Колку ги познаваме македонските глаголи?

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Принципот на темава е едноставен : тој што ќе ја започне ќе ви даде еден глагол за да измените и ќе ви каже во кое време и начин.

Вие менувате и откако ќе измените ќе дадете нов глагол, ново време или начин.

Целта ми е да видам колку ги познаваме македонските глаголи и нивната конјугација. Може?

ГЛАГОЛ : ПОЦРВЕНИ
ВРЕМЕ И НАЧИН : МИНАТО ОПРЕДЕЛЕНО СВРШЕНО ВРЕМЕ (АОРИСТ) во ИСКАЗЕН НАЧИН (ИНДИКАТИВ).
 
S

Sagan

Гостин
поцрвенив - поцрвенивме
поцрвени --- поцрвенивте
поцрвени --- поцрвенија
?
Ако е точно, глаголот сврши (работа) :LOL: во минато-идно време.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
поцрвенив - поцрвенивме
поцрвени --- поцрвенивте
поцрвени --- поцрвенија
?
Ако е точно, глаголот сврши (работа) :LOL: во минато-идно време.
Ќе свршев
Ќе свршеше
Ќе свршеше

Ќе свршевме
Ќе свршевте
Ќе свршеа

:icon_lol:

Глаголот "пее" во минато неопределено свршено време. :)
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406

Многу јака тема.. браос за Macedalien шо му текна !

Иначе рековме „пее“ во минато неопределено свршено време

Со „сум“
Јас сум испеал Ние сме испеале
Ти си испеал Вие сте испеале
Тој испеал Тие испеале
Таа испеала
Тоа испеало

со „има“
Јас имам испеано Ние имаме испеано
Ти имаш испеано Вие имате испеано
Тој (таа, тоа) има испеано Тие имаат испеано

ваљда е точно .. не знам... поправете....

следејчи.. глаголот „прди“ во предминато време.. :)
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705

бев прдел бевме прделе
беше прдел бевте прделе
беше прдел/а беа прделе

глаголот МОЧА во минато идно време
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
ќе мочав
ќе мочаше
ќе мочаше
ќе мочавме
ќе мочавте
ќе мочаа

Следи глаголот здиви во заповеден начин (директна и индиректна заповед).
--- надополнето: 18 јули 2012 во 21:16 ---
СТОП : време е за ситни корекции...

Вака :
--- надополнето: 18 јули 2012 во 21:21 ---
Многу јака тема.. браос за Macedalien шо му текна !

Иначе рековме „пее“ во минато неопределено свршено време

Со „сум“
Јас сум испеал Ние сме испеале
Ти си испеал Вие сте испеале
Тој испеал Тие испеале
Таа испеала
Тоа испеало

со „има“
Јас имам испеано Ние имаме испеано
Ти имаш испеано Вие имате испеано
Тој (таа, тоа) има испеано Тие имаат испеано

ваљда е точно .. не знам... поправете....

следејчи.. глаголот „прди“ во предминато време.. :)
ПРОБЛЕМ : овој глагол е несвршен глагол и не се менува во свршено време.

Во македонскиот јазик свршените глаголи се менуваат само во несвршени минати времиња додека свршените глаголи се менуваат во минати свршени времиња.

Идните и проспективните времиња и начини ги прифаќаат и двата типа глаголи додека императивот (заповедниот начин) во позитивна форма ги прифаќа и двата вида на глаголи додека во негативна само несвршените.

Глаголите ПЕЕ и ИСПЕЕ се два различни глаголи бидејќи првиот означува дејство што трае додека вториот дејство што завршило. На ист начин се конструирани и глаголите apprendre, comprendre, surprendre, entreprendre, prendre итн. во францускиот јазик : различни глаголи формирани врз еден ист корен...

ЗНАЧИ : пред да менувате глаголи на македонски јазик, запрашајте се кој е видот (свршен, несвршен) и потоа продолжете со менувањето... Ако не бев разбран : повелете прашајте и ќе ви објаснам повторно ;)
--- надополнето: 18 јули 2012 во 21:26 ---
поцрвенив - поцрвенивме
поцрвени --- поцрвенивте
поцрвени --- поцрвенија
?
Ако е точно, глаголот сврши (работа) :LOL: во минато-идно време.
Коректно : има само еден мал НЕДОСТАТОК...

Доколку се работи за глагол со повратно значење (прирок = предмет) глаголите изведени од бои од втората група можат да бидат само од разделот Е значи поцрнЕв, поцрнЕ, поцрнЕ итн.

Доколку, пак се работи за глаголи со преодно значење (прирок и предмет = два различни објекти) тогаш глаголот се менува како глагол од раздел И значи поцрнИв, поцрнИ, поцрнИ итн.

ПРИМЕР :

Јас денес бев на море и поцрнЕв од сонцето.

Користејќи ја многу белата крпа, ја поцрнИв на рабовите.

Гледате разлика? ;)
--- надополнето: 18 јули 2012 во 21:27 ---
Значи : на ред е глаголот ЗДИВИ во позитивна форма од заповеден начин...
 
Респект за темава.. нема што.. .
Очигледно ни `рѓосал македонскиот литературен јазик .. не сме го изгланцале уште од средно :)

Се глеа побајаги сум заборавил...

како рече.. „ЗДИВИ“? во позитивна форма од заповеден начин... мхм

Чекај сеа малце.. не сум сигурен дека можеш да го именуваш глаголот ЗДИВИ во позитивна форма од заповеден начин затоа што заповедниот начин теба да подразбира искажување на одредена заповед, па као таква би била еден вид,, шо знам, ај да речам проста форма..
Е сеа, пошто е проста форма (ако е проста форма) онда таа подразбира само еднина и множина и тоа на второ лице (второ лице затоа што се изговара во директен дијалог со второ лице - као заповед) .. МИслам апсурдно е нели сам на себе да си заповедаш (ЈАС или НИЕ).

А ова позитивна форма.. и тоа не ми е баш нешто логично на што конкретно се мисли.. затоа што ако веќе упатуваш заповед (наредба) према некого (еднина или множина), онда тоа го правиш директно, ко што реков, али и па сигурен сум да онда имаш и форма каде што дадената заповед - наредба, насочена према лице или повеќе лица, ја упатуваш преку друг - индиректно.. онда треба да имаш и Индиректна форма..

Е сеа. ако мислиш позитивна, онда ова директна-индиректна е позитивна форма, а негација на истата (значи да не чини некое дејствие) би била негативна.. (не знам дали грешам.. али ваљда е така.. шо знам..)

Шо значи дека Здиви, во позитивна форма би било нешто како:

Директен начин : Ајде, здиви! за еднина т.е. Здивете! а множина
Индиректен начин: Нека здиви! - за еднина т.е. Нека здиват! за множина..

Не знам.. али пак мислам дека ова во ова здиви има нешто чудно..
сигурен си дека ова претставува глагол за позитивна форма од заповеден начин? Нешто не ми штима... но в ред...
 
Одлично! ;)
--- надополнето: 19 јули 2012 во 11:30 ---
Инаку „позитивна форма” се мисли кога даваш заповед „да се направи нешто” додека „негативна форма” е кога заповедта е рестриктивна т.е. кога забрануваш да се направи нешто... Има глаголот македонски и таму некои особености и оригиналности (словенска карактеристика) така што... Ете :)
 
Да да .. така си е.. мислам дека знам зошто ја зачна оваа тема.. но еве да видиме до каде ќе гура ова, па можеби во текот на расправата ќе се отвори и тој муабет.. но в ред.. ;)

Иначе, заборавив да придодадам глагол..

Еве кога сме кај заповедниот начин .. да продолжиме со истиот..

Нека биде глаголот „ЕБЕ“ во негативна форма на заповеден начин.... ајде кој е следен...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Респект за темава.. нема што.. .
Очигледно ни `рѓосал македонскиот литературен јазик .. не сме го изгланцале уште од средно :)

Се глеа побајаги сум заборавил...

како рече.. „ЗДИВИ“? во позитивна форма од заповеден начин... мхм

Чекај сеа малце.. не сум сигурен дека можеш да го именуваш глаголот ЗДИВИ во позитивна форма од заповеден начин затоа што заповедниот начин теба да подразбира искажување на одредена заповед, па као таква би била еден вид,, шо знам, ај да речам проста форма..
Е сеа, пошто е проста форма (ако е проста форма) онда таа подразбира само еднина и множина и тоа на второ лице (второ лице затоа што се изговара во директен дијалог со второ лице - као заповед) .. МИслам апсурдно е нели сам на себе да си заповедаш (ЈАС или НИЕ).

А ова позитивна форма.. и тоа не ми е баш нешто логично на што конкретно се мисли.. затоа што ако веќе упатуваш заповед (наредба) према некого (еднина или множина), онда тоа го правиш директно, ко што реков, али и па сигурен сум да онда имаш и форма каде што дадената заповед - наредба, насочена према лице или повеќе лица, ја упатуваш преку друг - индиректно.. онда треба да имаш и Индиректна форма..

Е сеа. ако мислиш позитивна, онда ова директна-индиректна е позитивна форма, а негација на истата (значи да не чини некое дејствие) би била негативна.. (не знам дали грешам.. али ваљда е така.. шо знам..)

Шо значи дека Здиви, во позитивна форма би било нешто како:

Директен начин : Ајде, здиви! за еднина т.е. Здивете! а множина
Индиректен начин: Нека здиви! - за еднина т.е. Нека здиват! за множина..

Не знам.. али пак мислам дека ова во ова здиви има нешто чудно..
сигурен си дека ова претставува глагол за позитивна форма од заповеден начин? Нешто не ми штима... но в ред...
Додека не се рабуди Мацедалиен.

Може императив да се употребува и во прво лице еднина, т.е., сам да си заповедаш. Тогаш таквиот императив ќе биде еквивалентен или на оној од 2. лице еднина или пак ќе биде перифрастички (от типот „Ајде да...“ на пр.)

Еве примери:

1. И си викам себе си, „Бегај, Петре, ова сељациве те сардисаа!“ „бегај Петре“(позитивна форма)

2. И си викам себе си, „Не бегај, Петре, нека плукаат сељациве колку сакаат, ти свиркај си!“ (тука има три императива: „не бегај“ (негативна форма), „нека плукаат“(позитивна) и „свиркај си“ (позитивна)

3. И си викам себе си, „Ајде да бегам, ова сељациве ме сардисаа!“ (ајде да бегам -- перифрастички императив во позитивна форма)

Е сега, глаголот здиви ти се гледа малку поинаков бидејќи е инхоативен глагол (означува почеток на дејство) и е од типот глаголи заплаче, истрча, стартува, почне, итн. Технички (теоретски) изводлив е императивот (и ти сосема добро ги посочи императивните форми), ама семантички малце овој глагол „фрчи“ во императивна форма -- не им звучи прифатливо на изворни говорници.

Мене (на уште непроучено) ми стои дека инхоативноста не е семантичкиот блокер за императивот, ами интенционалноста. Глаголот здиви ја нема во себе семантичката компонента на премедитација на дејство, осносно интенционалност. Глаголи кои ја содржат оваа компонента на интенционалност се„обмислува/обмисли“, “анализира“, итн. и императивот е сосема прифатлив кај нив.

Macedalien, како ти стојат работиве? Дали само семантикава игра улога или има и некои морфолошки ѓурултии коишто влегуваат тука во игра? Вака од прва, аспектот на глаголот ми изгледа како еден од основните морфосемантички критериуми.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Тапетарот Петар ај сеа глаголот „ебе“ у негативна форма на заповеден начин :)))))) ти си следен баго!
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Тапетарот Петар ај сеа глаголот „ебе“ у негативна форма на заповеден начин :)))))) ти си следен баго!
Не еби!/Немој да ебеш!
Не ебете!/Немој да ебете!

МА НЕМОЈ ДА МЕ ЈЕБЕШ!
Кили :)

Шом се фатив на оро, ај сеа глаголот “трне“ -- ова е глаголот во “Ми трне ногава, не можам од место да мрднам“
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Дефинитивно : формално за да се даде заповед на самиот себе ќе се искористи формата од второ лице еднина (ама тоа е само формалност) или, евентуално да конструкција како во твојот трет пример.

Инаку околу инхоативните глаголи морам да напоменам дека нема некоја разлика помеѓу нив и терминативни глаголи (што означуваат крај на дејство) бидејќи повторно формата ќе биде истата т.е. на ист начин ќе се менуваат.Ова прашање околу „моментот на дејството” е преинтересно во македонскиот јазик бидејќи несвојствено се употребува терминот „свршени глаголи” за ваквите инхоативни глаголи иако се работи за почеток а не за крај, нели...Една работа е најважна : да не се мешаат зборообразување и менување : две различни работи се и за секоја поодделна област се бараат нови техники и концепти на анализа.

Ме правите многу среќен со разговориве на темата бидејќи не ми се размислува за потеклото на нашиот јазик. Ни јас самиот не знам баба ми во кое сено се превртувала во нејзината младост нели :)
--- надополнето: 19 јули 2012 во 12:01 ---
Шом се фатив на оро, ај сеа глаголот “трне“ -- ова е глаголот во “Ми трне ногава, не можам од место да мрднам“
А време, начин? Кои? :D
 
Кварно играм тука и сам знаеш :)
Еве бе, шо: сегашно време, негативен императив

А за потеклото на јазиков ако те чујат „палеолингвистите“ од „Историја“, маме ќе ти расплачат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom