Врски за вработување - ваше мислење?

Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
Не брат не е. Секоја работа е подобра од никаква. Јас само сакав да посочам на тоа дека луѓето, особено младите луѓе ( да речам деца, бидејќи и јас сум дете со моите 19 години ) не треба уште од сега да се надеваат на нечива помош при вработувањето. Притоа ме нервира фактот што младите луѓе кај нас воопшто не се амбициозни, уште од мал да бидеш среќен со обичен просечен живот... Зарем не сонуваш за нешто поголемо, не сакаш да постигнеш нешто повеќе отколку да работиш исто па исто 40 години? Зарем не сакаш да работиш нешто на што ќе бидеш горд, да изградиш кариера, углед? Тоа ми беше муабетот, затоа што како што гледам тука сите сакаат да работат во државната администрација по која толку плукаат. Тоа е тоа што ме нервира.
Иначе видов некаде погоре дека некој имаше напишано дека во некои земји со завршувањето на факултет ти е обезбедена работа. Тоа можеби е реалност во земја во која 20-30% од матурантите се запишуваат на факултет и од нив 40% нема да успеат да го завршат, додека кај нас 90 % од матурантите се запишуваат на факултет и сите завршуваат, реално е тешко да се најде работа за сите. Сепак на крајот квалитетот ќе излезе на виделина, а останатите ќе плукаат како крив е системот, врските, приватниците ( работодавците) и што ли уште не...
добро,ете очекуваш нешто поголемо и сакаш светла кариера и иднина, но што ако тоа не ти се оствари ?! што тогаш ? нема да прифатиш да работиш за 200 Евра ?
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.207
Поени од реакции
1.236
добро,ете очекуваш нешто поголемо и сакаш светла кариера и иднина, но што ако тоа не ти се оствари ?! што тогаш ? нема да прифатиш да работиш за 200 Евра ?
Нормално дека би прфатил. Само сакав да кажам дека тоа не е мојот прв избор, а не би требало да биде ни ваш. Тоа е тоа.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Нормално дека би прфатил. Само сакав да кажам дека тоа не е мојот прв избор, а не би требало да биде ни ваш. Тоа е тоа.
А што планираш да студираш, ако не е тајна?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
ФИНКИ, КНИ, макар да во последно време се премислувам и за ИКИ.
Со тие факултети имаш шанса да најдеш пристојно вработување и без врски, иако и за нив во последно време е нешто потешко (сепак подобро стојат од правници/економисти/филозофи/педагози).
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.207
Поени од реакции
1.236
Со тие факултети имаш шанса да најдеш пристојно вработување и без врски, иако и за нив во последно време е нешто потешко (сепак подобро стојат од правници/економисти/филозофи/педагози).
Toчно, притоа овие факултети нудат и многу поширок спектар на работа, повеќе можности за разлика од општествените факултети од кои има вишок на кадар, а тој вишок секоја година се повеќе и повеќе се зголемува :) .
 
Г

Грејвдигер

Гостин
А сте се запрашале ли дали ве исполнува тоа што го работите? Сите сакаат да имаат голема плата и да дремаат на работа... но што фајде од тоа? Ја следам дискусијава тука, а и малку последните неколку мислења од „Мажите преферираат глупи жени“ ме натераа да го споделам видеото кое посебно е наменето за помладата генерација.
Се работи за краток документарец од некоја си бразилска агенција за промените, како луѓето се снаоѓаат и дали тоа што го работат ги прави среќни...
Се што сакам да кажам е во видеото, погледнете го.

 
Член од
23 август 2012
Мислења
3
Поени од реакции
1
Za sekade treba vrski i na privatno i na drzavno, so nekoj mora da se poznavas, zavisi i vo kakvi krugovi se dvizis, kakvi luge ti se prijateli i kakvi luge ti se drugari, rodnini (mada vikaat begaj od rodnini ....), nastrana obrazovanieto....kade diplomata sluzi samo kako pasos za podobra rabota .
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Без врски немани вработување, милион такви примери знам, денес и за обична продавачка се бараат врски а камоли за некоја повисока позиција
 

Kajgana Shop

На врв Bottom