Mногу бргу станала мејнстрим BB бре, тројца ја форсиравме што се вели.. а сега ради популарноста сите изгледале по 2-3 епизоди и BB не чини.
Божино е на изглед пациент, ама има вкус и сигурен сум ако некогаш ја изгледа BB која е нешто фантастично, сам ќе се смее на муабетов. Не ние.
Муабетот дека 3 епизоди од оваа и 3 од оваа, и која повеќе привлече публика - е подобра, не чини.
Брејкин Бед е во една нова сфера на квалитетна серија, на пат станување култна и вечно овековечена во доста топ 5 серии.
Не е само квалитетна оn going серија која вреди да се следи, како Декстер.
Најслабата сезона на ББ > најдобрата сезона од Dex. Oва субјективно.
Зошто BB e километри пред Dexter.
Драма;
Една од причината поради која се откажаа сите позери. Што for better или бетер изобилува во прва сезона. Од една страна ги одбива сите оние што гледаат ради мода, ама пак од друга страна ради тоа серијата останува доста потценета и не го добива потребното внимание, барем низ круговите кои се движам, секако онлајн. IRL, ги заразив сите другари и многу ми е мило. Значи прва сезона е стриктно драма ориентирана, што субјективно, мене ми беше фантастична, еден од предобрите character build-up виден на телевизија. Почетокот на трансформацијата, процесот, пасивниот револт на Walt прикажан вака транспарентно и суво е нешто ненадминливо. Во вакви ситуации доста се примеќа и глума за која ќе се навратам покасно. Едноставно ја вкоренува серијата со еден вид реализам што ни ја приближува поблиску до нас, average joes, серијата. Се осеќаш дека гледаш крими-драма, не сај фај акција.
Додека во Декстер, за драма се рачуна дисфункционалноста во љубовта кај Дебра, кенкањето, филер минути, епизоди.. ефтин трик, доста ефтин.
Storytelling;
Зарем е потребно да се пишува? Линеарноста во Декстер боли. 6 сезони по ист шаблон. За некој ова не пречи, ама намалува значително
тензијата. Декстер убива, Декстер побегнува. "Еј, Дебра ако се сврти за 50 степени место за овие 35 ќе го фати Декстер со крвави раце, кул. Хех, не се сврти, color me surprised". BB е дефиниција за тензија, има епизода каде Walt канализираше бес, дефокусиран од се' и цела епизода гонеше мува. Таа епизода ми беше повеќе тензична од сите сезони од Декстер. Значи едноставно ја поседува во ова поле. Додека кај Декстер и не ни е веќе гајле, дури навиваме да го фатат, колку да видеме дека ќе го фатат. Нешто како Том и Џери.
Флуидноста на расплетот во ББ е нешто уникатно. Не ја гледам како Декстер, ББ ја доживувам.
Глума;
Michael C. Hall го почитувам многу и оправдано е накитен со безброј номинации and whatnot. Зрачи со харизма иако глуми своевидно пасивен лик, и знае да долови секаков стадиум кој режисерите го имаат замислено. И не го оспорувам фактот дека е кроен за ликот. Но ова што го носи на масата, го поседуваат споредните ликови во ББ, еден Gus Fring го достигнува. А тука е и протагонистот Walt (Bryan Cranston) за кого едноставно немам зборови да го опишам, ама дефинитивно е цар за глумење, како шт е цар во серијата. И еден vs. еден со Декстер би било нерешено, ама имаме премногу добри споредни улоги во ББ, јас дури незнам кој се рачуна одма после главна, споредна улога во Декс? Дебра? Пф. Џеси мислиш навистина се плаши за својот живот. Како под пиштол да глуми. Перверзија е од аспект на глума ББ. Секој збор е излишен.
Me замрзе, да финиширам: "I am the on who knocks!" -Fucking Heisenberg излегувајќи на виделина.
Дијалог wise, муабетот во ББ ја носи на врвот само, не пак друго.
Друго што ме нервира кај Декстер е начинот на пристап кој треба емоционално да не подбуцне. Кул е, убива убијци. Навиваме за него, нели.
Иди навивај за Walt. Eдно нешто: Lily of the Valley.
Значи вооптшо не ни е олеснето да навиваме за криминалот во ББ, морално не предизвикува, не како Декстер.
Инаку Dexter e исто серија ВРЕДНА за следење, ама сепак не би ја споредувал со Breaking Bad. Единствено во што би била подобра е во интрото и музиката.
Првото ББ нема, а второто е сепак дискутабилно.
Breaking Bad. Television. Redefined.
Eве спомнаа, тешко би било vs. Sopranos као за пример.