Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А согласно болдираното, бог не е воопшто потребен во нашиот живот, ниту пак спознание дали постои или не. Уште пак помалку некаква благодарност (молитви, клањања и сл.) кон неговите творби.
Немаш искусено да те фатат во швалерација - да видиш колку побожен може да стане чоек да се моли и клања па ако треба и литургија ќе компонираш само да се спасеш!
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Немаш искусено да те фатат во швалерација - да видиш колку побожен може да стане чоек да се моли и клања па ако треба и литургија ќе компонираш само да се спасеш!
Затоа не се швалерисувам, ќе станам побожен:D јас сум си верен, не сум верник ;)
 
Член од
3 јули 2012
Мислења
162
Поени од реакции
28
Затоа не се швалерисувам, ќе станам побожен:D јас сум си верен, не сум верник ;)
Мој совет ти е да се жениш, ако женати е убава ќе си бидеш среќен, ако не....ќе бидеш филозоф-
-СОКРАТ
;)
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
А согласно болдираното, бог не е воопшто потребен во нашиот живот, ниту пак спознание дали постои или не. Уште пак помалку некаква благодарност (молитви, клањања и сл.) кон неговите творби.
Бог е неопходен за нашето постоење, кое може да се реализира со слободен а не поданички или било каков ропски пристап.
Оној што избрал слобода без Бог, неможе да постои како човек.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Мој совет ти е да се жениш, ако женати е убава ќе си бидеш среќен, ако не....ќе бидеш филозоф-
-СОКРАТ
;)
Јас кога сум се оженил ти у татина ..... беше уште
Бог е неопходен за нашето постоење, кое може да се реализира со слободен а не поданички или било каков ропски пристап.
Оној што избрал слобода без Бог, неможе да постои како човек.
Твое мислење кое не е поткрепено со ништо. Дури и контрадикторен си. Ако нема влијание врз нашиот живот тогаш не мора да знаеме дали постои или не, независно неговото постоење/непостоење.
Болдот е некоја безвезна логика. Кога ќе се откажеш од молитвите и коленичењата, постењата, ритуалите, тогаш кажи дека си слободен. Човек се станува кога ќе станеш свесен за истото, верувањето не те прави ни помалку ни повеќе Човек.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Јас кога сум се оженил ти у татина ..... беше уште

Твое мислење кое не е поткрепено со ништо. Дури и контрадикторен си. Ако нема влијание врз нашиот живот тогаш не мора да знаеме дали постои или не, независно неговото постоење/непостоење.
Контрадикторно разбираш, инаку Бог се открива на човекот запазувајќи му ја слободата.
Болдот е некоја безвезна логика. Кога ќе се откажеш од молитвите и коленичењата, постењата, ритуалите, тогаш кажи дека си слободен. Човек се станува кога ќе станеш свесен за истото, верувањето не те прави ни помалку ни повеќе Човек.
Се работи за презентирање одредена вистина, а не банално и арогантно разбирање на побожноста како коленичење, постење, ритуалност...
Ниту свеста, ниту верувањето те прави човек, потруди се посериозно да разбереш што се пишува, слободната заедница Човек-Бог го дава постоењето.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Контрадикторно разбираш, инаку Бог се открива на човекот запазувајќи му ја слободата.

Се работи за презентирање одредена вистина, а не банално и арогантно разбирање на побожноста како коленичење, постење, ритуалност...
Ниту свеста, ниту верувањето те прави човек, потруди се посериозно да разбереш што се пишува, слободната заедница Човек-Бог го дава постоењето.
Потруди се ти да ме разбереш што ти велам. Не си во право. Со тие напамет научени фрази никаде нема да стигнеш. Остави „светиите“ што ви велат или што вели книгата. Заедницата човек-бог го прави постоењето, но некој си друг бог е во прашање (неговото височество Универзум), не твојот. Но постоењето како суштество не и како Човек (не мислам на човек). Само свесноста (не свеста, како што велиш) те прави Човек.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Прашања за христијанството:

Што по ѓаволите е ова?

 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Потруди се ти да ме разбереш што ти велам. Не си во право. Со тие напамет научени фрази никаде нема да стигнеш.
Напротив зборувам емпириски од повеќегодишно искуство.
Остави „светиите“ што ви велат или што вели книгата.
Очигледната фобија на заробување, загрозеност што ја имаш од Христијанскиот Бог и Црквата, сведочи за слободата што ја имаш а неможеш да ја препознаеш, туку само инстиктивно реагираш од својата зацементирана позиција, која ти дава лажна сигурност и несвесно се обидуваш да ја заштитиш.
Заедницата човек-бог го прави постоењето, но некој си друг бог е во прашање (неговото височество Универзум), не твојот. Но постоењето како суштество не и како Човек (не мислам на човек). Само свесноста (не свеста, како што велиш) те прави Човек.
Ако вистински го прифаќаш болдот, ќе согледаш дека треба да се растеретиш од безлични Универзуми (кои ти се дадени на одговорност да ги принесеш на Личносниот Бог) и некакви психолошки состојби на свесност, свест, потсвест...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Напротив зборувам емпириски од повеќегодишно искуство.
Јас ти зборував за моето искуство долгогодишно. И пак ќе ти кажам од искуство. Ништо поразличен не си од камен, или дрво, во најдобар случај животно ако не си свесен.
Очигледната фобија на заробување, загрозеност што ја имаш од Христијанскиот Бог и Црквата, сведочи за слободата што ја имаш а неможеш да ја препознаеш, туку само инстиктивно реагираш од својата зацементирана позиција, која ти дава лажна сигурност и несвесно се обидуваш да ја заштитиш.
Фобијата ја имав можеби до пред 35,40 год. Јас многу добро сум уочил што е слобода, а ти заробен во туѓите тафтологии и догми се копрцаш, демек ти знаеш што зборуваш. Не пријателе, не знаеш. Јас ти кажувам дека ти не си човек, ти си само програмирано роботче со уфрлен софтвер. Треба да пробаш друг, да испиташ истражиш, да споредиш. Твојата позиција е зациментирана, мојата со астрономска брзина оди напред.

Ако вистински го прифаќаш болдот, ќе согледаш дека треба да се растеретиш од безлични Универзуми (кои ти се дадени на одговорност да ги принесеш на Личносниот Бог) и некакви психолошки состојби на свесност, свест, потсвест...
Изваден од контекст лошо си болдирал. Така не го прифаќам.
Универзумот е далеку помалку безличен од твојот лицемерен Јахве. Не зборувам јас за психолошка состојба. Зборувам за лична состојба, состојба која само човек може да ја има. Но која корист од нештото ако го имаш а не си свесен дека го имаш и не го користиш.

Постои голема разлика меѓу тоа дали светот само го носите во себе, или дали тоа и го знаете! Некој лудак може да изговори мисли кои потсетуваат на Платон, а некое малку побожно учениче во Хернхутскиот семинар размислува творечки за истите длабоки митолошки поврзаности што се јавуваат кај гностичарите или кај Зороастер. Меѓутоа, тој за тоа не знае ништо! Тој е дрво или камен, во најдобар случај животно, се додека тоа не го знае. Но, кога ке светне првата искра на тоа сознание, тогаш станува човек. Веројатно нема да ги сметате за луѓе сите тие двоношци кои се движат по улиците, само затоа што одат исправено и што своите новороденчиња ги носат по девет месеци? Па вие гледате колку од нив се риби, или овци, црви или пијавици, колку се мравки, колку се пчели! Само, во секој од нив постои можност да се роди човек, но дури тогаш кога тој ќе ги насети тие можности, дури тогаш кога ќе научи да ги направи делумно свесни, дури тогаш тие се негова сопственост.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
89
Поени од реакции
25
vo heberjskata sthot od song of solomon 5:16 bibla uste stoi imeto na Muhammed s.a.w.s. , tie ne ja promenija nivnata.

no vo hrstijanskata bibla e smeneto.
Дали вие муслиманите навистина мислите дека може да се најдат записи за Мухамед во Стариот Завет? Според сурите 7 и 61 Мухамед е предвиден во Стариот Завет (Taurat).

Веќе долго време, муслиманите очајно се обидуваат да ги најдат предвидувањата за нивниot пророк во тие текстови, кои му претходеле на Куранот (Taurat, Zabuur и Injil), но немале успех. Иронично е дека муслиманите сега се принудени од страна на нивното Свето писмо да ја утврдат веродостојноста на нивниот пророк во Стариот Завет.

Муслиманите и Христијаните взаемно се согласуваат дека Христовото доаѓање било предвидувано често во Стариот Завет. Сепак, ако Бог имал намера да испрати друг пророк многу поголем од Исус, - природно, би требало да се најдат предвидувања во врска со него во Стариот Завет. НО, -НИКОЈ ДОСЕГА не мo
жел да го најде. Затоа, без предвидувањата во Стариот Завет, - единствените критериуми за пронаоѓање некаков авторитет за личноста на Мухамед почива исклучиво и во целост – само во Куранот. Поради овие очигледни причини ваквиот аргумент е неодржлив.

Најдобар пример за да се илустрира тешкотијата во замена на еден збор со друг се наоѓа токму во песната на Соломон, глава 5, стих 16. Во овој пасус муслиманите тврдат дека хебрејскиот збор machmad ("целосно прекрасен") може да се замени со Мухамед.
Ова е стихот во Библијата:

Песната на Соломон 5:16: "
16Говорот му е сладок и сиот е од љубезност. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!".


Песната на Соломон е поетска љубовна приказна меѓу Возљубениот и нејзиниот љубовник. Тоа е дел во Библијата што ги истражува убавината на бракот помеѓу Кралот и неговата сопруга.
Муслиманите веруваат дека придавската клаузула "целосно прекрасен" може да се промени со соодветната именка, "Мухамед".

Според тоа, текстот, тогаш треба да изгледа вака:

"16 Говорот му е сладок и тој е Мухамед. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!".
Оваа претпоставка, би отворила голем број на тешки прашања, ако се земе контекстот на поставената теза од страна на Муслиманите.

Имено:
1. Кои се ќерките на Ерусалим? Дали Мухамед некогаш придружувал некоја од неговите многу жени во Ерусалим?

2. Ако станува збор за Мухамед, која од неговите бројни сопруги зборува? Дали Мухамед некогаш бил во брак со „црна“ жена од Либан (како што таа се опишува во глава 1)?

3. Дали Мухамед некогаш тврдел дека е крал?

Значи, за што станува збор овде? Болдираните зборови во оригиналниот текст од Библијата (погоре) се преведени зборови на хебрејскиот збор, machmad. Најсоодветна дефиниција на machmad би било: желба, посакувано нешто, пријатно нешто.

Значи, може ли machmad да значи Мухамед? Мудрите истражувачи на Библијата утврдиле дека кога еден стих е доведен во прашање, оправдано е и можно да се објасни еден пасус од Библијата со помош на некој друг пасус. Зборот machmad се појавува дури дванаесет пати во Стариот Завет. Штом муслиманите имаат толку силна намера за изнаоѓање на името Мухамед во хебрејскиот збор machmad, важно е тие и понатаму да си останат доследни.
Затоа, еве само три од дванаесетте пророчки Библиски стихови подолу, па вие утврдете дали тие се вклопуваат во тезата machmad= Мухамед.
(Забелешка: Оригиналните Библиски стихови се заменети со Муслиманската теза за изедначувањето на хебрејскиот збор machmad со Мухамед, па самите проценете колку сето тоа има смисла:


1 Цареви 20:06
"
6 Биди уверен дека утре во ова време ќе ги испратам своите слуги, и тие ќе ги пребараат твојата куќа и куќите на твоите слуги, и ќе ја стават својата рака на сè што им е Мухамед, и ќе го однесат тоа.’”


Плач Еремиин 1:11
"
11Сиот Негов народ воздивнува барајќи леб; сите даваат Мухамед за храна, за да живнат повторно. Ете, Господи, погледај, зашто сум презрен!".

Езекиел 24:21
"
21’Кажи му на Израелевиот дом: „Господ Бог зборува вака: Еве, ќе го предадам на онечистување Моето Светилиште, гордоста на вашата сила, Мухамед на вашите очи и копнежот на вашата душа! И синовите и ќерките што ги оставивте, ќе паднат од меч. "

Ако ова „осакатување“ на Светото Писмо ви се чини смешно, тоа е така за да се отфрли теоријата или тезата зад која стојат муслиманите. Но, - еве, побарајте ги сами останатите девет референци кои го употребуваат зборот machmad и проверете дали ќе соодветствува зборот Мухамед.

Тие стихови во Библијата се: 2 Летописи 36:19, Исаија 64:11, Плач Еремиин 1:10, Плач Еремиин 2:4, Езекиел 24:16, Езекиел 24:25, Осија 09:06, Осија 9:16 и Јоел 03:05.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Јас ти зборував за моето искуство долгогодишно. И пак ќе ти кажам од искуство. Ништо поразличен не си од камен, или дрво, во најдобар случај животно ако не си свесен.
Не си свесен што заговараш.
Фобијата ја имав можеби до пред 35,40 год. Јас многу добро сум уочил што е слобода, а ти заробен во туѓите тафтологии и догми се копрцаш, демек ти знаеш што зборуваш. Не пријателе, не знаеш. Јас ти кажувам дека ти не си човек, ти си само програмирано роботче со уфрлен софтвер. Треба да пробаш друг, да испиташ истражиш, да споредиш. Твојата позиција е зациментирана, мојата со астрономска брзина оди напред.
Ако си воочил што е слобода, нема да заговараш свесност како егзистенцијална категорија.
Се наоѓаш на тема за Христијанство, учењето што го изложуваш е веќе виден проблем од времето на бл. Августин, а потоа и од Декарт кои како побожни и со најдобра намера, сепак направија тешки импликации и проблеми посебно во Западното Христијанство, но за жал има инфилтрација и во Православието и генерално во човечката цивилизација.
Изваден од контекст лошо си болдирал. Така не го прифаќам.
Универзумот е далеку помалку безличен од твојот лицемерен Јахве. Не зборувам јас за психолошка состојба. Зборувам за лична состојба, состојба која само човек може да ја има. Но која корист од нештото ако го имаш а не си свесен дека го имаш и не го користиш.
Само, во секој од нив постои можност да се роди човек, но дури тогаш кога тој ќе ги насети тие можности, дури тогаш кога ќе научи да ги направи делумно свесни, дури тогаш тие се негова сопственост.
Обиди се да ја средиш оваа космогонија, бидејќи свеста е само аналогија на нешто што има своја егзистенцијална потенција, вака е бесмислено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom