Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.459
Дарко Ѓурчиновски и Владимир Нелоски ќе настапуваат како позајмени во Тиквеш...
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
„ЕВРОПСКИОТ“ ВАРДАР
Навивачите на Вардар ќе паметат и цела сезона ќе раскажуваат дека ја наполниле арената „Филип Втори“. И толку... Бате Борисов го имаа в џеб на првиот меч, ама тренерот Илчо Ѓорѓиоски веројатно не им кажа дека не треба да се паничат во последните моменти, да не се повлекуваат во својот шеснаесетник. Тоа е... Го заборавил ова во своето излагање, затоа што човекот има и други обврски. На полувреме од натпреварите (и на летните подготовки) веројатно ја подготвуваше својата програма за работа како претседател на ФФМ. Одвреме – навреме, беше и до Владата на консултации. Да му објаснат, нели, како сите други ќе се повлечат, а тој ќе седне на фотелјата. Заслужи, затоа што со Вардар го наполни најголемиот стадион, за кој трипати се сечеше лента дека се отвора.

Илчо Ѓорѓиоски е веќе „печен“ за претседател на ФФМ. Дава и политички изјави. Вардар е европски, ама му недостига искуство за Европа. Ако продолжи во ваков стил, само ќе го замени Харалампие Хаџи-Ристески во неговото веќе добро изверзирано сценарио. Едно ќе и кажеш на спортската јавност, а друго ќе си правиш...

Еве сега за Илчо, а и за сите што мислат дека овој Вардар е „европски“, како тоа функционира најтрофејниот клуб. Да нема дилеми, не се ова најцрните денови на Вардар. Беше на дното, го извлекоа со фузија, ниту срам, ниту перде. Ама далеку е Европа, не се гледа од тренерската соблекувална на Ѓорѓиоски каде што прават прес – конференции. Се соблекуваат на Градски (арената Филип втори), а потоа со автобус на ЈСП ги носат во Ѓорче Петров. Зошто? Затоа што нема помошни терени. Нема ниту канцеларии на клубот, барем тука на стадионот, каде што треба да бидат. Имало некои во МТВ, ама таму се вадат пасоши, лични карти, нагоре по катовите има и Комисија за лустрација...Не му е таму местото на ФК Вардар.

Дојдовме до раководството. Патрон е градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Претседател на ФК Вардар е Зоран Шишковски, а човекот цел живот е кошаркарски работник. И не знае како изгледа Зоран Мамиќ, еден од двајцата водечки луѓе во Динамо Загреб. Којзнае дали ги знае Платини, Бекенбауер, сер Алекс Фергусон... Извршен директор е Горан Митев. Тој на почетокот доаѓаше со дрес на Барселона на тренинг на Вардар. Работа му е да ги потпише вирманите за плата, да ги распредели парите што доаѓаат од Градот Скопје и да вели дека толку се парите... Навистина е тоа тешка работа, нели. Инаку, е познат спортски работник во државава, па го има задолжено Вардар во минатото со своите игри, настапи, сигурно има околу 500, тука некаде до легендарниот Кочо Димитровски. Секретар на клубот – Никола Коко Стојановски. Момчето не знае дека на меѓународен пријателски натпревар во Софија, со ЦСКА, треба да се направи записник за мечот. За вакво раководство, толку... Доволно е, за да имате јасна слика.

Дојдовме и до тимот. Засилувањата за кои Илчо Ѓорѓиоски се изјасни дека го градат „европскиот“ Вардар. Дека тој ги поставил темелите. Темелков дојде од Силекс, а европски мечеви досега гледаше само на ТВ екраните. Хорхе Хименез е шпански фудбалер, кој замислете, дојде на печалба во Македонија. Сигурно е многу квалитетен. Дојде по препорака на Горан Станиќ, а на стадионот слушнав коментар дека можеби некогаш заедно играле „сервис“. За фудбал, Хорхе не покажа дека го бива. Тука е и Нигериецот Абрахам Алечену кој не го играше реваншот со Бате Борисов, затоа што немаше влезна виза за Македонија. Невидена работа...А, да, дојде и Борче Маневски, напаѓачот што не можеше да помине на проба во десетина клубови во Азербејџан и во Казахстан, а откако му рекоа дека не можат да го плаќаат во Работнички, дојде во Вардар. Слично е и со Драган Ѓоргиев. Момчето е талентирано за нашата лига, ама беше во Мајнц, не одигра ниту еден меч, го пратија во Втора Бундес-лига, и таму не одигра ниту еден меч и го вратија рикверц во Турново. И најлошо од се - Вардар го продаде својoт најдобар играч од минатата сезона, капитенот Филип Ивановски, кој даде 24 гола и им освои многу, многу бодови. И тоа - во Казахстан!!!

Што е тука европски?!

Дел од колумната на Никола Ѓуровски од Екипа.мк
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443
Дај бе нека се научат да пишуваат колумни... не ми е јасно кого се критикува, Вардар, Илчо или изјавата на Илчо? Ништо конкретно нема пишано да ме заинтригира и да ме наведе да размислувам на некој негов начин, работи добро познати кои дел по дел беа изнесувани во јавност во минатата година и сите тука ги знаеме само што сега се склопени во еден текст. Не ми е јасно зошто не ги разграничат и разберат структурите Вардар како клуб, Шишко како претседател, Илчо како тренер. Па и крај краева не е толку лоша таа изјава ако е целта да се осоколат играчите и да им се даде до знаење дека на нив се размислува и наредната сезона за Европа само што треба да напредуваат и се разбира поискусни за тој еден квалификациски циклус. Јас во моментов Илчо го кривам само за 2 работи ... сади краставици кај што е опасно ФФМ, и што не понуди ништо ново на реваншот каде требаше да има некој џокер во ракав сепак е ова Европа а не Напредок...
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.095

Dpmne Dimco
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.459
Уште многу нови графити има, само не се до крај завршени. Допрва ќе следат фотографии :D Посебно ми се допаѓа еден од тие во Драчево :cuc:
 
Член од
26 јули 2011
Мислења
39
Поени од реакции
41
Некаде по ФБ прочитав дека нема да има официјално видео...колку и дали е точно незнам, нека се изјасни некој од комитиве.
Па и да нема официјално видео не е некоја катастрофа, навијачкиве групе ептен станаја комерцијални, уште не тргнале на стадион слике, ставаа, клипчиња ова она кортео, разни работе, и после ајде ќе кометирамо малу биле многу биле, пееле не пееле разни глупосто, ова зборим онака, општо што се дешава, по мене искрено ми смета комерцијализација на навијачкиве групе, па дај видите еден Наполи у Италија има со сигурност да се каже едни од најјаките, најмогубројните навијачи не само у Италија него и пошироко низ европа, види седни дали ќе најдеш нешто на youtube клипче официјално ова она , нема брат тиа са такви какви што са, едноставно свите ги знаа какви ултраси са и крај, и дај сега ајде ќе обарамо рекорди и ќе се карамо кој појќе имал гледаност, и да има некој клип све тоа е аматерски и од поедници напраено а друго официјално многу ретко скоро ич, ја сум за тој модел, слика да може, трајна вредност ама клипчиња кој дојде со телефон снима, по една минута по 30 секунде,кој криво , кој наопкау снимил, катастрофа.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571

Фановите на Наполи се феноменални, мислам дека такво нешто нема никогаш да се деси на македонски стадион.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.974
Па и да нема официјално видео не е некоја катастрофа, навијачкиве групе ептен станаја комерцијални, уште не тргнале на стадион слике, ставаа, клипчиња ова она кортео, разни работе, и после ајде ќе кометирамо малу биле многу биле, пееле не пееле разни глупосто, ова зборим онака, општо што се дешава, по мене искрено ми смета комерцијализација на навијачкиве групе, па дај видите еден Наполи у Италија има со сигурност да се каже едни од најјаките, најмогубројните навијачи не само у Италија него и пошироко низ европа, види седни дали ќе најдеш нешто на youtube клипче официјално ова она , нема брат тиа са такви какви што са, едноставно свите ги знаа какви ултраси са и крај, и дај сега ајде ќе обарамо рекорди и ќе се карамо кој појќе имал гледаност, и да има некој клип све тоа е аматерски и од поедници напраено а друго официјално многу ретко скоро ич, ја сум за тој модел, слика да може, трајна вредност ама клипчиња кој дојде со телефон снима, по една минута по 30 секунде,кој криво , кој наопкау снимил, катастрофа.
Секоја чест за пишаново,денешниве “ултраси“ изгледа навиваат за за видео да има,ама ај за да не плачат еве им едно
 
Kajgana Shop

На врв Bottom