23 години откако избравме пазарно стопанство, и уште сакаме регулирани цени. Уште си мислиме дека сме во социјализам, ама не оној ливерален социјализам како во СФРЈ, туку ортодоксен како во СССР.
Цената на бролкулите е толку висока зато што се бараат многу повеќе одошто се произведуваат, а Мекдонија веројатно не е поднебје каде успешно виреат, (претпоставувам, инаку и тротоарите ќе се изораа за да се насадат брокули). Цените се формираат слободно на пазар. Зелениот пазар за земјоделски производи е место каде најлесно и најпластично може да се согледа судирот на понудата и побарувачката и формирањето на цените. Брокулите се многу барани очигледно порати трендот (помодарството) да се следи здравиот начин на исхрана, па затоа брокулите кои се симбол за нутриционистички квалитетна храна се грабаат како алва. Од истите причини цената на рибата е висока е цената на месото (мора да признаеме) е ниска . Па кило грашак е колку кило месо. Се бараат преку цела година, а се сезонски (есенски) производ, па кога нема мора да се увезуваат најверојатно од Кина. А се што се носи од далеку е скапо, не затоа што е таму скапо и оптоварено со транспортни трошоци, туку затоа што нема многу увозници, немаа конкуренција, па трговците ги полнат џебовите. Доматот е 40 денари затоа што го има воизобилие во Македонија и соседството. Па и да се случи чудо и да се договорат сите земјоделци да го продаваат по 100 ден. Ќе се најди некој мангуп и ќе донеси од Турција за 50 ден. А доматот ако не го продадеш за 3 дена можеш слободно да го правиш кечап.
Што се однесува за субвенциите не треба да му љубоморите на земјоделците за тоа што земаат субвенции, затоа што во краен случај тие на намалуваат пазарната цена.ако нема, карикирам 5 денари субвенција за литар млеко, млекото наместо 35, ќе чини 40 ден.