- Член од
- 1 август 2009
- Мислења
- 453
- Поени од реакции
- 960
Па мислев дека Мадара со сигурност зборува за Тоби, но откако ги препрочитав чаптерите, сфатив дека тој зборува за некого непознат во трето лице. Исто така зборува дека неговото тело поседува некоја тајна, која била запишана на " The Uchiha Monument". Но сепак иако со сигурност неможам да тврдам, верувам дека Мадара го познавал Тоби. Како што можеме да забележиме, кога Мадара излезе од ковчегот, прво го спомна Нагато, сметајќи дека тој го оживеал. Бидејќи Тоби е оној кој на Нагато му го дал Rinnegan-от и го водел низ неговиот живот, можеме да заклучиме дека оживувањето на Мадара било планирано од страна на Тоби и самиот Мадара. Од тука сметам дека Тоби е некој близок човек на Мадара.
Баш така, не се кажува дека сигурно се знаат, само така изгледа, а и јас веќе мислам така. Но, секако се додека не се потврди официјално во мангата тоа останува само теорија. Инаку, јас воопшто не се сеќавам дека кажал дека неговото тело поседува тајна која е запишана на "The Uchiha Monument". Ќе морам да се навратам и да препрочитам неколку работи.

Да, Мадара всушност го спомна Нагато откако излезе од ковчегот (јас тотално заборавив

И јас се сложувам со тоа дека можеби сѐ било планирано од страна на Тоби и Мадара заедно, се разбира сѐ додека Тоби не е Мадара, туку некоја друга личност.
Инаку, сега ми текна едно можно објаснување... можеби ова не е првото враќање во живот на Мадара. Можеби Тоби (кој и да е) го има вратено во живот поради некоја многу важна причина (на пример, за да ги дознае тајните на Учиха кланот - особено сѐ во врска со опашестите ѕверови, итн.) и тогаш тие го направиле овој заеднички план. Тоби тврди дека го мрази кланот, но можеби планот за одмазда кон нив бил извршен поради желбите на Мадара. Можеби баш затоа тој си зема за право да се претстави себеси како Учиха Мадара.