Трауми од детството

Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Голема сиромаштија и немаштија (да се радуваш на гумени опинци и да си ги носеш на школо со ќеф оти са нови и светат на сонцето).
Ногу ќотек од учителите у основно, физичка и психичка злоупотреба од образовните господа.
Ногу крвнички тепачки помеѓу децата (со скапани глави, скршени носове, и слични други повреди од насилен карактер).

Сето тава пропратено со тешка физича работа по нивите + редовен говедар да пасам кравите на прво место, школото на второ место. И сето тава за гола егзистенција.
Лаки, читам те и много се радувам кога пишеш на дијалект, еве и ја пробувам, иако не ми е домашен.
Тава сведоштво е много трогателно (озбилно), само аватаро не одговара на таков човек. Бедер со монокл е симбол на висока класа и упатеност во најопскурните рефернци на футурама, и много ме интересира како од говедар со гумени опинци дојде до фан на футурама. Извини што поставувам приватно прашање, ама това е редок случај да пишам на форумо а да не терам сеир. Извини уште еднаш ако ти делувам неозбилен.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545

Чувеко ќе си одговоре за тава шо го питаш, али еве па ја на тебе да те питам додека не се разбуде он. Следам те по форумо и не мее јасно како ти од фина интелектуална фамилија стана фан на тај Шабан од Шабац. Дале тее нешо посебно аресал со понашање, со фризура или па со музичка виртуознос? Или све тава уф компле. Еде, знам оти ти нафлагам у приватнос, ама саа коо ти питаш викам си шо па и ја да не поставам тава прашање? Воа нее сеир ами сериозен маабет. Фала ногу упнапред на одговоро.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Чувеко ќе си одговоре за тава шо го питаш, али еве па ја на тебе да те питам додека не се разбуде он. Следам те по форумо и не мее јасно како ти од фина интелектуална фамилија стана фан на тај Шабан од Шабац. Дале тее нешо посебно аресал со понашање, со фризура или па со музичка виртуознос? Или све уф компле. Еде, знам оти ти нафлагам у приватнос, ама саа коо ти питаш викам си шо па и ја да не поставам тава прашање? Воа нее сеир ами сериозен маабет. Фала ногу упнапред на одговоро.
Перо, не сам сигурен дали ти е воа сериозен маабет, ама сериозно ќе ти одговорам.
Бил сам аматер музикант и свирел сам еден енструмент едвај. И одеднаш пруже ми се прилика да научам повише инструменти (да не речам сите кои ме интересират) а водено и теорија на музика и компонирање. И со това музицирање сам навлегол во различни правци, џез, боса нова, пакистански и кубански етна. Случајно сам отворел еднашка на јутјуб некои босански видеа (тв са) и сам бил понесен од Шемса, Халид Бешлиќ, Синан Сакиќ а донекаде и од Шабан. Тек тогаш ми стана јасно дека не сум ја разбирал тава музика дотогаш, и затоа не сам ја ценел. Това што сам го турил Шабан во аватаро е повише моја тренутачна импресија од неговата појава и флизура а не дотолку од неговото творештво. Повеќе ги харесвам овие предмалку набројани босански музиканти.
 
Е саа мее појасно. Фала ногу. И на мене ме аресат тија од БиХ -- имам ги ем на цедевки, ем на емпетројки, ем на екстернио хард. Да не се загубе нешо, после шо прааме.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Е саа мее појасно. Фала ногу. И на мене ме аресат тија од БиХ -- имам ги ем на цедевки ем на емпетројки ем на екстернио хард. Да не се загубе нешо, после шо прааме.
Слушаш ли се Перо што говореш? Кај бидува да ги ставаш на цедевки и хард дискове? Тури това музиките во облако, да ги споделеш со свето.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Слушаш ли се Перо што говореш? Кај бидува да ги ставаш на цедевки и хард дискове? Тури това музиките во облако, да ги споделеш со свето.
Ја бе не ме оноди саа па и ти. Тава дец'та шо са ми кажале как да снимам, тава знам. Ти мислеш па ја нешо ногу са разбирам од технологија? Еј гиди...ми кој ќе работе уф поле? Кој ќе носе леп дома? После ме питат од дек ми са технолошките трауми...
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Ја бе не ме оноди саа па и ти. Тава дец'та шо са ми кажале как да снимам, тава знам. Ти мислеш па ја нешо ногу са разбирам од технологија? Еј гиди...ми кој ќе работе уф поле? Кој ќе носе леп дома? После ме питат од дек ми са технолошките трауми...
Ќе земеш лаптопо на нива, и кога ќе ископаш френките, фани аплодурај. Ако не држе батеријата, да си купеш епл, специјално са за земјоделци направени, држе батеријата цел ден, можеш 100 леи да исплевеш.
 
L

Luki Junior

Гостин
Лаки, читам те и много се радувам кога пишеш на дијалект, еве и ја пробувам, иако не ми е домашен.
Тава сведоштво е много трогателно (озбилно), само аватаро не одговара на таков човек. Бедер со монокл е симбол на висока класа и упатеност во најопскурните рефернци на футурама, и много ме интересира како од говедар со гумени опинци дојде до фан на футурама. Извини што поставувам приватно прашање, ама това е редок случај да пишам на форумо а да не терам сеир. Извини уште еднаш ако ти делувам неозбилен.
За дијалекто прво, еми или имаш дијалект или немаш... Од дека и да си од Македонија, си имаш некаков дијалект, само требе да се опуштеш и да ти течат мислите низ прстите.. Не е некоја сложена филозофија..

Оти, бе шо му фале на аватаро? Баш си е интересна метафора за како една програмирана машина ја презентира целата ситуација и самите општествени идеали на денешното модерно време дури после еден милениум на човековото постоење (крадење, алкохолизам, пцуење, развратност, физичка работа, мрзева, лична корист...)... Ем интересно за гледајне, ем те тера да мислеш... Американците секојпат са биле добри да праат шоу од сериозните идеи.. И плус секојпат сам сонувал како дете да бидам висока класа, да јадам купечок леб со еурокрем, да имам мајонез и салама у фрижидеро, и да не мора да јадам леб и ајвер, или леб со шиќер потопен со вода, шиќеро да не ти падне (или баба ти го сече подебело лебо, за да не оде ного шикер зијан па и да се најадеш поубаво)...

А како сам стигнал до тај степен на развиток.. Еми мојте родители са образовани човеци, работливи, чесни, па ме искарале на прав пат колку са можеле. Никојпат ни сам бил гладен, гол и бос ( е малку попарталав и посиромашен од другите...ама на кој му дреме)... Ама времињата се менуват, децата растат и работат, помагат здраво дома по полето, почнуваш да прозиведуваш по ногу производство и се печалат пари колку толку... Децата коа одеа на одмор, јас береех тутун, вадеех пипер, прскаах лозјиина, молзеех крави, ораах земја, сеех жито, жниеех, косеех трева и оште еден куп земојделски и неземјоделски работи шо ги има у едно село.... Секоја година дома не сме испод 20 тона прозиводство (жито, праски, сливи и грозје сега, порано бостан, компири, тутун, пипер, грозје, френки)...

Знааше се насабајле дојде 5 и пол јас сам станан, средеш кравите и после одеш на школо.. Враќаш се од школо, пат под нозите и одеш дек ти кажат на која нива са и работеш.. Врнеш се вечер, па ако не си дотепан напишеш домашно шо има за пишејне, прочиташ нешто и легнеш си... Утре истата песна.... Со малко среќа и учејне ќе се запишеш на факултет, и ќе избегаш од таа мака (за после некое време да ти недостига... абе чист мазохизам.... шо да ти расправам)...
И оп еден ден пораснеш и почнеш да се свестуваш шо си правил на времето и на 20 и кусур години се осеќаш престареен, а оште уствари живото не ти е почнал.. Та такви ми ти работи расправам ти тука... Има материјал еден роман да напишам, ама неам време, енергија, и мотивација да си истурам најмрачните идеи, мисли и чувства (и оваа е ногу шо го пишам....)....

И само едно ќе ти кажам... Не гледај шо си бил, гледај шо ќе бидеш.

А ного убав маабет сте разврзале со петрето... Алал да ви е..

Надевам се оти не сте само ногу офф топик, па да дојдат Господата модератори администратори да избришат се под ред.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Оти, бе шо му фале на аватаро? Баш си е интересна метафора за како една програмирана машина ја презентира целата ситуација и самите општествени идеали на денешното модерно време дури после еден милениум на човековото постоење (крадење, алкохолизам, пцуење, развратност, физичка работа, мрзева, лична корист...)... Ем интересно за гледајне, ем те тера да мислеш... Американците секојпат са биле добри да праат шоу од сериозните идеи.. И плус секојпат сам сонувал како дете да бидам висока класа, да јадам купечок леб со еурокрем, да имам мајонез и салама у фрижидеро, и да не мора да јадам леб и ајвер, или леб со шиќер потопен со вода, шиќеро да не ти падне (или баба ти го сече подебело лебо, за да не оде ного шикер зијан па и да се најадеш поубаво)...
Лаки, човеците што ме познават ми велат дека сам емотивен како цепеница, али воа маабетот твој ме удира од земја. Не знам дали ме тролаш или си сериозен, ама како и да е, ти си најнеочекувано освежување на форумо.
 
Дебре човек.... поленка со емоциите.. јас сам ист како и другите тука, расипан оште од малечок.. само малку поегзотична ми е историјата. :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
Иначе поарно вистинска емоција од ќутук, отколку лажна от човек...

И не, не те тролам... Ако сакаах да те тролам, ќе се правеех див селски бег...:icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Никако да се ослободам од минатото како болест тек сега се јавуваат крајните симптоми.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Извини,за кој игри станува збор да лапнам и јас некоја пара,зашто скоро и ништо друго не правам у последно време :)
Conquer Online.. Али пропадна таа игра веќе друже неможеш да правиш пари.. пробај со ерепублик сега ма да мислам ни со тоа неможеш.. едно време и од неа земав убави пари.. поздрав
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
7мо одделение, крајни денови. Баш тој период кој врие од тестови. Мене глава ми чури, незнам од кај да почнам. Го памтан како денес да беше... Во сред учење, звони телефонот. Станувам јас по него, но татко ми беше поблиску и он тргна. Стојам така од него 2 метра и слика која никогаш нема да ја заборавам и која ме трогна. Татко ми ќутејки, почна да плаче и го мавна телефонот. Само што го видов, заплачев, а незнаев ни што е. Мајка ми во моментот и зависеше животот од работата со сметководство, дотрча докај нас... Татко ми со плачлив тон: Баба Сава умре... Е тие зборови ги памтам и само што слушнав на земја се струполив и не мрдав едно 5 минути. Мајка ми спобудале и почна да трча по соби. Татко ми само мирно седна, го криеше својот бес и пекол и му се јави на брат му (чичко ми). Можам да замислам и во другата фамилија што се случувало. Финтата е: Баба ми беше во дом. Со моите отидовме да ја посетиме 2 дена пред смртта. Патеше од склероза и ништо не памтеше. Дури ни својот син не си го памтеше. Ме памтеше само мене и нејзината покојна мајка. Ја видовме, и тргнаве накај дома. По пат татки ми се двоуми дали да ја посети повторно утре дента или за 2 дена, и се одлучи за 2 дена. На жалост, баш на тој ден мајка му умре. После година дена по смртта, случајно листав слики од телефонот и ја видов баба ми како се смее легната на кревет. Во истиот момент заплакав, а бев со другари. Ја видоа сликата и сфатија. Уште потрагично е што еден пријател на моите кој јас не го сакав, на погребот ми вика дека не сум ја сакал баба ми и дека не сум ја посетувал многу. Тоа уште бетер ме налути и се тргнав на страна ке скршев стакло. Кога беше погребот, татки ми сакаше последен пат да го отвори ковчегот и да ја види... Го отворија и беше покриена со кебињата на кои спиење и само ногата извадена надвор. Кога го видов тоа паднав на земја и се онесвестив и последно што памтам беше ликот на братучетка ми која многу силно плачеше кога ја виде ногата од баба ми. Потоа знам, се разбудив надвор од просторијата со стрина ми која држеше вода и влажни марамици.

Баба ми, пред да отиде во дом, живееше во стан под кирија многу блиску до мене, па до ден денес кога и да поминам од таму ми текнува на баба ми и гледам накај нејзиниот прозор. Искрено кога го пишувам ова ми се плаче ми се рика и целиот се тресам. Морам да пуштам некоја комедија да заборавам на ова...
 
@0@

Член од
8 септември 2012
Мислења
37
Поени од реакции
12
Imam traumi od detstvoto naneseni od tatko mi.Tie se odrazuvat na mojata mentalna sostojba kako vozrasen zosto taka si vospituvan i izrasnat vo takvi uslovi za zivenje.:place:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Типот во Норвешка ги испука децата оти не станал успешен.
Низ Америка секој ден има вести за колеж по школите.
Зарем тие настани толку може да влијаат врз младата личност за да се преобрази во убиец/силувач?
Западни вредности.

Јас немам трауми од детството. Ни од родители, ни од средината, од никој и ништо.
Некако сите околу мене, со кои растев, бевме од среќни домови, во дсреќни средини, весели, се дружевме, нашите родители неизмерно не сакаа. Штознам, читајќи ја темава се прашувам како може да има поинакви родители од моите и да бидат олку лоши и злобни. Или такви злобни врсници и средина како опишана во повеќе постови од форумџии.
Ние си помагавме секогаш, се сакавме, другаруравме. Немаше социјални разлики меѓу нас. Нкеој имаше адидас патики, некој имаше стартас од борово. Ама заедно игравме без оглед чиј родител што е. И родителите беа меѓусебно да не речам пријатели, ама повремено се дружеа, знаеја скара да направат позади зграда и да се собере народ, па песни, пиење, јадење. Гледајќи денес како се работиве, се прашувам зошто не може да се врати времето, барем во поглед на меѓучовечките односи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom