму не ги мрзи да се насмеат и да ти напраат два реда муабет. Затоа што знаат дека нивната љубезност е долгорочна. Затоа шо нема да им падне чинот ако секое сабајле газдата на смештај те пречека со насмевка, чист двор и ти рече добро утро. Бидејќи и догодина твојот избор ќе биде Грција.
Во секој смештај на секоја соба имаат истакнато дозвола за работа на тој комплекс. Имаш телефонски број за да се пожалиш од услугата ако си незадоволен.


:pos:грев


Со многу погрешни информации располагаш.



Тоа шо не идат на одмор во Охрид каде ќе потрошат 3 пати поише пари отколку на море, значи дека стандардот во Македонија се крева и и дава за право на владата да праи споменици кај ќе и текне?
Тоа што Грците за две пијачки ве убија од ебење не мора да доаѓаш тука и да ме убедуваш колку тие се пријателски настроени спрема нас;)
Во Грција нема образование на македонски јазик, на Македонци не е дозволено јавно зборување на македонски јазик, нема македонски школи, факултети, и ред други работи.Срби исто така одат на одмор во Хрватска , па значи ли дека Хрватите ги обожаваат Србите?Само им продаваат лицемерие и им ги собираат парите исто како што прават Грците на Македонците.
Тебе ниеден охриѓанец неможе да ти навредува интелегенција, затоа што пред се ја немаш.Многу едноставно.
Македонците во Грција оставаат приближно 120 милиони евра за една сезона.Со тие пари во Охрид ќе се изградат еден куп хотели, вили, апартмани, хотели, кафичи, а наместо таму со тие пари истите се градат во Грција.

Грција не е само едно место.Имаш од ултра мизерни услови до ултра скапи услови.Грција е многу евтина со храна понесена од Македонија , со личен прибор понесен од Македонија, со цепидлачење и одење по 8 км само да се стигне до поевтин маркет, одење на одмор пред почеток и крај на сезона кога цените се 3 пати поевтини.

Црногорците и Хрватите на раце да не те носат кога им одиш на одмор таму?Кур ги боли за тебе.Исти си му како и секој претходен.И, немој да лажеш.Познавам еден куп луѓе што се разочарани од газдите во Грција.Услуга добиваш подобра во Грција, затоа што таму 90% од услугата се вработени СТРАНЦИ, А НЕ ГРЦИ драга госпоѓо;).Сезонски работници.
На Закинтос и Крф по плажи, дискотеки, кафичи, ресторани претежно работат Англичани, Срби и други.На многу локали таму се газди странци, а не Грци.

Да, има кеш во Македонија.Сите ангажмани се преблокирани и тоа на многу скапи места.Во Хрватска, Турција, Египет неможеш без 1 000 евра да отидеш сам, а ги има такви и што по 2 500 евра трошат на одмор со цели семејства.Се возат ултра скапи автомобили, станови летаат како алва.
Такви цепидлаки како тебе познавам еден куп што цел живот гладуваат, а секое лето тераат по два одмори во странство, имаат интернет, компјутер, купуваат облека, држат диети(од изгладнетост имаат вишок килограми), возат поскапи автомобили, но сепак гладуваат и споменици им сметаат.

Ако не ти се оди во Охрид едноставно не оди и твој проблем.Иди си во Грција и бркај си работа таму, а не да доаѓаш овде и да замараш .Никој не ти ставил пиштол да одиш во Охрид.Незнам што доаѓаш на оваа тема кога не одиш на одмор во Охрид.

И, те молам не ми реплицирај на постови да трошам време на глупости .Најди си други жртви и со нив раскажувај си бајки.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Тоа што Грците за две пијачки ве убија од ебење не мора да доаѓаш тука и да ме убедуваш колку тие се пријателски настроени спрема нас;)
Тебе грујо те ебе секој ден, па сеуште му го дудлаш по форуми.

Во Грција нема образование на македонски јазик, на Македонци не е дозволено јавно зборување на македонски јазик, нема македонски школи, факултети, и ред други работи.Срби исто така одат на одмор во Хрватска , па значи ли дека Хрватите ги обожаваат Србите?Само им продаваат лицемерие и им ги собираат парите исто како што прават Грците на Македонците.
Исто како шо охриѓани не ги поднесуваат скопјаните ама им продаваат лицемерие за да им ги соберат парите.

Тебе ниеден охриѓанец неможе да ти навредува интелегенција, затоа што пред се ја немаш.Многу едноставно.
Кога можам да разберам дека некој ме ебе у здрав мозок со високи цени за никаква услуга, изглеа ја неам проблем со интелигенција.

Македонците во Грција оставаат приближно 120 милиони евра за една сезона.Со тие пари во Охрид ќе се изградат еден куп хотели, вили, апартмани, хотели, кафичи, а наместо таму со тие пари истите се градат во Грција.
Да не се отвараа грчки фирми во Македонија стапката на невработеност ќе беше уште повисока. Затоа користи го мозокот пред да пишеш некој пост.

Грција не е само едно место.Имаш од ултра мизерни услови до ултра скапи услови.Грција е многу евтина со храна понесена од Македонија , со личен прибор понесен од Македонија, со цепидлачење и одење по 8 км само да се стигне до поевтин маркет, одење на одмор пред почеток и крај на сезона кога цените се 3 пати поевтини.
И охрид не е само еден дел, само разликата е во тоа шо се лакоми. Гледаат прво да се нафатираат без никаков влог.

Црногорците и Хрватите на раце да не те носат кога им одиш на одмор таму?Кур ги боли за тебе.Исти си му како и секој претходен.
А Охриѓани на к*р да не те носат па толку да ги фалиш?

И, немој да лажеш.Познавам еден куп луѓе што се разочарани од газдите во Грција.Услуга добиваш подобра во Грција, затоа што таму 90% од услугата се вработени СТРАНЦИ, А НЕ ГРЦИ драга госпоѓо;).Сезонски работници.
На Закинтос и Крф по плажи, дискотеки, кафичи, ресторани претежно работат Англичани, Срби и други.На многу локали таму се газди странци, а не Грци.
Има и сезонски работници и Грци. Јас од ниедни не видов проблем.

Ако не ти се оди во Охрид едноставно не оди и твој проблем.Иди си во Грција и бркај си работа таму, а не да доаѓаш овде и да замараш .Никој не ти ставил пиштол да одиш во Охрид.Незнам што доаѓаш на оваа тема кога не одиш на одмор во Охрид.

И, те молам не ми реплицирај на постови да трошам време на глупости .Најди си други жртви и со нив раскажувај си бајки.
Трошиш време на вистина која боли. Дали јас ќе дојдам да пишам пост во кој сум се уверила или ти ќе дојдеш да трипаш не може никој да забрани, пошо форумот е за дискусии а не за кибритлии и локалпатриоти кои знаат колку е лошо во Грција а никогаш не биле.

Пошо имаш слаба меморија, да те потсетам

Капење во гомна кај Елешец
Ни "Проаква" ни јавното претпријатие "Нискоградба" кое собира посебен надомест за одржување на канализацијата за отпадни и атмосферски води во Охрид, не преземаат одговорност туку само објаснија дека колекторската мрежа од преоптовареност на некои места пропушта фекалии
На туристите што викендов се одмораа на плажите на потегот од Елешец до Лагадин им преседна одморот. Во саботата, околу 14 часот, во водите на Езерото наеднаш се појавија кафеави дамки и ситно ѓубре кои се движеа во правец на хотелите "Метропол" и "Белви". Капачите изненадени бегаа од водата со гнасење. Во близина на платформата на една од плажите, меѓу распаднатиот измет можеа да се видат и неколку искористени кондоми.
"Одвратно. Во водата буквално пливаа распаднати гомна", раскажува згрозена скопјанка, која додава дека не е првпат да е сведок на излеани фекалии во Езерото, иако крајбрежјето сe до Елешец е приклучено на колекторот.
Луѓето што ги одржуваат плажите велат дека тоа редовно се случува кога прелеваат шахтите на колекторскиот систем. "Виновници се сопсмалите хотелчиња и станбените згради што се изградија на овј потег последниве години, кои испустот од нивните септички јами го врзале со атмосферската канализација. Така атмосферската вода се меша со фекалната канализација, и кога има многу гости колекторот на овој дел од брегот да нема толкав капацитет, и фекалиите пробиваат", објаснува еден од нив.
Кафеавите дамки и ситното ѓубре се појавија и вчера во исто време и пак ги избркаа капачите. Ни "Проаква" ни јавното претпријатие "Нискоградба" кое собира посебен надомест за одржување на канализацијата за отпадни и атмосферски води во Охрид, не сакаа да преземат одговорност за овие инциденти кои секое лето се повторуваат на крајбрежјето. Оттаму само објаснија дека мрежата е преоптоварена и дека затоа на некои места избиваат фекалии.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=66B07BA5E2578B41A366DC6A44DCB2E0&arc=1
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
УПМ денеска во Вегера, таа скопската фирма со скопски работнички 40 денари пециво шо е по 20-25 во Жито Леб, Феникс и сл.Барем да беше повкусно.Скапо, скапо...Канео келнеркине Скопјанки понашање во минус, Кадмо на плажана исто, Кадмо во барон од Источна и Прилеп, Александрија и Антико Кичевчани и Прилечани....останавНе без работа :pos:


Дали тоа шо е град заштитен од Унеско им дава право на Охриѓани да ни вреѓаат интелигенција со енормно високи цени?


Тие надркани срби да не беа, охриѓани ќе умреа за парче леб. Така да бирај зборови, затоа што ги навредуваш потенцијалните туристи.
А тие шо запнале 30 денари да е кафе во Охрид, а кај нив е 70 минимуН?!Тие не се иста интелект категорија?
Ние значи сме ненормални со истите цени преку цела година шо се снаоѓаме, а некој му било мака за 10-12 дена...па нека не идат.Ама вистински да не идат не само декларативно пред секое лето, ќе ни напрат услуга и на нас просечните Охриѓани, па ќе ја намалат цената ‘угостителите‘ по кафетерии и ресторани.А вака не идеме, не идеме... и на крај пак не мојш маса да фатиш по плажине...

А за надрканите срби...можда мислеше на случаи како загинатиот во Куба Либре.Од друга страна, 4-5 души познавам вработени за Фибула за занимација на Холанѓани/Белгијци/Финци од Мај месец до Октомври со договор...
За ова дека ќе сме умреле за парче леб ако не биле србите, еве јас не сум вработен во сектор туризам, па искрено не се жалам со моменталната ситуација.Познавам уште еден куп други.Погрешна ви е таа перцепција дека секој Охриѓанец е роден со табака сврзана за раката.Постојат и нетуристички фирми кај нас.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
не треба веднаш со излитените муабет "ако не ви чинит, не идајте" , па да, не идајме ние и да не тераш со пушка, само толку ви сечит акалот дека ова вие треба да ги разберете како најдобронамерни критики за да би се поправиле, е не да се дурите овде и да ги напаѓате оние кои ве критикуваат, седнете и погледнете и на вистината во очи, отворете ги картите и поправете ги работите.јас од се срце би сакал да не одам црна гора туку во мојот Охрид, ама како се движат работите, нема тоа да биде во догледно време.или пак што би рекол еден тип овде, ќе дојдам за викенд, ќе си носам и скара и домати пиперки сокче пивце, ќе ви се помочам во езероно и ќе си се вратам назад, ниту еден ебан денар нема да ви оставам во Орида:)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
УПМ денеска во Вегера, таа скопската фирма со скопски работнички 40 денари пециво шо е по 20-25 во Жито Леб, Феникс и сл.Барем да беше повкусно.Скапо, скапо...Канео келнеркине Скопјанки понашање во минус, Кадмо на плажана исто, Кадмо во барон од Источна и Прилеп, Александрија и Антико Кичевчани и Прилечани....останавНе без работа :pos:




А тие шо запнале 30 денари да е кафе во Охрид, а кај нив е 70 минимуН?!Тие не се иста категорија?
Ние значи сме ненормални со истите цени преку цела година шо се снаоѓаме, а некој му било мака за 10-12 дена...па нека не идат.Ама вистински да не идат, ќе ни напрат услуга и на нас просечните Охриѓани, па ќе ја намалат цената ‘угостителите‘ по кафетерии и ресторани.

А за надрканите срби...можда мислеше дечкото на случаи како загинатиот во Куба Либре.Еве јас не сум вработен во сектор туризам, па искрено не се жалам со моменталната ситуација.Познавам уште еден куп други.Погрешна ви е таа перцепција дека секој Охриѓанец е роден со табака сврзана за раката.Постојат и нетуристички фирми кај нас.
Да е само кафето, ајде де. Зборам за целокупната ситуација во Охрид објаснета на шеста страна на темава.
http://forum.kajgana.com/threads/Охрид-ги-губи-туристите-од-кои-преживува.61371/page-6#post-5089222
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Да е само кафето, ајде де. Зборам за целокупната ситуација во Охрид објаснета на шеста страна на темава.
http://forum.kajgana.com/threads/Охрид-ги-губи-туристите-од-кои-преживува.61371/page-6#post-5089222
Ај да пробам да ти одговорам, ама без напинање и без нервози да се разбираме :)

Охрид ги губи туристите затоа што:
1. Немат љубезност а имат голема лакомштина.
Договараш смештај од Скопје, по цена како да си на море, ама коа веќе го јадеш - го јадеш цел нели ;) Прашуваш културно што има и ти објаснува дека се имат. Одиш у Охрид и те пречекува газдата охриѓанец и ти вика: Решо имат, да си свариш супа, а ако ти е за готвење нешо појќе моеш да се симнеш до сендвичара да си купиш, зш ќе мирисат цел стан :eek: Одиш у wc и глеаш од туш кабината тече вода, светлото не работи треба да си го напраиш сам или да се бањаш на свеќа и на крај ја забележуеш четката за вц школка со цели три влакна на неа.

А може да се купи и посебно без делот за држење и чини цели 30 денари.
Па мајку му стара, коа веќе некој ти го изнајмува станот по цена за на море, треба да го пречекаш во вакви услови? Ако веќе си решил да заработуваш од туризам, остај го чоек да се одмори. Сите тие горе набројани недостатоци сијалица или поправка на фасонка, решавање на проблем со туш кабина и вц четка нема да го чинат поише од 300 денари :tapp: А за готвењето уопште не треба да отвара уста.
2.Катастрофа плажи.
Од лакомост и желба за поголема заработувачка, лежалки се ставаат на несоодветно растојание и место. На 5 метра плажа имаш 3 реда лежалки. Значи ко ќе легнеш треба да мислиш дали тој позади тебе ќе ти ги стаи нозете на ушка:tapp: Чадори наставани од сите фирми: пепси, кока кола, златен даб....Па добро бре, до толку ли не можат да се организираат па барем сите чадори да им се иста боја или од иста фирма?
За што им се издаваат плажите под концесија? За само да го полнат џебот? Каде се канти за отпадоци на плажа? Нема ли некој да води сметка колку се стварно средени плажите и според тоа да им даде/одземе концесија. Што подразбираат концесионерите под поим плажа? Па чоек не може да влезе у вода од тоа карпите и огромните камења. 20 години секој ден по еден огромен камен од водата да вадеа, сеа ќе беше милина за бањање, а не да се мислиш дали ќе излезеш со сите прсти на нозете. 20 години по 2 вреќи песок месечно да носеа на плажа, ќе беше Охрид како Сен Тропе.
Ама уствари ко ќе размислам не е до песокот/камењата. Проблемот е во луѓето кои гледаат само да е полн џебот. Шо дека св.Наум е песочна плажата има врвулица од туристи, а нема кој да ја среди.
Најбољи момент е ко ќе видиш како се злоупотребуваат понтонските пристаништа. Концесионерите си стаиле и таму лежалки :icon_lol:Зар да бидат у загуба за 150 денари од лежалка? И најјако е ко ќе дојде самец на плажа или тројца на плажа. Не може да изнајмиш една или три лежалки, туку мора у пар да изнајмуеш :pos:
3.Апашлук
Охрид, град со 366 цркви - македонски Ерусалим. Се ова убаво звучи. Ама да се наплаќа влез за во црква?:mad:
Не ли е тоа апашлук невиден?
Цените по хотелите се пренапумпани. Ѕвездичките на хотелите немаат врска со реалноста. Цените по хотели се еднакви, па дури и поскапи во споредба со цени од хотели покрај море:tapp:
Не ли е апашлук коа некој шо стаил шанк на плажа ти продава лименка пиво/сок по ненормална цена? Како може Дојран/Струга/Преспа да продаваат пијачки по нормални цени, а у Охрид да имаш чувство дека некој сака да те је*е у здрав мозок? Како може у горенаведените места да им се исплати да даваат лежалка 50 денари и чадор 50, а на овие и 150 денари од лежалка да им се малце?
Зашо ми вреѓа интелигенција? Зш му се можит?
Епа и мене ми се можит да не идам у Охрид, зш не ми чинит.
Господ ги казнил со езерото, не ги наградил. Зш требат да имаш чувство и мозок за водење туризам, а не и на тие малце гости шо ти идат да им кажеш: Ак не ви чинит не идајте :tapp:
1.Одете прво и видете ја понудата, па тек после прифаќајте.Немојте да испадните будали.
2.За плажите мање више се согласувам (за тие со Охридски газди, за другите џабе обвинувања на локална основа, луѓето општо во принцип се лакоми и никогаш не им е доста).
3.Никогаш не ми наплатиле в црква, ниту па на тие со мене.Можда на други да, ама верници ако се толку нека си платат, не дека лично поддржувам вакви работи...
4.За ненормалните цени веќе кажав претходно.Навикнати сме ние преку цела година и искрено не ни е фрка.А не би требало ни на некој за 10-12 дена, особено ако во неговиот град цените се поскапи.Можам да ги сфатам само луѓе од места со доста пониски цени од Охрид.

Ак не ви чинит, не идајте е искрено кажано.И пак им одат луѓе по смештај, по амартмани, по кафетерии и ресторани на ‘туристичките работници‘...Сите незадоволни од Охрид, бојкотирајте еднаш колективно и вистински, а не само декларативно.

И на крај, ме заебавале и мене и мои блиски во други места низ Македонија за услуга, келнери и слично па не јадам бурек на секое, туку ако налетам на одредена тема овде.Едноставно не одам веќе таму и ако добијам прашање за одреденото место, ќе го кажам мојот негативен впечаток.Нема да запинам по форуми, а во реалност да пишам од некој смрдлив апартман во Ладагин ( да не сфатиш лично, ќе се пронајдат дел луѓе).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom