Струмица

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.971
Почина едниот од двајцата браќа, колеги на татко ми. Другиот се бори за живот, но минимални се шансите. :(

Лесна му земја.

Не знам како за профит подметнуваат пожари, а притоа забораваат дека човечки живот ќе носат на душа.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Тажно. Лека му земја. :(

Не сакам да предизвикувам политички препукувања, пренесувам тоа што го прочитав и слушнав, но вчера била побарана помош од владата да пратат авиони/хелихоптери за да помогнат во гасењето, но одбиле со причина дека ќе заврнало дожд и немало потреба од тоа.

Еве колку се креваше нагоре, слаб е квалитетот, но доволно може да се види.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.971
И вториот починал, пред малку. Телефони ѕвонат дома, лудница. Кога ќе помислам дека и татко ми можеше да биде таму...
А баш тргнале да си одат кога ги зафатила стихијата.
 
H

HITCH

Гостин
Огромна трагедија, огромна... Кутрите се изнамачија. Бог да ги прости!

Оф, Боже, тешко таа фамилија... :place:
 
M

Moon Child

Гостин
Не се разбирам па затоа ќе си прашам пошто ме интересира, како остваруваат профит луѓето што подметнуваат пожари?

Стварно жалосно, се наежив од видеото со пожарот, нека почиваат во мир :(
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.971
Добро, а како ги зафатил огнот, не можеле да побегнат некако?
Не можеле да побегнат бидејќи ги зафаќа од сите страни и ги гуши, нема кај да бегаш, оган е тоа се шири.

Не се разбирам па затоа ќе си прашам пошто ме интересира, како остваруваат профит луѓето што подметнуваат пожари?
За инспекторот да даде решение да се чистат изгорените дрва и да имаат од каде да берат дрва па после да ги препродаваат. Дрвокрадци се.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Тажно. Лека му земја. :(

Не сакам да предизвикувам политички препукувања, пренесувам тоа што го прочитав и слушнав, но вчера била побарана помош од владата да пратат авиони/хелихоптери за да помогнат во гасењето, но одбиле со причина дека ќе заврнало дожд и немало потреба од тоа.
Сега ќе се испосликаат сите политичари, и на крајот пак никој ни лук јал, ни ништо..
Ова што го кажуваш воопшто не е чудно.. Секој ден гранична полиција се развозува со хеликоптерите, а во вакви ситуации хеликоптери нам ни се трошок. Нашле на што да штедат.
Според информациите од лица вработени во ЈП "Македонски шуми" вториов човек што почина кога бил транспортиран до амбулантната кола бил контактибилен и свесен.. Можеби тоа не значи ништо при толкав степен на изгореници, но сепак не верувам дека брзиот транспорт е без значење.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186
Нека им е лесна земјата.

Јас незнам како може некој да живее вака, да носи луѓе на душа. Горчливо тажно.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
Најпрвин лека им земја на луѓето кој починаа.

Колко што разбрав од Сузана Мицева преги во отворената програма на ВИС вториот од починатите бил пренесен од Заев со четирициклот заедно со некој пожарникар а и самиот тој имал изгореници и дури дел од кожата на човекот му се лепела на мајцата....
изјавата на Заев за А1 он...
Инаку од тоа што го слушав вчера на вестите било побарано од владата писмено барање за пракање на авионите за гаснење на пожарот и по пратеното барање истите неможеле да полетат поради невремето кое се спремало...
Инаку колку што разбрав луѓето загинале токму од дождот бидејки кога заврнал дожд придружуван со силен ветер при допирот со огнот настанала ексползија при која настрадале сите повредени, а се нашле во средината помегу двата огани...
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.857
Поени од реакции
10.331
Лесна им земја...

Незнам што да речам, алчноста го уби разумот кај некои луѓе. Се случувало ова и порано, пред некое време беше опожарена и шумата кај Св. Илија од дрвокрадци, па секому тоа му доаѓа прво на памет како причина. Отидоа човечки животи за профит. Веројатно никогаш нема да се најдат подметнувачите, но за нормален човек два одземени животи на совест треба да е казна. Иако се сомневам овие имаат некаква совест.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707

Ова со лопати и гранки не се гаси од ова може само да се бега.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Како прво, лесна им земја на починатите, страшна е самата помисла да се соочиш со таква смрт, недај боже навистина да ти се случи такво нешто.

Второ, тој што го подметнал пожарот, без разлика дали намерно или ненамерно, да го стигне правдата што си ја заслужува. Треба прв тој да ја почувствува таа болка на своја кожа. Некои луѓе за пари се ќе направат.

Трето, огромна кривица имаат тука и државните органи. Не зборам конкретно само за овој пожар туку за сите пожари на целата територија на Македонија. Зошто се купуваат нови авиони специјализирани за гасење пожари? Зошто се опремуваа хеликоптерите со опрема со која ќе можат да гаснат пожари? За да седам паркирани на аеродромот? Пожарот почна некаде претпладне кај 11:30 часот и цел ден до 20:00 часот вечерта додека да заврне обилен дожд ниту абер немаше од авионите и хеликоптерите. Тоа не беше пожар, тоа беше пекол...Мои комшии кои приближно во тоа време за нашле во близина на местото каде што пожарот можел многу добро да се види велат дека тоа била неподнослива температура, чад, непроодност низ теренот....Ниту професионалните пожарникари неможеле да стигнат на некои места каде што пожарот бил многу силен и се ширел, па поради непристапност на теренот неможеле ниту да се обидат да го локализираат и барем да спречат колку толку да не се шири понатаму. Кога пожарникарите неможат да се борат против пожар од ваква големина некој очекува обичните граѓани, луѓе кои немаат искуство со вакво нешто да го изгаснат пожарот со лопати и фрлање песок?

Како што реков погоре, од 11 часот кога почна пожарот до 20 часот додека да заврне дожд и да има големо невреме, владата можеше за тоа време да ги испрати сите расположливи средства ( авиони, хеликоптери, пожарникари од другите блиски населени места .... ) да го гаснат пожарот. Можеби за тие 8-9 часа од воздух ќе можеше да се локализира пожарот, а кога почна невремето да оставеа да си заврши работа како што си заврши и го изгасна целиот пожар... Знам дека можеби постои ризик авиони и хеликоптери да летаат за време кога има најава за големо невреме, но сметам дека институциите треба да бидат поврзани за време на вакви кризи и метеоролошките станици треба и тие да помагаат со тоа што многу поангажирано ќе го следат времето во таа област каде што има пожар.

Сепак и покрај сите овие работи кои се случуваа вчера имавме барем некој вид на среќа што обилниот дожд го изгасна целосно пожарот, бидејќи ако не заврнеше не 400 туку 4000 луѓе немаше да можат да го изгаснат. Како што беше дојден на некои 20-30 метри од првите куќи ако пламнеше една ќе отидеше се у курац, и тогаш ќе гореше и Струмица не само планината.

Толку од мене, I'm Out!
--- надополнето: 25 јули 2012 во 00:25 ---
Добро, а како ги зафатил огнот, не можеле да побегнат некако?
Колку што разбрав, додека горела едната страна на ридот почнал да дува силен ветер и запалени дрвја и гранки летале на сите страни, што предизвикало пожар насекаде околу. Луѓето кои се повредени во тие моменти се нашле баш помеѓу двата пожари и неможеле од никаде да побегнат, освен можеби ако не скокале во некоја провалија што повторно значи сигурна смрт. Велат дека на некои места било многу тешко да се стигне или излезе од теренот.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
24-годишна девојка го предизвикала пожарот!


Epson Pro WP-4025DW
cms joomla







Како што информираат од Секторот за внатрешни работи во Струмица станува збор за 24-годишната струмичанка Е.М. против која ќе биде поднесена кривична пријава за предизивикување општа опасност.

Девојката, во понеделникот, помеѓу 11 и 12 часот на улицата “Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои и таа живеала, запалила стари алишта кои биле непосредно под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери на место викано “Ч’млк“ над Струмица.

Со изгореници се здобиле 14 лица при превземање на мерки за гаснење на пожарот, на околу 200-300 метри од завршетокот улицата “Крушевска Република“ на шумска патека во правец на место викано “двата пата“.


http://www.strumicanet.com/index.php/2012-05-23-23-33-47/item/457
 

Kajgana Shop

На врв Bottom