Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не си свесен што заговараш.
Потполно сум свесен и свесно зборувам, а не заговарам ништо. Ако некој овде заговара тоа се христијаните
Ако си воочил што е слобода, нема да заговараш свесност како егзистенцијална категорија.
Се наоѓаш на тема за Христијанство, учењето што го изложуваш е веќе виден проблем од времето на бл. Августин, а потоа и од Декарт кои како побожни и со најдобра намера, сепак направија тешки импликации и проблеми посебно во Западното Христијанство, но за жал има инфилтрација и во Православието и генерално во човечката цивилизација.
Јас на тема Христијанство и ти поставив прашања, кои ти вешто ги избегнуваш цитирајќи ми овој или оној, и пак сега истото го правиш, не сфаќајки ја својата контрадикторност. А што се однесува до моето мислење ниту е западно христијанско ниту православно. Читај што ти пишувам, потруди се да разбереш.
Твоето верување е твое, не наметнувај на другите, освен ако немаш кконкретни факти.
Обиди се да ја средиш оваа космогонија, бидејќи свеста е само аналогија на нешто што има своја егзистенцијална потенција, вака е бесмислено.
Се е средено и срочено како што треба, само твојата неслобода не ти дозволува да го уклучиш разумот и да видиш поразлично мислење од твоето
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Контрадикторно разбираш, инаку Бог се открива на човекот запазувајќи му ја слободата.

Се работи за презентирање одредена вистина, а не банално и арогантно разбирање на побожноста како коленичење, постење, ритуалност...
Ниту свеста, ниту верувањето те прави човек, потруди се посериозно да разбереш што се пишува, слободната заедница Човек-Бог го дава постоењето.
Бог е неопходен за нашето постоење, кое може да се реализира со слободен а не поданички или било каков ропски пристап.
Оној што избрал слобода без Бог, неможе да постои како човек.
Извини вака што ќе се вмешам. но затоа сум MEDDLE, нели?
Не можам да ти цитирам се што си пишал, но затоа погоре ти ги избрав овие две твои изјави...

Ќе ти поставам четири прашања.. со оглед да зборот Бог констатно го употебуваш, тогаш идеме вака:

1. Кажи ми, како можеш да го докажеш присуството на една безтелесна, религиозна, мета-физичка, филозофска концепција наречена „Бог“ ?

2. Дали Бог е авторитет?

3. Зошто само преку Бог, како неопходност (ко што велиш), но и како наметлив апстрактен авторитет, може да се дојде до слобода?

4. Зошто твоето лично спознание за слобода, сметаш дека треба да се добие преку токму таа апстрактна авторитарност?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Се си има во светата книга!Основен, единствен и вистинит извор на факти.*
*Ова важи за скоро сите религии.
Во библијата има “Основен, единствен и вистинит извор на факти“ дека земјата е рамна плоча
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98

Ај те молам најди го тој стих, кај што пишува дека земјата е рамна плоча! Јас до сега го немам најдено, па те молам просветли ме.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ај те молам најди го тој стих, кај што пишува дека земјата е рамна плоча! Јас до сега го немам најдено, па те молам просветли ме.
Големо беше тоа дрво и цврсто, а височината негова достигаше до небото, и се гледаше од сите краишта на целата земја.
Даниел 4:8

Дрво од кој врв се гледаат сите краишта на светот. Ако земјата е тркалезна од ни една височина не можеш да ги видаш а ни постојат краишта на светот. Единствено на рамна плоча имаш краишта

ПС
Ова е само едно од многуте “докази“ на библијата дека земјата е рамна плоча. Онака 3 минути пред да станам да ручам, то ми текна, ако не си задоволен.... после следат и други
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Многу ти е “јак“ доказот, чекам други поконкретни.
Плус станува збор за сонот кој го сонил царот Навуходоносор. А краишта се однесува на области. Ко ќе пееме „Битола мој роден крај...“, не мислиме дека Битола е крај (т.е. раб), ами пееме за битолската околија(т.е. област).
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Многу ти е “јак“ доказот, чекам други поконкретни.
Плус станува збор за сонот кој го сонил царот Навуходоносор. А краишта се однесува на области. Ко ќе пееме „Битола мој роден крај...“, не мислиме дека Битола е крај (т.е. раб), ами пееме за битолската околија(т.е. област).
Библија е песна од Aјри Демировски?
Ајри Демировски ја напиша Битола мој роден крај, јас мислев дека Библијата е дело на Бог кој знаел да разликува топка од рамна површина.

Maтеј вели:
Го одведе ѓаволот потоа на многу висока планина и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава

Постои планина од чиј врв можат да се видат сите царства на светот? и кина и Јужна Америка и Африка и Европа?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Извини вака што ќе се вмешам. но затоа сум MEDDLE, нели?
Не можам да ти цитирам се што си пишал, но затоа погоре ти ги избрав овие две твои изјави...

Ќе ти поставам четири прашања.. со оглед да зборот Бог констатно го употебуваш, тогаш идеме вака:

1. Кажи ми, како можеш да го докажеш присуството на една безтелесна, религиозна, мета-физичка, филозофска концепција наречена „Бог“ ?
Зборувам за Христијанскиот Бог, Св. Троица, Која Христос(Синот) ја објави и тоа во тело, а беше посведочена од Отецот и Св. Дух, Кој пак ја сведочи до ден денес и до крајот на вековите во Христовата Црква.
2. Дали Бог е авторитет?
Апсолутен.
3. Зошто само преку Бог, како неопходност (ко што велиш), но и како наметлив апстрактен авторитет, може да се дојде до слобода?
Затоа што е Апсолутен, Безпочетен, Бескраен..., несоздадена категорија, а пак човекот создадена смртна категорија.
До вистинската Слобода како егзистенција може да се дојде ако се соедини Несоздаденото со Создаденото.

4. Зошто твоето лично спознание за слобода, сметаш дека треба да се добие преку токму таа апстрактна авторитарност?
Ова учење за Слободата како начин на постоење на Човекот во вечна заедница во Св. Троица е Христијанско, а не мое лично, кое како исповедување на Црквата единствено го прифаќам.
Бог се јави во тело и не е апстрактен, напротив Конкретен и Личносен:

освен по Својата Божествена Природа која е недостапна за созданието.
--- надополнето: 25 јули 2012 во 19:31 ---
Потполно сум свесен и свесно зборувам, а не заговарам ништо. Ако некој овде заговара тоа се христијаните

Јас на тема Христијанство и ти поставив прашања, кои ти вешто ги избегнуваш цитирајќи ми овој или оној, и пак сега истото го правиш, не сфаќајки ја својата контрадикторност. А што се однесува до моето мислење ниту е западно христијанско ниту православно. Читај што ти пишувам, потруди се да разбереш.
Твоето верување е твое, не наметнувај на другите, освен ако немаш кконкретни факти.

Се е средено и срочено како што треба, само твојата неслобода не ти дозволува да го уклучиш разумот и да видиш поразлично мислење од твоето
Објасни ја контрадикторноста, јас се трудам да одговорам во Духот на Православието кое никако не е контрадикторно, се разбира јас може да погрешам во изложувањето, па затоа молам да ми се укажат грешките.
Болд:
Можеби е твое мислење, затоа реков несвесно исповедаш едно учење кое е постоечко многу време пред тебе и е многу проблематично и со големи последици врз човештвото.
Овде си на Хриситјанска тема и затоа не се навредувај за укажаната критика.
 
Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Затоа што е Апсолутен, Безпочетен, Бескраен..., несоздадена категорија, а пак човекот создадена смртна категорија.
До вистинската Слобода како егзистенција може да се дојде ако се соедини Несоздаденото со Создаденото.
„Човекот создадена смртна категорија“ - која по некоја случајност е доволно моќна да си создаде бог, а потоа да го убие?
Не ме засмејувај те молам... Запомни: се што има на светов (наука, религија, филозофија, историја етц.) е човекова измислица, ништо не е
апсолутно, се е во постојан тек и во постојано менување, во иднина твојот „бог“ ќе биде еден обичен Зевс. Човекот ја направил религијата - а не обратно.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
„Човекот создадена смртна категорија“ - која по некоја случајност е доволно моќна да си создаде бог, а потоа да го убие?
Не случајност, ами дар од Бога, Чие постоење е независно од човечката креација.

Не ме засмејувај те молам... Запомни: се што има на светов (наука, религија, филозофија, историја етц.) е човекова измислица, ништо не е
апсолутно, се е во постојан тек и во постојано менување, во иднина твојот „бог“ ќе биде еден обичен Зевс. Човекот ја направил религијата - а не обратно.
Ако ја проанализираш целокупната човечка историја, присутноста на Св. Троица е цело време забележлива и конечно пред 2000г. јасно и конкретно, објавена во Лицето на Исус Христос, Кој иконолошки ја сведочи Вистината во есхатонот.
Преку Христос ја имаме оваа цивилизација со реалниот квалитет на човечката еволуција и на полето на науката и технологијата, бидејќи претходно не ослободи од разно разни митологии, паганства, страв од физичките закони, нужности..., така да преку Христијанството само може да се види реализација на љубовниот, сотириолошки план за човекот и материјата.
За разлика од безбожниот, атеистички, богоборечки дух и неговите поклоници кои тежнеат повторно да се вратат во паганство, заробувајќи се во себе, си клањајќи на сопствените дела, наука, технологија..., наместо да се служат со нив, стануваат нивни заробеници, слуги..., губејќи го личниот, од Бога даден човеков идентитет.
Така од овие два пристапа воочи кој е засмејувачки, јас би рекол -Трагичен.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ако е ова!
Затоа што е Апсолутен, Безпочетен, Бескраен...,
Зошто го огради само на Христијански?
Зборувам за Христијанскиот Бог
Според твоите зборови, тој не е бог на другите!

јас се трудам да одговорам во Духот на Православието кое никако не е контрадикторно, се разбира јас може да погрешам во изложувањето, па затоа молам да ми се укажат грешките.
Еве грешка!
Покајсе за направената грешка,што го ограничи апсолутниот,бескрајниот,безимениот создател на светот во кои живеат сите,..:)
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Зборувам за Христијанскиот Бог, Св. Троица, Која Христос(Синот) ја објави и тоа во тело, а беше посведочена од Отецот и Св. Дух, Кој пак ја сведочи до ден денес и до крајот на вековите во Христовата Црква.

Апсолутен.

Затоа што е Апсолутен, Безпочетен, Бескраен..., несоздадена категорија, а пак човекот создадена смртна категорија.
До вистинската Слобода како егзистенција може да се дојде ако се соедини Несоздаденото со Создаденото.

Ова учење за Слободата како начин на постоење на Човекот во вечна заедница во Св. Троица е Христијанско, а не мое лично, кое како исповедување на Црквата единствено го прифаќам.
Бог се јави во тело и не е апстрактен, напротив Конкретен и Личносен:

освен по Својата Божествена Природа која е недостапна за созданието.
--- надополнето: 25 јули 2012 во 19:31 ---

Објасни ја контрадикторноста, јас се трудам да одговорам во Духот на Православието кое никако не е контрадикторно, се разбира јас може да погрешам во изложувањето, па затоа молам да ми се укажат грешките.
Болд:
Можеби е твое мислење, затоа реков несвесно исповедаш едно учење кое е постоечко многу време пред тебе и е многу проблематично и со големи последици врз човештвото.
Овде си на Хриситјанска тема и затоа не се навредувај за укажаната критика.
Ништо... мислев ќе избегаш од шаблонот наречен „веронаука“.. ама констатнтно се користиш со едни исти фрази, што ги имам прочитано овде од 100 души што пишувале за христијанстовото..

Извини, али ко од ист калап да сте праени.... Малку бе да мрднеше и ти со мислата понапред..

Ништо, џабе....ќе треба да се повтара чоек со едни исти фрази и да објаснува нешто што нема теоретски шанси некој да го сфати.. то ти је..

фурај..
 
Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Ако ја проанализираш целокупната човечка историја, присутноста на Св. Троица е цело време забележлива и конечно пред 2000г. јасно и конкретно, објавена во Лицето на Исус Христос, Кој иконолошки ја сведочи Вистината во есхатонот.
Преку Христос ја имаме оваа цивилизација со реалниот квалитет на човечката еволуција и на полето на науката и технологијата, бидејќи претходно не ослободи од разно разни митологии, паганства, страв од физичките закони, нужности..., така да преку Христијанството само може да се види реализација на љубовниот, сотириолошки план за човекот и материјата.
За разлика од безбожниот, атеистички, богоборечки дух и неговите поклоници кои тежнеат повторно да се вратат во паганство, заробувајќи се во себе, си клањајќи на сопствените дела, наука, технологија..., наместо да се служат со нив, стануваат нивни заробеници, слуги..., губејќи го личниот, од Бога даден човеков идентитет.
Така од овие два пристапа воочи кој е засмејувачки, јас би рекол -Трагичен.
Човекот е бактерија, вирус во споредба со универзумот. Нашето постоење во „24- часовниот“ универзум се мери во стотинки, кажи ми кај се диносаурусите во библијата?

Од двата пристапа, ти воочи кој наштетил повеќе на човештвото. Твојот не е трагичен, жален е што уште постои...
 
Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Малку оф Топик..

Но со оглед да сакаат христијаниве да го прогласат за светец.. пак едно прашање.. добро со кој памет ебаве беља?!

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A5D600EDFCFCF34594B876B1083CD8B1
Зошто бараш логика во монотеистичка креационистичка религија?
Wanna hear a joke? Creationism
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom