Трауми од детството

Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Имав тажно детство, многу солзи и непроспиени ноќи, и самата се чудам како дете би можело нормално да се развива понатака...ама ете бидна ме и мене човек - сега мн ретко може некој да делува на мене, не сум искомплесирана, ги надминав сите душевни проблеми и сега животот си го терам како што знам и умеам со многу оптимизам, опуштеност... Знам да се шегувам, најомилен ми е црниот хумор и обожавам такви луѓе, многупати знам да се шалам на своја сметка.....
Душевно сега сум многу силна личност, или тоа е само СИЛНА МАСКА, или обрамбен штит (тоа и самата неможам да го доловам), што при самата помисла малце и ме страши, ама кога ќе се сетам какво изгубено бев пред многу години, поубаво ми е вака!

No one knows what it's like
To be the bad man
To be the sad man
Behind blue eyes
And no one knows
What it's like to be hated
To be fated to telling only lies

But my dreams they aren't as empty
As my conscience seems to be
I have hours, only lonely
My love is vengeance
That's never free

No one knows what its like
To feel these feelings
Like i do, and i blame you!
No one bites back as hard
On their anger
None of my pain and woe
Can show through

No one knows what its like
To be mistreated, to be defeated
Behind blue eyes
No one knows how to say
That they're sorry and don't worry
I'm not telling lies

No one knows what its like
To be the bad man, to be the sad man
Behind blue eyes.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Многу ме потресе темава, која денес ја загледав прв пат. Колку тешки трауми и судбини на недолжни деца. Многу неправедно, многу лошо и многу трагично. Жалосно е што искрените исповеди на некој начин се исмеани од шутраци кои се дрзнале да пишат малоумни постови тука. А токму тие мислам дека се најтрауматизирани лица, кои не успеале да сфатат што точно ги направило такви подли и бесчуствителни луѓе!
Не ми е пријатно да ги лајкнувам постовите кои ме трогнаа, од проста причина што опишаните искуства не ми се допаѓаат и ме вознемирија. Но како поддршка на членовите кои се отвориле тука (иако повеќето се скоро потполно анонимни) и колку толку некаква утеха, ќе споделам и јас една од најраните трауми на кои се сеќавам. Воопшто не е лесно тоа да се каже или напише, но доволна мотивација ми е тоа дека можеби некому ќе му помогне, макар со тоа што ќе прочита дека не е сам/а со такво лошо искуство.

Беше многу убаво и топло пролетно утро, кога пишував домашна работа пред да заминам на училиште. Бев прво одделение. Кога завршив, мама ме прати до продавница да купам леб. На мене имав кратко фустанче, онака лесно за по дома. Кога се враќав од продавница, пред влезот од куќата ме зграпчи еден дечко и ме истурка внатре. Тогаш живеевме под кирија во многу стара и пропадната куќа, додека чекавме да се изгради зградата со нашиот стан. Куќата беше како малечка зграда, составена од повеќе станови, па долу имаше само подруми и скали за горе. Ме заклешти идиотот на ѕид, ми ја прикри устата со рака, се залепи цел врз мене и ми шепна да не викам дека за брзо ќе биде се` готово. Ми рече да го кренам фустанчето нагоре, бидејќи тој ме држеше со двете раце. Јас нормално не го направив тоа и врискав загушено, трудејќи се со цела сила да се оттргнам од него. Виде дека така нема да може, па ја тргна едната рака од мене за да го стори тој тоа. Во тој момент малку ја олабави и другата, па и сама не знам како успеав на цел глас да се развикам по мама. Гадот се испаничи, ме турна на земја и избега. Си ги собрав лебчињата и раскрварена во колената истрчав дома. Цела се тресев и плачев, но дома кажав дека паднав по скали. Дури и денес, ретко на кој сум кажала за ова. Веројатно и не изгледа ни звучи толку страшно како што беше, па што и ако кажам.
Денес не мислам дека требаше да постапам поинаку, иако можеби не сум во право. Не сакав да и кажам на мама за да не ја уплашам, па да се секира секогаш кога ќе излезам од дома. Но, на ова се сеќавам толку јасно и чисто, како да беше пред половина час! Смешно, но рацете ми се тресат додека го пишувам постов.:confused: Ми остави длабока лузна и траума, иако гнасата не успеа да ми направи ништо. Како мала често го гледав по градов и многу се плашев ко ќе ме погледнеше, но откако пораснав доволно да можам некому да кажам и мастта да му ја извади, не го имам видено. Му го знам само прекарот по кој беше познат... Коска. Оваа случка многу влијаела на мојот живот. Има и лоши и добри страни во мене од тој ден. Многу јасно можам да си протолкувам се` после тоа, но истото не можам да го споделам тука. За лошите... јеби га, ќе си го носам секогаш. За добрите... мило ми е што ги поседувам, но очајно посакувам да ги научев поинаку.
 
O

Orion.

Гостин
Дивајн Баш напротив, не само што звучи страшно туку и шокантно!
Детската психа е премногу ранлива, особено кога децата се многу мали 5,6,7,8 години и доколку тогаш доживеат некоја потешка траума (особено пролонгирана) шансите дека детето ќе има сериозни трауми за цел живот се големи. Тоа е совршен начин да уништиш комплетно еден живот уште непочнат. . .
И јас, за жал, имам трпено некои работи на таа возраст но за среќа не ми оставија никакви трауми но неможам да останам индиферентен читајќи го ова. . .
За да му сториш било што на мало детенце треба да си најголемата кукавица, клинички психопат и монструм. . .
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Имам голема траума од детството на некого ќе му изледа дека се заебавам али ја ќе си кажам...

Живеев во маало каде сите деца околу мене беа ситуирани, да се разбереме моите се прости луѓе, од село, чесно го заработуваа лебот чистеа и ги одржаваа куќите на буџите.
Кога ќе отидевме во локалниот супермаркет да ги набавиме дневните намирници многу ја сакав гондолата каде беа наредени благите работи Киндер Јајце мхмммммммммммммммммммммммммммммм !



:)

Моите беа категорични НЕМА КИНДЕР ЈАЈЦЕ, ПРЕСКАПО Е ! :place:

Од мојата прва плата купив 50 Киндер Јајциња и на тој начин си ја ублажив траумата од детството. :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
историјата на болеста е историјата на животот напишав у една песна, значи корените треба да се бараат во минатото, корените кои кои како рак метастазирале и сеа касно е било што да се промени, го слушам батали тоа шо било глеј сеа е сеа е касно да си дошол пред 10 г сега више пуштило метастази.
За мене знам дека животот ми го заебаа родителите то ест татко ми, мајка ми не ја рачунам таа ме родила и ме остаила пошто била хипик и за слободен секс и промискуитет.
Прва грешка, преселбата од едно место каде живеев од роџење до 7 година во стан затворен ко у стаклено звоно, плус лоши навики од мај фадр научив од него да пијам пошо го глеав како пие, научив да не држам чисто пошто он викаше овде слон да се скрие не може да го најдеш,
после ми викаше ти поп ѓубре, ти цајкан говедо, нема, ти си син на професор ние сме средна класа (зборам тоа време коа сакав да се упишам средно) ти треба да знаеш што е експресионизам, импресионизам, фовизам... и литература... и ми влезе чивијата почнав да станувам непрактичен и интровертен, после еднаш коа имав 15 г ми рече шо седиш дома ај гитла излези надвор и излегов и одма ме прифатија тогашните панкери на коцка кои не знаеа за стрејт еџ (иако Мајнор Трит го фураа тоа не пиење, не пушење, не фри секс него све стрејт) па почнав да пијам се сечам Ружни ми рече каков нихилист си ако не пиеш и ми се уарни и после стално локав. После па не му чинев, 6 пути ме бркаше од дома што носев ирокеза фризура и шо се облакав панкерски, е се тоа плус од читање книги се оддалечив од практичниот свет и сеа кур, ми вика епа сеа те заебав шо те заебав ама ти си имаш проблем ја си иам пензија, и сеа собирам пари за пистолет да си свирнам куршум у чело и да се спасам од муките пошто и коа спијам тоа све у потсвест влегло не помага ни спиење. Ете така бива тоа.Манична депресија, параноја, компулсивни мисли не се работи за немање муда да живеам него не ми праи мерак више ништо. Едино лечам депресија со секс и затоа стално имам и морам да иам секс пошто и тоа лечи депресија али досадно све исто па мора да се мења. И така ете ти трауми од детинство јебеш.
 
B

Black Guard

Гостин
Почни и да џогираш,ендорфинот помага многу,и џабе пиеш антидепресанти ако локаш ни екстендед оргазам нема да ти помогне-помогни си сам и заборави за пистолет-не ти треба,нит ми стоиш како човек кој има афинитет за лов,риболов...чуму оружје??

Батали алкохолот за 2 месеца ќе ти биде боље и тибе и на јетрата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Kaj нас генерациски од пра дедо наваму машките се воени лица. Мислев дека сум најсреќното дете посебно кога понекогаш татко ми ќе ме однесеше на работа. Шетав по ходници со наредени пушки... ми го даваше пиштолот да го чепкам... се возев во камион, влегував во тенк.... После некое време се преселивме во друг град, друга средина, јазик, другари. Имав некаде 12 години, мислам 4то оделение бев. До куќата до нас живееше едно дете малце постаро од мене, се запознавме , се зближивме и јас онака надмено фалбаџиски му раскажав како татко ми кога ме носи на работа, се играм со вистинско оружје, седам на топ... влегувам во тенк....
Тој само ме погледна онака бледо, незаинтересирано и рече, па и мене татко ми ме носи на работа.
Тој е гинеколог.
Од тој ден никогаш повеќе не се пофалиф. Секогаш бегав од таја тема, се повлекував и наоѓав изговор да се одалечам од друштво кога ќе паднеа на таков муабет.
 
D

Deleted member 55587

Гостин
Имам доста трауми од детството,кои се одразиле не многу,но доволно на моето психичко развивање.Има само една која ми остави големи траги до ден денешен. Баба ми, која фала богу е сеуште жива,се бореше со ракот на дојката.Јас незнаев затоа што имав само 7 години,но ми кажаа покасно.Се сеќавам како да беше вчера. Дојдоа баба ми и дедо ми кај нас и јас не сакав да станам да се поздравам со баба ми затоа што и бев лута за претходниот ден што сме се карале.Она тогаш се наведна(иако и беше тешко,но јас не сфаќав се до следниот момент) за да ме поздрави и и падна периката.Страшно се осетив тогаш,што се случи зашто баба ми нема коса и зашто плаче?- ме земаа со мајка ми и ми кажаа што е работата. Многу плачев,иако бев стварно мала знаев дека е опасна и тешко излечива болест. Многу бев исплашена и ми беше криво што се дрзнав да ја нервирам па макар што сум била само дете.
Нормално сега последици има,но битно е сеуште меѓу нас. Верувајте сега го ценам секој момент поминат со најблиските затоа што не се знае понатаму што следува,нека има само здравје.
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Сите имаме. Ниту јас не сум исклучок нажалост. Но, повеќе би ги нарекла лоши искуства отколку трауми бидејки ме направија посилна.
Инаку, воглавно е за во основно. Бев асоцијална и зборуваа се и сешто за мене. Дури имаше и еден тип со кој бев во многу лоши односи па истиот ме исмејуваше, дури и ме тепаше. Се имаа многу зафркавано на моја сметка, но тоа беше така бидејки незнаев како да им вратам. Сепак крајот беше во VII одделение кога се степав со еден што правеше мајтап со мене, велеше дека ме сака, ми праќаше некои писма на Sv. Valentine додека сите ми се смееа. :cenzura: Тоа беше вистински ужас. Но ми пукна филмот еден ден и го зачукав :D Фаца беше, една година поголем од мене ама мене и не ми беше баш гајле за тоа. Најтрагично беше тоа што истиот го сакав во III одделение и пак го тепав. Со години се правевме лом! И ден денес кога ќе се видиме не се поднесуваме. Оние кои ме малтретираа денес ја веднат главата пред мене, а дел од нив станале уште по одвратни личности со кои несакам да имам никаква допирна точка и ги избегнувам. Инаку, имав интересно детство до 12 години. Потоа пребрзо созреав, животот ме натера. Сега сум жива и здрава, но и покрај тоа не сум среќна...(n)
 
L

Luki Junior

Гостин
Голема сиромаштија и немаштија (да се радуваш на гумени опинци и да си ги носеш на школо со ќеф оти са нови и светат на сонцето).
Ногу ќотек од учителите у основно, физичка и психичка злоупотреба од образовните господа.
Ногу крвнички тепачки помеѓу децата (со скапани глави, скршени носове, и слични други повреди од насилен карактер).

Сето тава пропратено со тешка физича работа по нивите + редовен говедар да пасам кравите на прво место, школото на второ место. И сето тава за гола егзистенција.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.981
Поени од реакции
3.707
Сите имаме. Ниту јас не сум исклучок нажалост. Но, повеќе би ги нарекла лоши искуства отколку трауми бидејки ме направија посилна.
Инаку, воглавно е за во основно. Бев асоцијална и зборуваа се и сешто за мене. Дури имаше и еден тип со кој бев во многу лоши односи па истиот ме исмејуваше, дури и ме тепаше. Се имаа многу зафркавано на моја сметка, но тоа беше така бидејки незнаев како да им вратам. Сепак крајот беше во VII одделение кога се степав со еден што правеше мајтап со мене, велеше дека ме сака, ми праќаше некои писма на Sv. Valentine додека сите ми се смееа. :cenzura: Тоа беше вистински ужас. Но ми пукна филмот еден ден и го зачукав :D Фаца беше, една година поголем од мене ама мене и не ми беше баш гајле за тоа. Најтрагично беше тоа што истиот го сакав во III одделение и пак го тепав. Со години се правевме лом! И ден денес кога ќе се видиме не се поднесуваме. Оние кои ме малтретираа денес ја веднат главата пред мене, а дел од нив станале уште по одвратни личности со кои несакам да имам никаква допирна точка и ги избегнувам. Инаку, имав интересно детство до 12 години. Потоа пребрзо созреав, животот ме натера. Сега сум жива и здрава, но и покрај тоа не сум среќна...(n)
Во секое одделение и во секое училиште има дечки кои се прават мангупи и малтертираат некого, обично некој помирен и поповлечен но верувај тие кои што малтертираат други деца самите имаат многу поголеми трауми во семејствата и агресивноста или арогантноста во која ја трансформираат болката и која немаат начин да ја испразнат на друг начин ја истураат врз некое мирно повлечено детенце.... Свати ја нивната болка поради која така се однесувале и прости им. А среќата е нешто друго, за секого различно.....
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Во секое одделение и во секое училиште има дечки кои се прават мангупи и малтертираат некого, обично некој помирен и поповлечен но верувај тие кои што малтертираат други деца самите имаат многу поголеми трауми во семејствата и агресивноста или арогантноста во која ја трансформираат болката и која немаат начин да ја испразнат на друг начин ја истураат врз некое мирно повлечено детенце.... Свати ја нивната болка поради која така се однесувале и прости им. А среќата е нешто друго, за секого различно.....

За жал да, неизбежно е. Во право си за ова. Истиот тој мангуп имаше семејство кое имаше висок статус, а и си имаа доста парички во џебот меѓутоа никогаш не беа сложни. Неговата мајка се продаваше за пари, а татко му божем некој бизнисмен (шалабајзер). Одамна сфатив јас како функционираат тие работи. Затоа и му вратив. Денес кога ќе ме види на улица ме поминува со наведната глава.
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Викаат дека тоа што не те убива, ќе те направи посилен.....

На некој начин сакам да поверувам во ова, но од друга страна ми се случија толку многу работи во овие 18 години што ми го изменија животот.
Од една страна отфрлен и оставен бидејќи кариерата на моите родители им беше на прво место јас бев многу повлечен.
Не сакам да се пожалам... океј во ред секој сака да има успешна работа и да напредува во животот, но не по секоја цена.

Срцево ќе ми пукне кога ке се присетам.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Само издржи ќе дојде и твоето време.. иста ситуација имав.. Најдов начин како да правам пари.Се ми се смени. едно време почнав од игри и земав солидни 40.000 денари..иако киснев по 12 сата на ден мерак ми беше кога ја земав првата пара.. Затоа не се откажувам кога ќе дојде моето време ќе направам дупло повеќе пари за мојот син да не го доживее истото..
Извини,за кој игри станува збор да лапнам и јас некоја пара,зашто скоро и ништо друго не правам у последно време :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom