Друже не си во право со муабетов...не кога правиме муабет за Македонија и клубскиот фудбал тука.Верувам дека го следиш првенствово и гледаш какви смешни бројки се вртат околу посетеноста на утакмиците па од таму кога правиме муабет за вакви работи во оваа држава муабетиве нема да ти држат вода.Да не ме сфатиш погрешно....јас,ти,Јанко,Петко и Станко ќе присуствуваме на утакмицата и 500 денари да е карта ама 90% од жителите на Македонија кога ќе видат карта повисока од 100 денари ќе ти кажат дека им е скапо и дека нема да дојдат.Ова не ти го кажувам од памет туку од муабети со други луѓе од Скопје и други градови.Ако резултатот биде поволен и тука има неизвесност со карта од 200ден да речеме дека ќе дојдат 10.000,а доколку картата е 100ден сигурно ќе има повеќе луѓе...да не речам дупло повеќе.