Уште си јачате его на темава бе? Ако, убаво е тоа...
Убаво е кога ќе си пронајдеш некоја заедничка особина со одредени видни луѓе и врз основа на тоа ќе си се идентификуваш со нив. Као, Ајнштајн бил генијалец, а и истовремено и маж, па аналогно на тоа, сите мажи се генијалци, без разлика што еден добар дел од нив не знаат ни врвците да си ги врзат.
Ја така праам со атеистите. Ептен ми е кеиф коа ќе ми текне на сите тие познати филозофи и научници атеисти. Одма се стаам у филм дека и јас сум како нив. Е добро сеа, ја неам поим ни од филозофија, а уште помалку од наука, али шо има тоа веза. Коа можеше едно детиште пред некое време да отвори тема и да кенка дека ќе иде на полагање математика у прва година средно, а после тоа да блада на темава за неговата наводна интелектуална супериорност, зашо да не можам и ја да го праам истото?
Исто, пред некое време прочитав дека атеистите на тестовите за интелигенција ваделе у просек 6 поени поише од верниците. Леле луѓе, ќе пукнев од среќа! Егото ми се наду као балон, морав прозор да отворам, не ми го собираше у соба. Се истрипав дека ја сум уствари попаметна од сите верници на светот. Некој ќе рече дека тоа не е вистина. Па нормално дека не е. Мене уствари и не ме интересира вистината. Јас само сакам да си ја потхранам суетата, да си го набилдам егото и да си ја зацврстам климавата самодоверба. Исто како и мужите кои 40 страни на темава, а богами и на секоја втора тема на форумов, верглаат за мушката интелектуална супериорност.
А никако да пишат некој пост со кој, конечно ќе ја покажат на дело нивната брилијантност.
Најверојатно сметаат дека самиот факт што се родиле како мажи е сосема доволна причина да ги третираме као генијалци, па кога тоа нема да се случи, почнуваат да ја колнат женската еманципација и да тажат по старите добри времиња. Кутрите мали Ајнштајнчиња.
Епа не знам за другите девојки, ама мене не ми паѓа на памет да припаѓам во несвест и да му се клањам некому само поради неговиот пол. Почитта се заслужува, не се добива по автоматизам.
И за крај мислам дека требаа да го клонираме Тапетарот Петар и тоа во што повеќе примероци.
А овие балканските мачо мушкарчини можат и понатаму да дробат за нивната супериорност , и да се тешат дека они дремат сами како мисири затоа што жените сакале сељаци. Никако да разберат дека се сами баш затоа што жените (зборувам за паметни жени, не за Пинк певаљки) НЕ сакаат ропачишта.