Лаки, читам те и много се радувам кога пишеш на дијалект, еве и ја пробувам, иако не ми е домашен.
Тава сведоштво е много трогателно (озбилно), само аватаро не одговара на таков човек. Бедер со монокл е симбол на висока класа и упатеност во најопскурните рефернци на футурама, и много ме интересира како од говедар со гумени опинци дојде до фан на футурама. Извини што поставувам приватно прашање, ама това е редок случај да пишам на форумо а да не терам сеир. Извини уште еднаш ако ти делувам неозбилен.
За дијалекто прво, еми или имаш дијалект или немаш... Од дека и да си од Македонија, си имаш некаков дијалект, само требе да се опуштеш и да ти течат мислите низ прстите.. Не е некоја сложена филозофија..
Оти, бе шо му фале на аватаро? Баш си е интересна метафора за како една програмирана машина ја презентира целата ситуација и самите општествени идеали на денешното модерно време дури после еден милениум на човековото постоење (крадење, алкохолизам, пцуење, развратност, физичка работа, мрзева, лична корист...)... Ем интересно за гледајне, ем те тера да мислеш... Американците секојпат са биле добри да праат шоу од сериозните идеи.. И плус секојпат сам сонувал како дете да бидам висока класа, да јадам купечок леб со еурокрем, да имам мајонез и салама у фрижидеро, и да не мора да јадам леб и ајвер, или леб со шиќер потопен со вода, шиќеро да не ти падне (или баба ти го сече подебело лебо, за да не оде ного шикер зијан па и да се најадеш поубаво)...
А како сам стигнал до тај степен на развиток.. Еми мојте родители са образовани човеци, работливи, чесни, па ме искарале на прав пат колку са можеле. Никојпат ни сам бил гладен, гол и бос ( е малку попарталав и посиромашен од другите...ама на кој му дреме)... Ама времињата се менуват, децата растат и работат, помагат здраво дома по полето, почнуваш да прозиведуваш по ногу производство и се печалат пари колку толку... Децата коа одеа на одмор, јас береех тутун, вадеех пипер, прскаах лозјиина, молзеех крави, ораах земја, сеех жито, жниеех, косеех трева и оште еден куп земојделски и неземјоделски работи шо ги има у едно село.... Секоја година дома не сме испод 20 тона прозиводство (жито, праски, сливи и грозје сега, порано бостан, компири, тутун, пипер, грозје, френки)...
Знааше се насабајле дојде 5 и пол јас сам станан, средеш кравите и после одеш на школо.. Враќаш се од школо, пат под нозите и одеш дек ти кажат на која нива са и работеш.. Врнеш се вечер, па ако не си дотепан напишеш домашно шо има за пишејне, прочиташ нешто и легнеш си... Утре истата песна.... Со малко среќа и учејне ќе се запишеш на факултет, и ќе избегаш од таа мака (за после некое време да ти недостига... абе чист мазохизам.... шо да ти расправам)...
И оп еден ден пораснеш и почнеш да се свестуваш шо си правил на времето и на 20 и кусур години се осеќаш престареен, а оште уствари живото не ти е почнал.. Та такви ми ти работи расправам ти тука... Има материјал еден роман да напишам, ама неам време, енергија, и мотивација да си истурам најмрачните идеи, мисли и чувства (и оваа е ногу шо го пишам....)....
И само едно ќе ти кажам... Не гледај шо си бил, гледај шо ќе бидеш.
А ного убав маабет сте разврзале со петрето... Алал да ви е..
Надевам се оти не сте само ногу офф топик, па да дојдат Господата модератори администратори да избришат се под ред.