Ете видиш, сам да си се пофалам имам добра интуиција.
Сега ќе ти кажам што има врска.
Не си запознаена со македноското секојдневие и денешните македонски жени.
Растена си и воспитувана си во едно друго време кога девојките негувале други вредности, обично при разговор дали тет-а-тет или виртуелно со девојка и да не можам по физички изглед да и ги проценам годините обично можам по муабетот, преломни години на раѓање се токму рани 80-ти, најчесто има значителни разлики во карактерот и менталниот склоп кај тие родени во рани 80-ти и порано и оние од доцни 80-ти и покасно. Затоа кога го пиша првиот пост прво ми дојде на хумор. После вториот пост кога видов дека не се зафркаваш претпоставив дека живееш во странство или дека си родена за време или пред 80-ти или веројатно и двете, наша што живее тука испод 30 нема шанси да пише такво нешто, иначе јас прв ќе ја женев
.
Сега и да ти објаснам зошто мислам тоа што мислам, ќе се земаш ти како пример за спротивното. А ти не можеш да се земеш за пример, ти можеш да се земеш за исклучок.