Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Еве за матурантите упатство за како се користи iKnow сервисот :)
 
Здраво луѓе, слушнав дека при запишувањето првите 5 или 10 на листата ќе се запишат бесплатно... Дали е тоа вистина?
 
Море со ова онлајн уписов се ми е завршено.. нема потреба од одење Скопје за запишување?
 
Море со ова онлајн уписов се ми е завршено.. нема потреба од одење Скопје за запишување?

Не, треба и лично да идеш да им однесеш тие документи што треба и листови за запишување. Онлајн запишувањето им служи само за побрза обработка на податоците, барем за сега, бидејќи мора да ги имаат и во печатена форма.
 
Море ако имам знаење од математика (да речам солидно знаење) и да немам знаење од програмирање (освен дека во паскал програма почнува со begin а завршува со end) дали сум за на ФИНКИ?
 
Море ако имам знаење од математика (да речам солидно знаење) и да немам знаење од програмирање (освен дека во паскал програма почнува со begin а завршува со end) дали сум за на ФИНКИ?

:pos: Скроз од почеток почнуваш програмирање, а и задачите што ќе ти се програмирање најчесто се нешто поврзани со математика... т.е. треба кликеро малку да ти работи :) Штом имаш добро познавање на математиката, не би требало да имаш некој проблем со програмирањето.
 
Море ако имам знаење од математика (да речам солидно знаење) и да немам знаење од програмирање (освен дека во паскал програма почнува со begin а завршува со end) дали сум за на ФИНКИ?

Статистички тие што бевме без никакво знаење од програмирање, многу подобри резултати извадивме од тие што веќе знаеја. Се почнува од многу основно ниво, а и обично тие што поднаучиле во средно изиграваа мангупи демек они ова веќе го знаат и на крајот испопаѓаа како крушки :) Така да ич да не се секираш за програмирањето, мене математиката повеќе ме плашеше, мада и тоа се совладува :)
 
:pos: Скроз од почеток почнуваш програмирање, а и задачите што ќе ти се програмирање најчесто се нешто поврзани со математика... т.е. треба кликеро малку да ти работи :) Штом имаш добро познавање на математиката, не би требало да имаш некој проблем со програмирањето.
Ја сум втора и тврдам дека нема поврзаност математика со програмирање.
 
Ја сум втора и тврдам дека нема поврзаност математика со програмирање.

Види... На колоквиуми и на испит имаше математички задачи... не се нешто којзнае што, но ако ти иде математика ќе ти биде многу полесно да ги решиш и задачите по програмирање. И не само на полагањата, и на лабораториски даваат математички задачи... дури и позезнати од тие на испит.
 
На програмирање ви дале математичка задача?
Што е за тебе математичка задача? Сума од последователни непарни броеви?
 
На програмирање ви дале математичка задача?
Што е за тебе математичка задача? Сума од последователни непарни броеви?

Не, имаше други, баш задачки... Не ми отвара курсес сега, а и ги немам никаде на компјутер.
Нема везе... како и да е, и на некој што не му иде баш математика може да положи, ги има многу такви... но, сепак е некаква предност доброто познавање на математика.
 
Ја неам благе везе математика... уствари уште ја неам положено математиката и немам ама баш никаков проблем со програмирањата. Ме мрзи да учам така да проблем ми прават предмети каде што треба баеги теорија да се учи и затоа уште се влечам на факултет иако требаше од дамна да ми биде завршен
 
Ја сум втора и тврдам дека нема поврзаност математика со програмирање.

Ако мислиш дека програмирањето е само учење на синтаксата на јазиците и што значат определени оператори, да - нема да ти треба математика. Но знај дека најмногу што ќе можеш да работиш е она што го викаат - monkey typing - (да поправаш некакви елементарни инциденти, не си ни малку вклучен во процес на создавање на софтвер). Не викам дека и тоа е лошо, но ако сакаш да се реализираш и да напредуваш во областа, без математика нема како.
 
Луѓееее абе да не знае некој овие на студентски до кога се на одмор??? Ми треба уверение за положени испити во најбрзо можно време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom