Незнам дали е среќа, ама само што аплицирав на оваа
ТЕМА на Playdota, уште наредниот ден ме избраа како среќен добитник на бета кеј.
Многу бргу најдов клуч...
Ми стигна по Mail со се упатство, инсталирав све преку стим и + ми следуваа гратис 2 копии од играта со кои ќе можам да повикам двајца другари кои ќе играат со мене. Им пратив по 1 од копиите на двајца пријатели и сега 3цата играме онлајн.
Инаку играта е одлична. Ја играм веќе втор ден и можам да кажам дека навистина е добра и забавна.
Со години ја играв 1-от, и кога се најавуваше 2ката искрено бев голем песимист за исходот.
Меѓутоа многу позитивно се изненадив.
Графиката ми се свиѓа, прегледноста многу ми се допаѓа.
Можеш да си подесиш и спеловите на кое копче да ги пушташ што е доста поедноставно во однос на 1-от.
Исто така ако имаш 2000голд,а сакаш да споиш ајтем како обливион стаф на пример, се што треба да направиш е да кликнеш на обливион стафот, и автоматски ќе ти биде споен, без претходно да купуваш Sobi+Quarter+Robe. Тоа е доста олеснувачки, и побрзо оди пазарењето.
Единствено нешто што треба да навикнам се новите изгледи на хероите, како и распореденоста на ајтемите во шоповите.
Инаку единствен мини-проблем е тоа што има многу нубови онлајн.
Незнаат ни на чат да пишуваат дури хахахаха.
Ама добро бета е, и секакви има....уште ја учат играта.