Тоа што рипнало наеднаш може да ти се закачил македонец во моментот, ама дека нешто прават, прават. Значи до пред 3 дена неколку дена идеше супер и од јавниве тракери, се конектира на многу корисници од странство, има добар download и upload (5-6MB/s со 2-3MB/s). Тестот исто така покажуваше дека е ок. Еве веќе три дена download не ми иде повеќе од 200-400 KB/s а upload не повеќе од 200 KB/s (зборам за истите торренти од пред тие 3 дена) ОСВЕН ако не ми се конектира некој македонец. Клиентот ми прави помалку конекции и секоја конекција не иде со повеќе од од 30-40 KB/s download. Домашен П2П сообраќај нема проблем иде до даска. Ова е интересно затоа што ако стварно нешто прават, на пр да го намалат трошокот према надвор, затоа што торенти трошат поготово на upload а богами на оптика има upload, тогаш нормално дека домашен сообраќај ке го отворат затоа што не ги кошта ништо. Симптоматично е што и ти си на оптика и имаш сличен проблем. Ако другите немаат ваков проблем ондак е скоро сигурно.
Јавувај им се, буни се. Ограничувања на торент сообраќај имаат направено само американциве, Comcast и тоа и они по некое време морале да го укинат.
Во договорот не ми стои дека би имало ограничување на улугите во зависност од мојата употеба. Btw до сега имам направено 300 GB сообраќај, 200 сигурно на upload.