49 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
На денешен ден во 1963 година во 5 часот и 17 минути и 15 секунди, во Скопје започна
катастрофален земјотрес,кој со извесни мали прекини траеше
до 5 часот и 57 минути и 56 секунди,епицентарот се наоѓал во самиот центар на градот
на длабочина од 3 км.Целиот простор кај што има урнатини заваќал 16 км 2.
Земјотресот бил со јачина од 9 степени според Меркали-Зиберг.
Земјотресот направи штета и во околните села во пречник од 40 км.
Дента на 26 јули имало вкупно 67 земјотреси.
Загинале 1070 (евидентирани) граѓани на градот.
Останале мал дел и неевидентирани загинати од левата страна кој семејствата сами ги погребале.
На повеќе места земјиштето се распукало во должина од по 200м.
----------------------------
Да не се заборави ’63
Прочитај повеќе во темата - Градови - Скопје “63 година
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Dedo Anco,uste kolku temi ke otvoris za zemjotresot? :)
Ova mozese da go pises i vo taa sto ja imas veke otvoreno za toa :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Dedo Anco,uste kolku temi ke otvoris za zemjotresot? :)
Ova mozese da go pises i vo taa sto ja imas veke otvoreno za toa :)
Нека биде темава за оддавање почит на загинатите и за одбележување на денов.
49 години од најголемиот и најужасниот земјотрес кој го остави Скопје разрушено и полно со болка.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Нека биде темава за оддавање почит на загинатите и за одбележување на денов.
49 години од најголемиот и најужасниот земјотрес кој го остави Скопје разрушено и полно со болка.
Vo red neka bide,nemam protiv,ama istovo mozese da se pise i vo postoeckata tema.
Kako i da e,lesna im zemja na zaginatite,i neka ne se povtori veke takvo nesto,nikade :)
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Уште една година и јубилејни 50 години,можеби и пејачи балкански ќе викне Грујо во чест на земјотресот :P
Ја прашувам пра-баба ми за земјотресот,инаку 92 години ни гледа ни слуша и велам ...Дај објасни како беше тогаш во тоа време земјотресот што направи?
она вели(морам на беровски шмек да го напишам како и шо ми го има кажано): Еми потресе се земјата,само знам оти повече глувци се спасија одшо свет.Јазека бех тамо и жива останах,а ојдех да се љубувам сос пра-дед ти :P
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Уште една година и јубилејни 50 години,можеби и пејачи балкански ќе викне Грујо во чест на земјотресот :P
Немојте и на вакви теми да го дрвите за политика, нели ви е доста?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
На денешен ден во 1963 година во 5 часот и 17 минути и 15 секунди, во Скопје започна
катастрофален земјотрес,кој со извесни мали прекини траеше
до 5 часот и 57 минути и 56 секунди,епицентарот се наоѓал во самиот центар на градот
на длабочина од 3 км.Целиот простор кај што има урнатини заваќал 16 км 2.
Земјотресот бил со јачина од 9 степени според Меркали-Зиберг.
Земјотресот направи штета и во околните села во пречник од 40 км.
Дента на 26 јули имало вкупно 67 земјотреси.
Загинале 1070 (евидентирани) граѓани на градот.
Останале мал дел и неевидентирани загинати од левата страна кој семејствата сами ги погребале.
На повеќе места земјиштето се распукало во должина од по 200м.
----------------------------
Да не се заборави ’63
Прочитај повеќе во темата - Градови - Скопје “63 година
А ти што правеше за време на земјотресот? Или не те фати?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Нека биде темава за оддавање почит на загинатите и за одбележување на денов.
49 години од најголемиот и најужасниот земјотрес кој го остави Скопје разрушено и полно со болка.
точно и за тоа ја отварам темава за одавање почит на нашите сограѓани
ама деца одма да драпаат,што знаат они за тие вренмиња,а за газиња и шунди не им смета да им отвараш секоја минута нови теми и слики
--- надополнето: 26 јули 2012 во 22:55 ---
А ти што правеше за време на земјотресот? Или не те фати?
тоа утро спиевме,но мајка ми рано излезе за на работа како и секој ден
во 5 часот и 10-ина минути,секако како мајка ќе не бакне и оди на работа,
таткоми беше со нас воиста соба.На првиот потрес паднаа четирите
столици кој беа на шивоњерот(се чуваа резерва за гости кога ќе дојдат)
татко ми рече „ спи,спи ништо нее“-земјотрес- а јас се уште не спиев од испраќањето на мајка ми.Но за многу кратко време стресе многу посилно,одоздола како да идеше со голема бучава,сега падна и горниот дел од креденецот.Оние старине ги има уште негде по селата,и се се испокрши на сред соба,стакло насекаде нема каде да се стапне.Ние сме уште во кревет а источниот ѕид на собата паднал кон надвор,и така сонливи се чудиме како сме во кревет а сме надвор,бидеиќи се гледаше цело небо и светлина.Татко ми срипа и прв и не зема во раце мене и брат ми и не изнесе надвор. А надвор. Само лелеци.Бабата што живееше под нас,ја треснало некоја цигла по глава и цела беше во крв.Цел народ беше на улица.Цело маало.Сите се познававме. Како едно семејство,како едно село.А не како сега признавам не знам кој е ни до мене ни под мене ни над мене во зградава.Во близина имаше една висококатница-кула и беше се расцепила на пола,т.с.една страна воопшто ја немаше
Дента бевме евакуирани,попладнето во Велес,а потоа по неколку дена по сите краишта на Југославија,а јас во Марибор - Руше,и таму не чуваа како свој деца,дури и почнавме и на школо да одиме таму. Чао..............
--- надополнето: 26 јули 2012 во 23:04 ---
Имаше многу трагедии,многу семејства зави во црно оваа катастрова,
пишував за тоа во темата Скопје“63.
сега само ова.Една млада девојка е на годишен одмор во Охрид но
вечерта на 25 јули доаѓа во Скопје да го прослави роденденот,каде утрото ги затекнува земјотресот и таа загинува со уште некои другари.
Судбина. Разни судбини. Жалосно секако.
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237

Кажи бе нешто повеќе, интересно ми е. А мајка ти отиде ли на работа, како се најдовте со неа?
И кога се вративте во Скопје?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
можам со денови за ова да ви раскажувам.
Мајка ми земјотресот ја затекнал некаде кај Жена парк,карши собрание.
Работеше чистачка во Работнички дом(цел век).Таа сама си знае како се враќала назад,кај нас дома,кога цел град бил разрушен и кај и бил паметот.
Луѓето во маало така излегоа,голи полуголи на улица после се повратија за да земат нешто,и по некоја покривка за малите деца.
Родителите одма отидоа да помагаат по срушените куќи.Телефони немаше.
Работнички дом - највисоката зграда остана нечепната,се лулала-нишала ама остана здрава за земјотресот,додека во исто време тој што ја изгради лежеже во затвор во Идризово-демек ставил повеќе железо и цемент.
Во Скопје се вративме,есента за на школо (не сакавме таму јас и братми)
живеевме во шаторската населба на Водно кај Панорама.Поточно цело Скопје беше под шатори.Кој настрадаа повторно од 4-10 октомври бидеиќи врнеше непрекинато дожд неколку дена.Тие денови неможам да ги заборавам,а земјотреси имаше се уште секојдневно.
 
A

AnFem

Гостин
Дали е сега правиот момент да спукам малку со локал патриотизам? :icon_lol:
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Се разбира дека од земјотрес не се плашат само локал-патриотите,
и не настрадаа само тие и културните луѓе,туку и примитивните луѓе.
Тоа е страв од од непознатото,од нешто што доаѓа одненадеж и против кое човекот е немоќен без разлика на тоа што е тој во тој момент.Се смета дека стравот од земјотрес е најтежок вид на страв,бидеиќи е колективен,се пренесува со голема брзина меѓу масите,и како таков доведува до паника.Но,меѓу стравот што владее кај културниот и примитивниот човек има разлика.Кај културниот човек стравот доаѓа од визуелното реагирање на она што го носи земјотресот,додека кај примитивецот стравот е удвоен бидеиќи покрај визуелната компонента тој се плаши и од некоја натприрорадна сила.
--------------------------------------------------------
земјотрес од 1-2-3 степени ги регистрираат само апаратите,а луѓето - не
Земјотрес од 4 степени ги разбудува повеќето луѓе од сон
Земјотрес од 5-6 степени ги разбудува сите луѓе од сон
Земјотрес од 7 степени,некои послаби градби почнуваат да паѓаат
Земјотрес од 8 степени,паѓаат повеќе згради,камбаните почнуват да ѕвонат
Земјотрес од 9 степени,паѓаат поголем дел од зградите (Скопје “63 г.)
Зем.од 10 степ. ретко останува некоја зграда,ги искривува шините
Зем.од 11 степ. се рушат сите градби и пука земјата,реките менуваат тек
Зем.од 12 степ. уништува се што создал човекот,се создаваат нови езера,
котлини,планини и целата област го менува својот надворешен изглед.
---------------------------
сега пукај
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Неверојатна новинарска приказна за земјотресот од 1963
Петок, 27 Јули 2012 11:15

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Изложбата „Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје од 26 Јули 1963", што вчера вечер беше отворена во Музејот на Град Скопје, авторката Зоја Богдановска и нејзиниот соработник Стоиле Трајковски ја посветиле на Јован Поповски, хроничарот и сонувачот на Скопје.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со што и официјално заврши одбележувањето на 49 годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26-ти јули 1963 година во Скопје.
-За само еден час, новинарот Јован Поповски, во тоа време дописник од Македонија на весникот „Политика“, направи своевиден подвиг, качувајќи се на електричен столб, го испрати во етер првиот и единствен извештај тоа утро од разорениот град. Затоа и денес, 49 години потоа, овде во Музејот на град Скопје, кој е нем споменик на тоа време, се навраќаме на неговиот подвиг и на тој настан којшто е врежан во историјата на нашиот град. Веднаш откако веста за оваа катастрофата го обиколи светот, меѓународната заедница покрена огромна акција за помош, во размери скоро невидени дотогаш. Се врати оптимизмот и надежта на овој град, а собраниот и обединет свет, со неизмерна верба и љубов, помогна во градењето на новото Скопје, кое стана симбол на човековата пожртвуваност, хуманост и солидарност. На бреговите на Вардар израсна нов, современ, убав град во кој, секоја генерација остава свои неимарски траги и белези со кои таа се препознава и идентификува. И во оваа пригода, му се заблагодаруваме на новинарот, писателот и публицист Јован Поповски за неговиот храбар и професионален чин којшто го направи за своите сограѓани и за својот град, истакна градоначалникот Трајановски.
Директорката на Музејот на град Скопје, Љубица Кондијанова, им посака добредојде на присутните во како што рече таа „симболот на разурнатото Скопје“ и замоли за едноминутно молчење во знак на почит на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје, а актерот Роберт Вељановски го прочита во целост извештајот што утрото на 26.07.1963-та го испрати Јован Поповски.
Изложбата „Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје од 26 јули 1963" е приказна за првиот новинарски извештај испратен од Скопје утрото на 26 јули 1963 година, кога силнен земјотрес го разурна градот. Во хаотичното утро кога градот останал без сите можни врски со светот, новинарот Јован Поповски, околу 6 часот и 30 минути го испраќа првиот и единствен новинарски извештај испратен тоа утро од разурнатиот град.
Врската била воспоставена од една телефонска бандера крај кејот на Вардар, во близина на Споменикот на паднатите борци во НОБ. Извештајот бил испратен до белградскиот весник „Политика" за кој Јован Поповски работел како надворешен дописник од Скопје и бил објавен истиот ден, околу пладне, во вонредниот број на „Политика". Истата вест ја пренеле и светските медиуми. На тој начин светот разбрал за катастрофалниот земјотрес, и со тоа Скопје почна да ги прима првите спасувачи.
Изложбата, покрај тоа што ни ги раскажува првите часови по катастрофата, е збогатена и со лични предмети на новинарот Јован Поповски преку кои го запознаваме неговото новинарско и публицистичко творештво. Во витрините се изложени неговите награди и признанија, како признанието коешто ретко кој успева да го добие - Плакета за најдолг новинарски стаж.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/79335-Neverojatna-novinarska-prikazna-za-zemjotresot-od-1963
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
„За тоа кој ја испратил првата вест за земјотресот во Скопје,
има повеќе претпоставки.Поради тоа што уредите за врска биле значително оштетени во градот,светот прилично доцна разбрал
и се информирал за скопската трагедија
По се изгледа дека првата вест ја ипратиле луѓе од армијата.
Во 6 часот и 40 минути на 26 јули капетанот 1 класа Петар Јовиќ
благодарение на икуството од минатогодишната поплава,кога исто
така прв го известил Белград за неа,тој уште возбуден од земјотресот
и необлечен се стрчал во својата команда и преку радио-врска го
известил дежурниот во воената команда во Приштина.
Тој ја испратил следнава телеграма:
- Кај нас е катастрофален земјотрес.Итно испратете санитетски екипи“
Радио Приштина прва ја емитуваше веста за земјотресот во Скопје
околу 7 часот,што значи близу два часа по настанот.“
Радио Скопје престана со своето емитување програма во 5часот и 17 минути,програмата ја продолжи во 9часот и 30 минути
Први фотографии и телефизиски снимки направил американскиот
фото-репортер Сам Ноцела.Тој спиел во хотелот Турист.Разбуден од земјотресот,имал време само да ја грабне камерата и да избега надвор.
Веќе во 5 часот и 20 минути ги снимил и првите потресни фотогравии,
кој потоа ги објави француското списание „Пари-Мач“ и телевизијата.
(Скопје тогаш имаше околу 200.000 жители, 1/7 од вкупното население
во Македонија,130.000 лица беа евекуирани наредните денови)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom