Како прво, лесна им земја на починатите, страшна е самата помисла да се соочиш со таква смрт, недај боже навистина да ти се случи такво нешто.
Второ, тој што го подметнал пожарот, без разлика дали намерно или ненамерно, да го стигне правдата што си ја заслужува. Треба прв тој да ја почувствува таа болка на своја кожа. Некои луѓе за пари се ќе направат.
Трето, огромна кривица имаат тука и државните органи. Не зборам конкретно само за овој пожар туку за сите пожари на целата територија на Македонија. Зошто се купуваат нови авиони специјализирани за гасење пожари? Зошто се опремуваа хеликоптерите со опрема со која ќе можат да гаснат пожари? За да седам паркирани на аеродромот? Пожарот почна некаде претпладне кај 11:30 часот и цел ден до 20:00 часот вечерта додека да заврне обилен дожд ниту абер немаше од авионите и хеликоптерите. Тоа не беше пожар, тоа беше пекол...Мои комшии кои приближно во тоа време за нашле во близина на местото каде што пожарот можел многу добро да се види велат дека тоа била неподнослива температура, чад, непроодност низ теренот....Ниту професионалните пожарникари неможеле да стигнат на некои места каде што пожарот бил многу силен и се ширел, па поради непристапност на теренот неможеле ниту да се обидат да го локализираат и барем да спречат колку толку да не се шири понатаму. Кога пожарникарите неможат да се борат против пожар од ваква големина некој очекува обичните граѓани, луѓе кои немаат искуство со вакво нешто да го изгаснат пожарот со лопати и фрлање песок?
Како што реков погоре, од 11 часот кога почна пожарот до 20 часот додека да заврне дожд и да има големо невреме, владата можеше за тоа време да ги испрати сите расположливи средства ( авиони, хеликоптери, пожарникари од другите блиски населени места .... ) да го гаснат пожарот. Можеби за тие 8-9 часа од воздух ќе можеше да се локализира пожарот, а кога почна невремето да оставеа да си заврши работа како што си заврши и го изгасна целиот пожар... Знам дека можеби постои ризик авиони и хеликоптери да летаат за време кога има најава за големо невреме, но сметам дека институциите треба да бидат поврзани за време на вакви кризи и метеоролошките станици треба и тие да помагаат со тоа што многу поангажирано ќе го следат времето во таа област каде што има пожар.
Сепак и покрај сите овие работи кои се случуваа вчера имавме барем некој вид на среќа што обилниот дожд го изгасна целосно пожарот, бидејќи ако не заврнеше не 400 туку 4000 луѓе немаше да можат да го изгаснат. Како што беше дојден на некои 20-30 метри од првите куќи ако пламнеше една ќе отидеше се у курац, и тогаш ќе гореше и Струмица не само планината.
Толку од мене, I'm Out!
--- надополнето: 25 јули 2012 во 00:25 ---
Добро, а како ги зафатил огнот, не можеле да побегнат некако?
Колку што разбрав, додека горела едната страна на ридот почнал да дува силен ветер и запалени дрвја и гранки летале на сите страни, што предизвикало пожар насекаде околу. Луѓето кои се повредени во тие моменти се нашле баш помеѓу двата пожари и неможеле од никаде да побегнат, освен можеби ако не скокале во некоја провалија што повторно значи сигурна смрт. Велат дека на некои места било многу тешко да се стигне или излезе од теренот.