Просечен Македонец за оброк троши 46 денари

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Просечен Македонец за оброк троши 0,74 евра, односно 46 денари

30
ЈУЛ 2012​
15:54​

Од нас за нијанса помалку за оброк троши просечниот Србин – 0,63 евра. Просечен Македонец дневно се прехранува со 138 денари, за еден оброк троши 46 денари, а четиричлено семејство што живее од две просечни македонски плати дневно за храна троши 9 евра (546 денари), покажуваат официјалните податоци за 2011 година на Државниот завод за статистика.


…и француски просек

Македонски просечен оброк…
Споредбата покажува дека Македонците за нијанса повеќе трошат за храна од Србите, но се далеку под просекот на Французите, кои за еден оброк трошат 6 евра.
Споредбата на податоците покажува дека во Македонија за нијанса повеќе се троши за прехранување на дневна основа, што не мора да значи дека животниот стандард во нашата земја е повисок од тој на соседите на север.
Српските медиуми, анализирајќи извештај на српскиот Завод за статистика, утврдиле дека едно просечно четиричлено српско семејство што прима две просечни плати во вкупен износ од 52.000 динари дневно за храна троши 888 динари (околу 8 евра). Наспроти него едно македонско просечно четиричлено семејство што егзистира со 2 просечни плати има приход од околу 41.700 денари, а на храна месечно троши околу 16.400 денари (266 евра), односно дневно за тие потреби просечното македонско семејство одвојува речиси 9 евра.
На што го троши семејниот буџет македонското просечно семејство

Речиси 40 отсто од месечните примања се трошат за набавка на храна и пијалаци. Официјалната статистика покажува дека во 2011 година 39,4 отсто од приходите се трошеле за таа намена, а во споредба со 2010 година таа сума е пониска за 1,4 поен. Втора ставка на расходната страна на семејниот буџет се трошоците за кирија и режиските трошоци за вода, струја и за греење. На нив отпаѓаат повеќе од 11,6 отсто од сите месечни расходи. Трета по големина ставка се ратите за кредит или заштедите на граѓаните на кои статистичарите пресметале дека се одлеваат 8,6 отсто или нешто повеќе од 50 евра месечно.
Во ставката сообраќај , во која се задоволуваат потребите на превоз или патување, просечните Македонци издвојуваат речиси 8 отсто од својот буџет, што претставува раст на трошоците од 50 отсто во споредба со трошоците за таа намена во 2010 година.
Според официјалната статистика, Македонците во просек за облека и обувки месечно издвојуваат 5,8 отсто од семејниот буџет. Оваа ставка бележи намалување за еден поен во споредба со просекот на 2010 година. Најмалку пари Македонците трошат за образование и таа ставка учествува со 0,6 отсто во просечниот семеен буџет. Само 2,9 отсто од семејните пари се трошат на рекреација и култура и таа ставка во буџетот е на исто ниво со 2010 година.
http://www.time.mk/read/NONE/c4050bf901/index.html
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Ја само за јогурт давам 56 денара :coffee: + кафе + 2 парчиња леб .. Аристократија бе :pos:
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
My ass 46 денари, кој би се најал со 46 бре..
Денес за ручек пред 1 саат потрошив пола кило пиперки, 300 грама урда, 1 главица кромид, пола кг патлиџани,
и пола леб. Ручек за тројца. 30-35 денари по чоек. Тоа јаде пролетеријат, а не како оној 70 денари!!!
 
H

HoT IcE

Гостин
Точно е ова, кога сум на училиште 50 денари ме крпат. За една кифла и јогурт.:)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
My ass 46 денари, кој би се најал со 46 бре..
изгледа оние кои го правеле извештајот- од Државниот завод за статистика.;)
стварно безобразлук - како не им е срам да излегув аат со вакви малоумни податоци - незнам што сакаат да докажат со тоа, која им е поентата- вака да се мајтапат не доликува- ниту пак оние бедни 11% за режиските трошоци им се точни:mad:
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Подобро да не рачунам јас :confused:

само стекот ме фаќа 200+ денари,и тоа за 2 оброка...кај е доручек,ориз/компир,и тако даље..
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
46 ден. како да не ................ со 46 ден. неможе ни врапче да са најаде асално, а камо ли па возрасен човек !
Ај да речеме дека толку ќе се потроши на доручекот, а каде се другите работи ............ превозот(со автобус или со свој автомобил/бензинот) ............ а цигарите(најевтина кутија 45/50 ден.) ........... па и на кафе ако се седне .............. абе ние сме аристократија и буржоазија за Србиве ! :tapp:
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Добро знаеме дека трошите по 1000 на појадок вие, не мора сите да листате што јадете и колку ви дава тате од администрација. 90% од другарите што ги знам пораснавме со леб и паштета, 40 денари и многу ќе му дојдат за тоа.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Добро знаеме дека трошите по 1000 на појадок вие, не мора сите да листате што јадете и колку ви дава тате од администрација. 90% од другарите што ги знам пораснавме со леб и паштета, 40 денари и многу ќе му дојдат за тоа.
1000 !:vozbud: ................................. ама за цел месец !
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Бурек со сирење јаде „просечен македонец“ и му остануват еден денар.
Просечен ми се свиѓа. Ако знајме дека некој трошит дневно цифра со неколку нули, кокку би трошел другиот од другата страна.
Поглупо нешто од статистика дал имат...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom