Каде можам да најдам подетални информации за тренирање фудбал во СК, 98?

  • Креатор на темата Креатор на темата FT9 - El Nino
  • Време на започнување Време на започнување
1) Идеш во клубот што сакаш да тренираш;
2) Бараш подетални информации;
3) Тренираш;

Што не е јасно? :)
Ако те интересира за некој одреден клуб, може да ти помогнеме евентуално околу тоа да ти кажеме каде се одвиваат тренинзите.
 
Одиш на стадион/игралиште/сала додека имаат тренинг ем ке гледаш ем ке се распрашаш-најубаво :)
+ ке видиш колкави и какви деца/луѓе тренираат :)
 
Пред 12 години ќе му дојде(10 год имаХ), имав желба да тренирам. ПОшо живеев у ГеГе, најблизок клуб ми беше Македонија ЃП. Отидовме со другар, си искажавме желбата и што се вика одма(дали истиот или наредниот ден) почнавме. Се плаќање тогаш 300 денари месечно, тренирав 2 месеца накачија 500 и си фатив магла. Тоа ми е една од најголемите грешки што сум ги направил до сеа. Не дека ќе играв у Јуве, Реал, Барса или што ти ја знам, али ипак.

Сеа не би требало да е нешто поразлично од тогаш. Дали и колку се плаќа, неам појма.
 
во Ѓорче сега мислам дека плаќат по 1200 денари
 
Беа времиња кога се тренираше без пари и се добиваше копачки дресови тренерки без пари и пак повеќе те форсираа..<3 Гемиџии!
 
Ми дојде идеја онака,да незнаете случајно некои локации во Скопје кај што тренираат мал фудбал (футсал)?? :D (ако некој знае нека каже,ако не во ред,без препукувања и останати мудри совети :) )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom