Не брат не е. Секоја работа е подобра од никаква. Јас само сакав да посочам на тоа дека луѓето, особено младите луѓе ( да речам деца, бидејќи и јас сум дете со моите 19 години ) не треба уште од сега да се надеваат на нечива помош при вработувањето. Притоа ме нервира фактот што младите луѓе кај нас воопшто не се амбициозни, уште од мал да бидеш среќен со обичен просечен живот... Зарем не сонуваш за нешто поголемо, не сакаш да постигнеш нешто повеќе отколку да работиш исто па исто 40 години? Зарем не сакаш да работиш нешто на што ќе бидеш горд, да изградиш кариера, углед? Тоа ми беше муабетот, затоа што како што гледам тука сите сакаат да работат во државната администрација по која толку плукаат. Тоа е тоа што ме нервира.
Иначе видов некаде погоре дека некој имаше напишано дека во некои земји со завршувањето на факултет ти е обезбедена работа. Тоа можеби е реалност во земја во која 20-30% од матурантите се запишуваат на факултет и од нив 40% нема да успеат да го завршат, додека кај нас 90 % од матурантите се запишуваат на факултет и сите завршуваат, реално е тешко да се најде работа за сите. Сепак на крајот квалитетот ќе излезе на виделина, а останатите ќе плукаат како крив е системот, врските, приватниците ( работодавците) и што ли уште не...