Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.647
Поени од реакции
7.485
Луѓе хитно ми треба помош, да ми објасни некој како функционира Sun wireless? сакам да купам дур сум на одмор ама немам мн информации.
Идеш овде http://go.sunwireless.com.mk/mk/ има припејд картички од 99,299 и 499ден со трафик 512,6Гб и 12Гб соодветно. Продажните места ти се овде http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/customer-support/sales за Охрид има 2 продажни места ако таму идеш
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.396
Поени од реакции
7.671

Како излгедаат тие?Еден мој другар ми рече дека се како усб само напојување треба да му најдеш и пушта сигнал.Бидејки лаптоп планирам да купам ама после одморот ке бидам таму со телефон, дали ќе можам да го ставам усб-то во пуњач ( 2делен ми е пуњачот и усб и пуњач) и у струја после тоа? Дали ке функционира така?
 
Член од
19 ноември 2010
Мислења
16
Поени од реакции
0
Рутерот има антена ? Мислам дека истата треба да може да се одврти и да се приклучи другата антена што си ја купил.
--- надополнето: 23 јули 2012 во 19:56 ---

Да има антена, сега зедов ваков рутер linksys wrt54g , и 10 децибелна е антената. Како да ги поврзам?
 
Член од
6 август 2009
Мислења
25
Поени од реакции
3
Пробај http://broadband.mpi-sws.org/transparency/bttest.php/ Нешто чудно се дешава, не можам да му најдам логика. И јас сум на оптика, прееска аплоад нејќеше да тргне над 3КБ и на тестот имаше индикации дека провајдерот блокира. Сега пред малце тргна ок upload и симињање до даска од замунда и тестот покажува ок. Од т-хоум негираат дека нешто прават. Со македонци сидам и спуштам одлично. Едно време мислев дека само надворешен п2п сообраќај ограничуваат. Со јавниве тракери се дешава ова http://torrentfreak.com/largest-bittorrent-trackers-go-offline-in-protest-120716/ . Мада и тоа не треба до толку да прави проблеми поготово ако имаш вклучено ДХТ. И од приватни тракери ми иде многу послабо отколку порано. Порано uploadot да го отворев на клиентот (Tixati) одма почнуваше да шиба без престан, сега како да не можат да се конектираат луге на мене. Нешто смрди а ме чуди што луѓе на кабелскиве оператори немаат никакви проблеми, иначе ќе знаевме дека е нешто глобално или пошироко од нас. Има ли посебен топик за ова на форумов, пошто не можев да најдам, или едно централизирано место било каде на македонскиве страни за ваква работа?
Со каснење од скоро недела дена... Тестот сега го помина, вика дека провајдерот не ме блокира, минатата недела не ни го завршуваше, прекинуваше на пола секој пат кога ќе се обидев. Во меѓувреме и брзината на симнување торенти се подобри но сеуште има индикации дека Телеком нешто експериментира. Преку ден најчесто се влече со минимална брзина или евентуално до 150-200к, навечер е нешто подобро. Дури еднаш се влечеше со 5-6к цела вечер а точно на полноќ одеднаш рипна на 3-4мега, тоа ако не е сомнително не знам. Телеком веќе подолго време наназад покажува дека најмалку ги цени корисниците кои најмногу плаќаат па не би ме чудело ова да се експерименти кои се вршат на корисниците на оптички интернет. Да видиме до кај ќе дотераат со експериментиве...
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.647
Поени од реакции
7.485
Како излгедаат тие?Еден мој другар ми рече дека се како усб само напојување треба да му најдеш и пушта сигнал.Бидејки лаптоп планирам да купам ама после одморот ке бидам таму со телефон, дали ќе можам да го ставам усб-то во пуњач ( 2делен ми е пуњачот и усб и пуњач) и у струја после тоа? Дали ке функционира така?
Друже картичките се ко шо прашав усернејм и пассворд за да се конектираш на wifi, значи прво проверуваш со лаптоп или од телефонот дали на таа локација факјаш WiFi сигнал од нив со барем 3 цртички па тек онда купуваш картичка зашо иначе џабе, нема да можеш да ја искористиш. За слаб сигнал изнајмувале они опрема али тоа само за постпејд корисници...значи ништо од таа варијанта.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.396
Поени од реакции
7.671
Друже картичките се ко шо прашав усернејм и пассворд за да се конектираш на wifi, значи прво проверуваш со лаптоп или од телефонот дали на таа локација факјаш WiFi сигнал од нив со барем 3 цртички па тек онда купуваш картичка зашо иначе џабе, нема да можеш да ја искористиш. За слаб сигнал изнајмувале они опрема али тоа само за постпејд корисници...значи ништо од таа варијанта.
Фала многу :)
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
ми треба бежичен интернет во вид на стикче ... (за во студентски ми е).. дали треба нешто договори да склучувам... постпејд? дали е колку ќе истрошам толку да платам ?? некоја информација, линк?? фала
 
Член од
24 септември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
17
ми треба бежичен интернет во вид на стикче ... (за во студентски ми е).. дали треба нешто договори да склучувам... постпејд? дали е колку ќе истрошам толку да платам ?? некоја информација, линк?? фала
Еве еден линк провери си преку ONE. Можеш или постпејд или припејд.
http://one.mk/paketi-za-mobilen-internet.html
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.647
Поени од реакции
7.485
ми треба бежичен интернет во вид на стикче ... (за во студентски ми е).. дали треба нешто договори да склучувам... постпејд? дали е колку ќе истрошам толку да платам ?? некоја информација, линк?? фала
Поскупа варијанта ти е тоа со USB стикче t.e 3G усб модем, и ја баш гледав тоа, стикчето/модемот го наплаќаат 2000ден, кај сите оператори е горе доле таа цена...наједноставно ти е како модем да си го користиш мобилниот, само ти треба мобилен со 3G за тоа, усб кабел даго врзеш со ПЦ и модем драјвер за истиот. Укратко телефонот после го користиш како 3G модем(место стикчето) а пак ке си сурфаш на ПЦ. Тмоб дава месечни пакети без договори, зависи колку мислиш трафик да праиш, а има и дневен за 30ден со неограничен трафик ;)
 
Член од
14 јули 2012
Мислења
10
Поени од реакции
3
Со каснење од скоро недела дена... Тестот сега го помина, вика дека провајдерот не ме блокира, минатата недела не ни го завршуваше, прекинуваше на пола секој пат кога ќе се обидев. Во меѓувреме и брзината на симнување торенти се подобри но сеуште има индикации дека Телеком нешто експериментира. Преку ден најчесто се влече со минимална брзина или евентуално до 150-200к, навечер е нешто подобро. Дури еднаш се влечеше со 5-6к цела вечер а точно на полноќ одеднаш рипна на 3-4мега, тоа ако не е сомнително не знам. Телеком веќе подолго време наназад покажува дека најмалку ги цени корисниците кои најмногу плаќаат па не би ме чудело ова да се експерименти кои се вршат на корисниците на оптички интернет. Да видиме до кај ќе дотераат со експериментиве...
Тоа што рипнало наеднаш може да ти се закачил македонец во моментот, ама дека нешто прават, прават. Значи до пред 3 дена неколку дена идеше супер и од јавниве тракери, се конектира на многу корисници од странство, има добар download и upload (5-6MB/s со 2-3MB/s). Тестот исто така покажуваше дека е ок. Еве веќе три дена download не ми иде повеќе од 200-400 KB/s а upload не повеќе од 200 KB/s (зборам за истите торренти од пред тие 3 дена) ОСВЕН ако не ми се конектира некој македонец. Клиентот ми прави помалку конекции и секоја конекција не иде со повеќе од од 30-40 KB/s download. Домашен П2П сообраќај нема проблем иде до даска. Ова е интересно затоа што ако стварно нешто прават, на пр да го намалат трошокот према надвор, затоа што торенти трошат поготово на upload а богами на оптика има upload, тогаш нормално дека домашен сообраќај ке го отворат затоа што не ги кошта ништо. Симптоматично е што и ти си на оптика и имаш сличен проблем. Ако другите немаат ваков проблем ондак е скоро сигурно.
Јавувај им се, буни се. Ограничувања на торент сообраќај имаат направено само американциве, Comcast и тоа и они по некое време морале да го укинат.
Во договорот не ми стои дека би имало ограничување на улугите во зависност од мојата употеба. Btw до сега имам направено 300 GB сообраќај, 200 сигурно на upload.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Прашање, зошто кога ќе проверувам на спидтест секогаш ми покажува различни ISP, еднаш Telesmart Telekom DOO(вака пингот е 5-10мс), еднаш ONE Telecomunications (овдека иде и преку 60мс).
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Луѓе хитно ми треба помош, да ми објасни некој како функционира Sun wireless? сакам да купам дур сум на одмор ама немам мн информации.
Со SunWireless при-пејд нема потреба од стик, нема потреба од ништо плус.

Си купуваш при-пејд картичка од продажните места. Имаш од 99 ден за 512мб, 299 дена - 6 гб и 499 - 12 гб, си одиш на некоја нивна хотзона и се конектираш на SW мрежата со најдобар сигнал.

Откако ќе се конектираш (пошто се отворени) одиш на пример да одбериш некоја рандом страна (ФБ, Кајгана, Тиме...итн) и веднаш те префрла на нивната ЛОГИН страна каде го внесуваш 16-цифрениот код од при-пејд картичката што си ја купил.....потоа си фураш 1 месец интернет :)

Најголем wi-fi оператор се , ги има на аеродромите, во поголемите хотели (Александар Палас е нивен), ресторани, плажи, студентски домови (Во СКОПЈЕ од наесесен во сите) и централни градски подрачја...

За повеќе инфо, сајтот им е www.sunwireless.com.mk
--- надополнето: 29 јули 2012 во 22:51 ---
ми треба бежичен интернет во вид на стикче ... (за во студентски ми е).. дали треба нешто договори да склучувам... постпејд? дали е колку ќе истрошам толку да платам ?? некоја информација, линк?? фала
Не ти трева стикче. Ако си во студентскиве домови во Скопје...најдобра варијанта ти е SunWireless.

Имаат најдобра понуда на при-пејд интернет од сите оператори http://go.sunwireless.com.mk/mk/index.php/pre-paid

Сега ги имаат покриено: ГОЦЕ, Кузман и Стив а од септември ќе бидат и во Медицинар, Сениќ и Пелагонија...
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.939
Поени од реакции
1.481
Тоа што рипнало наеднаш може да ти се закачил македонец во моментот, ама дека нешто прават, прават. Значи до пред 3 дена неколку дена идеше супер и од јавниве тракери, се конектира на многу корисници од странство, има добар download и upload (5-6MB/s со 2-3MB/s). Тестот исто така покажуваше дека е ок. Еве веќе три дена download не ми иде повеќе од 200-400 KB/s а upload не повеќе од 200 KB/s (зборам за истите торренти од пред тие 3 дена) ОСВЕН ако не ми се конектира некој македонец. Клиентот ми прави помалку конекции и секоја конекција не иде со повеќе од од 30-40 KB/s download. Домашен П2П сообраќај нема проблем иде до даска. Ова е интересно затоа што ако стварно нешто прават, на пр да го намалат трошокот према надвор, затоа што торенти трошат поготово на upload а богами на оптика има upload, тогаш нормално дека домашен сообраќај ке го отворат затоа што не ги кошта ништо. Симптоматично е што и ти си на оптика и имаш сличен проблем. Ако другите немаат ваков проблем ондак е скоро сигурно.
Јавувај им се, буни се. Ограничувања на торент сообраќај имаат направено само американциве, Comcast и тоа и они по некое време морале да го укинат.
Во договорот не ми стои дека би имало ограничување на улугите во зависност од мојата употеба. Btw до сега имам направено 300 GB сообраќај, 200 сигурно на upload.
Ограничувањето би требало да важи само доколку ги поминеш наведените гигабајти трансфер кои што дефинираат fair usage.
 
Член од
14 јули 2012
Мислења
10
Поени од реакции
3
Ограничувањето би требало да важи само доколку ги поминеш наведените гигабајти трансфер кои што дефинираат fair usage.
Точно, меѓутоа тука не станува збора за тоа. Дали и ти имаш сличен проблем?
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.939
Поени од реакции
1.481
Точно, меѓутоа тука не станува збора за тоа. Дали и ти имаш сличен проблем?
Тековно не користам T-Home Optic, така што не можам да ти дадам релевантен одговор на прашањето, но се надевам дека и некој друг на форумов ќе пише искуство од прва рака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom