wot
aloof
- Член од
 - 20 мај 2008
 
- Мислења
 - 19.817
 
- Поени од реакции
 - 34.520
 
Да, по твојот предлог. Како филм не е тоа што сакам, но битно интересен ми беше
Разбирливо, дека беше long shot, затоа не го пишав во предлог, туку за ентузијасти. Не е класичен филм, нема кулминација, нема дефинирано контекст до скоро пола филм, некои од сцените се несфатливи се до самиот крај. Бавен, сив филм. Драма со artsy-fartsy примеси. Но го пишав дека ме подзамисли и после завршувањето, допре доста теми, од објектификацијата на жените, до разните анимални појави и потиснати желби за девијација кога стануваше збор за секс па се до целиот симболизам околу заспаната убавица. Немам гледано филм кој толку е ориентиран кон секс, без да покаже actual секс. И ми се допадна тој допир, да се изолираме од емоции, за полесно да ја сфатиме главната протагонистка и начинот на кој таа дисфункционално функционира.
Али како што Вештица го (предложи и) оцени, и од мене 7ка.
	
	
	
