Море или eзеро?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Каде се осеќате подобро?


  • Вкупно гласачи
    64

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Локација
Охрид, Македонија
Кај ви е попријатно да се капите, пливате, сунчате, скокате од висина..... ?

Значи не дискутираме за убавината на летниот одмор од сите аспекти, туку конкретно за водата и плажата.. Слатководна или солена, камчиња или песок, големи плажи или подискретни локации.... итн итн..
Што е вашиот избор?

Јас од Охрид сум :D .
 
Искрено ЕЗЕРО бирам,морето секако каде каде е поздраво и подобро,ама кога одам на море се случува да не влезам во морето или ако влезам само 10 минути и излегувам и се сончам,додека од езеро неможеш да ме истераш,посебно охридско....барем сигурно ми е некако нема ниту ајкули ниту медузи,а во море мора да сум на штрек цело време знам дека све е обезбедено ама немам мира,плус со туѓ народ си опкружен...
плажа со камчиња ми е најдобро,ама не од оние острите,песок во никој случај ниту пак големи камења... :D
 
Море. Има подобро влиjание врз здравjето отколку езерото.
 
Плажа со ситни камчиња и морска вода .
 
Искрено ЕЗЕРО бирам,морето секако каде каде е поздраво и подобро,ама кога одам на море се случува да не влезам во морето или ако влезам само 10 минути и излегувам и се сончам,додека од езеро неможеш да ме истераш,посебно охридско....барем сигурно ми е некако нема ниту ајкули ниту медузи,а во море мора да сум на штрек цело време знам дека све е обезбедено ама немам мира,плус со туѓ народ си опкружен...
плажа со камчиња ми е најдобро,ама не од оние острите,песок во никој случај ниту пак големи камења... :D
Тоа се вика премногу фантазија,со други зборови

Он-море,многу нормално:свиркам:
 
И двете секако,авантурист сум јас сакам да посетувам разни места и езера и мориња и реки не е битно само на море да идам нон стоп многу е монотоно или езеро :)
 
На море е убаво да се појди да се одмориш ко човек надвор од твојата цивилазиција (Македонија) и на Езеро ми е многу убаво ама нема убави плажи, нема добар туризам и све остало.
--- надополнето: 17 јули 2012 во 19:18 ---
Боље дома него Пештани
 
На тие горештини најмногу сакам да одам на планинско езеро
 
Кај ви е попријатно да се капите, пливате, сунчате, скокате од висина..... ?

Значи не дискутираме за убавината на летниот одмор од сите аспекти, туку конкретно за водата и плажата.. Слатководна или солена, камчиња или песок, големи плажи или подискретни локации.... итн итн..
Што е вашиот избор?

Јас од Охрид сум :D .
оти немат планина.? мене таму поубо ми е, на чист ваздух.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom