- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Потресен од последните случувања со пожарите во Струмица и секојдневните сообраќајки со трагични последици си го поставив прашањето: „Колку вреди човечкиот живот во Македонија?„
Навистина е фрапантно со колку малку респект кон човечкиот живот се однесуваме, почнувајки од институциите завршувајки со секоја единка во нашето општество.Ќе почнам по ред со она што беше најголем мотив да ја отворам темата.
Случувањата во Струмица само докажуват колку не се внимава и не се почитува човечкиот живот. Со секој нов пожар народот со се институциите е изненаден и неспремен се впушта во борба со овој елемент. Сеуште ми минуват низ глава сликите кога видов дека цивли буквално со голи раце се пуштени да гасат пожар со кој тешко би се справиле и професионалци,. Уште повеќе низ глава ми минува кога видов како ги транспортираа повредените. Импровизирање до коска транспорт во багажник од лада нива покриени со ќебе и без никаква прва помош.
Истото е и со поплавите истото и со земјотресите. Степен на човечка свест 0, степен на образование на народот за превенција и борба против природни катастрофи 0, степен на опременост на институциите 0, степен на обучен кадар за справување со катастрофи минималел.
Ај да се само природните катастрофи.
Само денес имаше 3, 4 или повеќе загинати во сообраќајни несреќи. И покрај лошата инфраструктура најчесто е човечкиот фактор предизвикувач на несреќите. Преголема брзина, технички неисправни возила, некористење на безбедносна опрема. Неосветлени велосипеди, деца од по 14 години на скутери без заштитни кациги, врзувањето во автомобил табу за многу возачи.
И не застанува овде во Македонија според мене има најмногу сообаќајќи во железничкиот сообраќај ако се земе соодносот на несреќи со поминатите километри на нашите возови. Во проесек скоро секој месец има несреќа.
Продолжуваме со честите несреќи на работно место. Колку работници во последно време паднаа од скелиња, колку загинаа од струен удар, колку од друг вид на невнимание и незаштита?
Ако на сето ова се додат буквално секојдневните убиства, излегува на крај дека животот во Македонија невреди ништо.