bulgarischer
Горд Б'лгарин
- Член од
- 8 август 2010
- Мислења
- 93
- Поени од реакции
- 43
Ова лето сум на островот Тасос и јужниот дел на бугарското Црно Море.
Браво правилен избор !!!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ова лето сум на островот Тасос и јужниот дел на бугарското Црно Море.
Барселона ти е топ за шетање ама нема плажа, т.е плажата е благо речено катастрофа.
Ако си за одмор со плажа оди Лорет ич не му ја мисли. Плажата е екстра, целото место е тип топ организирано, навечер дискотеки, лудница, насабајле продавничи. Ноќен живот чиста 10ка. Се сложувам со членот што кажа погоре, обавезно ПртаАвентура да ја посетиш, резервираш во хотел, не мора да се малтретираш сам да одиш, ние плативме 50 евра од човек од Лорет, вредеше секое евро. Супер маркетите ти се ефтини, сместување во хотел, сеа не знам точно да ти кажам колку кошта само сместувањето зошто ние од тука уплативме цел аранжман за тура низ европа па не знам колку коштале тие 9 дена во Лорет.
Како и да е ако сакаш да се бањаш оди Лорет, а во Барселона можеш да одиш да шеташ иако не знам дали ќе постигнеш бидејќи и во Лорет има милион работи за правење, но секако некој ден ќе си одвоиш и за Барса.
znam nekoj sto izdava ako ne si nasol kazi ke prasam ....Некој дали издава апармани/кампови во Дојран... Близу плажата да е...Одам 8 години во дојран по ред и стално во Партизан бунгаловите што се одам...Ама лани ме зафркнаа немаше слободни кога појдовме (а на телефон ни кажаа оти има слободни), па сега пак се јавивме за таму и ни рече ќе ни чува еден на 24ти.. Ама да не ни направи како лани (да снема бунгалови), па да ми дадете нешто линк, слика, број од апартманот/или што и да е..
znam nekoj sto izdava ako ne si nasol kazi ke prasam ....![]()
pozzz
ќе се снајдеш не се секирај, моето омилено место на касандра инаку, со многу убава и голема песочна плажа, и ја препорачувам на сите кои сакаат пензионерски одмор бидејќи нема некоја ноќна забава.конечно земав карта до неа потидеа,сеа уште ме јаде склет незнам кај ќе ме оставе тоа автобусот дали ќе се снајдам![]()
За Парга што ќе кажете?
Преку агенција беше и ако да преку која? Колку саата има пат?Се вратив ноќеска од Парга и можам да ти кажам дека местото е прекрасно. Местото е створено за млади парови, односно за луѓе кои сакаат одмор и не е за забава иако има еден куп кафулиња и ресторани. Плажите се прекрасни и водата е убава и чиста со тиркизна боја. Има три плажи, градската Крионери која е најскапа во однос на лежалки и чадори, а се наоѓа блиску пристаништето и центарот и има шеталиште, малата Писо Крионери која е камена, и Валтос која е најубава, најголема и е поевтина од Крионери. Има многу таверни со преубав поглед и би ти ја препорачал таверна Стефанос на Валтос плажа. Од излетите, нудат Јонско крстарење во кое се поминува Лефкада, Кефалонија и Итака, крстарење на Паксос и Анти Паксос, посета на реката Ахерон и посета на Али Паша тврдината. Можеш со такси бродче до плажата Лихнос која е надвор од Парга и е преубава, а и до плажата Саракинико која е уште подалеку и не знам каква е. Парга е преполна со Британци и Норвежани, а има и Македонци, Срби, Чеси и Швеѓани. Цените, лебот е 0.9 евра, кока кола 1,5L по маркети 1,8 евра, а по кафулиња околу 2,5. Пивото по маркети околу 1 евро, а по кафулиња околу 3 евра. Кафињата од 2,5 до 4,5 зависи какво, гиро 2 евра, суфлаки околу 2 евра, топка сладолед 1,5-2 евра, салатите по рестораните околу 6 евра, хамбургер 8 евра, други јадења горе долу 10 евра.
Преку Савана бевме во вила Лимона зошто само таму имаше едно слободно студио. Претходно сакавме да закажеме во Мимис преку Оскар или во Алексија преку Савана, ама на 3 дена пред тргнување немаше место во ниту една друга вила што ја нудат нашиве агенции. Од Лимона до Крионери има 10 минути лесен пат низ центар, а 20 минути малку потежок пат до Валтос поради тоа што првин се искачуваш по угорница па се симнуваш до плажата. Такво е градчето. Мимис и Алексија не ги сретнавме шетајќи, а Фиоре има полоша локација од Лимона. Белос така-така, прашање на вкус иако и двете имаат и предности и недостатоци. Вила Марија ако е таа таа што ја видовме, тогаш има убава локација. Патот е 8-9 саати.Преку агенција беше и ако да преку која? Колку саата има пат?![]()
Читав по форуми дека често се сретнувале змии во Парга. Ти налета на некоја?Преку Савана бевме во вила Лимона зошто само таму имаше едно слободно студио. Претходно сакавме да закажеме во Мимис преку Оскар или во Алексија преку Савана, ама на 3 дена пред тргнување немаше место во ниту една друга вила што ја нудат нашиве агенции. Од Лимона до Крионери има 10 минути лесен пат низ центар, а 20 минути малку потежок пат до Валтос поради тоа што првин се искачуваш по угорница па се симнуваш до плажата. Такво е градчето. Мимис и Алексија не ги сретнавме шетајќи, а Фиоре има полоша локација од Лимона. Белос така-така, прашање на вкус иако и двете имаат и предности и недостатоци. Вила Марија ако е таа таа што ја видовме, тогаш има убава локација. Патот е 8-9 саати.
Не.Читав по форуми дека често се сретнувале змии во Парга. Ти налета на некоја?![]()
Преку Савана бевме во вила Лимона зошто само таму имаше едно слободно студио. Претходно сакавме да закажеме во Мимис преку Оскар или во Алексија преку Савана, ама на 3 дена пред тргнување немаше место во ниту една друга вила што ја нудат нашиве агенции. Од Лимона до Крионери има 10 минути лесен пат низ центар, а 20 минути малку потежок пат до Валтос поради тоа што првин се искачуваш по угорница па се симнуваш до плажата. Такво е градчето. Мимис и Алексија не ги сретнавме шетајќи, а Фиоре има полоша локација од Лимона. Белос така-така, прашање на вкус иако и двете имаат и предности и недостатоци. Вила Марија ако е таа таа што ја видовме, тогаш има убава локација. Патот е 8-9 саати.
Јас имам уплатено за Парга од 14 август во Мимис, ми рекоја дека се наоѓа во центарот на парга, па сега ќе видиме, на 20мин пешки од Валтос.
Друго ми беше муабетот, дали има и колку кошта изнајмување на скутери? Дали за да изнајмиш скутер ти треба меѓународна дозвола или е доволно со наша возачка? Дали со скутер можеш да ги посетиш околните плажи како Саракинио на приер или е таа ептен далеку? На кој излети вреди да се оди?
Ние имаме во план еден или два дена да рентаме кола и да одиме и до Лефкада, па ќе видиме дали ќе ни се оствари тоа. Колку беше рент а карот од ден?
Леле те удавив со пашања, ако не ти е тешко пиши....позз
И кога би требало да бирам Лефкада или Парга што би било поубаво?