Пивофест 2012 - 12-15.07.2012

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
се беше одлично и се помина во најдобар ред, само две замерки, едната се однесува на лошата организација на бината, од страните немаше никаква можност да се види било што, другата е на пицерија PLANET кај саатот, ние Прилепчани не им простуваме на никаквата услуга и лошото јадење, големи гурмани сме и не простуваме далавери.на излогот со две педи реклама пишува 40 денари тост, порачуваме 4, ги добиваме (благо речено НИКАКВИ) потоа носат фискална каде пишува печен сендвич 50 денари, абе колку ви е тостот?? ами 50 денари.ами ова на излогот? аа тоа не важи.ами и на фискалнава не пишува тост туку печен сендвич,па извади го тоа од излогот, ПРЕВАРИ не трпиме во Прилеп.не се работи за 10 денари по парче, со таквиот однос ќе се добие погрешна слика за Прилеп и Прилепчани, а и квалитетот на тостот беше само кучето да го наранам со тие тостови:facepalm:
Acid mi go zede zborot, ova mora da bile Ohrigani gazdi :pos: Ama thumbs up za ova sto ste kriticki nastroeni, da moze nekako da idat na casovi ovie od Ohrid kaj vas...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.851
Поени од реакции
23.211
Оваа година не бев, ме револтираа од лани.
Јас фино лепо на свадба одам , колата накитена , сватови дотерани, застана некој копиљ пари за влез ми бара. Не беше за парите незнам некој 100 денари беа во прашање, ама повеќе ѓупската стварно не можеа да ја направат. Па сигурно не одам по костум на пивофест, башка со еден куп постари во колата. Можеби и дедоми го носев на пивосфест, ама тоа е. Прилепска работа.
Инаку се сеќавам на првиот и вториот пивофест и тогаш да уште не беше толку комерцијализиран, цените беа како од пивара да го земаш пивото и скарата беше доста поевтнина од нормални денови, Мислам и дека тоа и треба да биди суштината на пивофестот. Безобразно евтини цени на пивото и на скарата. Последниот пат кога отидов цените не беа така евтини, така да некако желбата ми помина, не беше повеќе то то.Па и последната случка од лани доволно ми беше да ми се одмили.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
Оваа година не бев, ме револтираа од лани.
Јас фино лепо на свадба одам , колата накитена , сватови дотерани, застана некој копиљ пари за влез ми бара. Не беше за парите незнам некој 100 денари беа во прашање, ама повеќе ѓупската стварно не можеа да ја направат. Па сигурно не одам по костум на пивофест, башка со еден куп постари во колата. Можеби и дедоми го носев на пивосфест, ама тоа е. Прилепска работа.
Инаку се сеќавам на првиот и вториот пивофест и тогаш да уште не беше толку комерцијализиран, цените беа како од пивара да го земаш пивото и скарата беше доста поевтнина од нормални денови, Мислам и дека тоа и треба да биди суштината на пивофестот. Безобразно евтини цени на пивото и на скарата. Последниот пат кога отидов цените не беа така евтини, така да некако желбата ми помина, не беше повеќе то то.Па и последната случка од лани доволно ми беше да ми се одмили.
Брат а шо не си му се развикал на тој башка 50денари беше влезот значи сакал да те закрпи кога видел накитен одиш.
Цените на скарата не знам кои беа но обично тука нема поскапувања спрема кафаните кои секој ден работат низ прилеп. Обична во кафана ти е 60-70 / ловечка 80-90/ ребро-ражнич-уштипец 90-100 ... е сега на знам колку беше по скариве на пивофестов зошто не практикувам да јадам таму знаеќи го составот на амурот ама верувма и дека премногу пилешки стекови потрошија не само мелено. За пивото тотално да иако истиве цени беа и пред 5 години. Тоа е разликата што сега инфлацијата направи пивото да е поевтино односно пред пола кило пиво скопско/прилепско во продавница пред 5 години беше 25/23 а сега е 35/33. Ако и на пивофест цената одеше 1/3 поскапо од тогашната ќе беше зезнато чаша пиво 70/80.

Тоа е тоа догодина здравје 90% сум сигурен дека Хладно Пиво ќе ги донесат поучен од претходни две години затоа што тоа што било да испита терен едната година на Битола опен фестивалот во август иди пред 2-3000 народ наредна година иди да пее пред 50+ илјади на пивофест :D

Како и да е организација на ниво а и мислам дека не е за секого пивофест затоа што вчера пред мои очи гледав искрено два обиди за иницирање на тепачка од некои неприлепчани во стил на шарпланинци од ЈСП. Оди прво мал пилиштар полу пиан соблечен до појас тотални испотен или потурен со пиво целиот и се трија или им скока/шутка на батина кои се дојдени за уживање во музика или пивото. Ги малтретира или провоцира а група од 7-8 или повеќе исти ко него неандерталци за вакви масовни собирања чекаат на готовс од страна. Првиот пат им успеа изгледа финтата колку што видов па еден му беше цела испокината кошулата а вториот попаметинот попушти и се премести од другара страна а овие неандерталци добија некои квадрат плус простор да “играат“ и прскаат се околу со пиво. Жално но ако нема некоја контрола а ако им успее да налетаа на некоја истот така добра група кој не би била “паметна“ ќе има масовна тепачка ... за наредни години мора да с еобрне внимание со пуштање на навидум обезбедување низ народот , онака со овие светлосниве елечина и да си шеткаат низ толпа, може ќе има малку страв за предизвикување на нереди.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Прилепскиот „Пиво-фест“ руши рекорди

Неофицијални бројки велат дека на третата вечер на „Пиво-фест“ престојувале 130 илјади посетители, кои испиле 110 тони пиво и изеле 39 тони скара, или вкупно во трите вечери Прилеп го посетиле над 250 илјади луѓе, кои испиле околу 170 тони пиво и изеле околу 60 тони храна



Жељко Јоксимовиќ ја отпеа и македонската „Јовано, Јованке“
ТРЕТА ВЕЧЕР НА ПИВСКИОТ ФЕСТИВАЛ
Најголемата забавна, но и културна прилепска манифестација „Пиво-фест“ руши рекорди по број на посетители, но и според испиеното пиво и изедената скара. Атмосферата е фантастична, се коментарите на посетителите.

Неофицијални бројки велат дека на третата вечер на „Пиво-фест“ престојувале 130 илјади посетители, кои испиле 110 тони пиво и изеле 39 тони скара, или вкупно во трите вечери Прилеп го посетиле над 250 илјади посетители, кои испиле околу 170 тони пиво и околу 60 тони храна. Прилеп буквално беше сардисан од сите страни. Без никаков проблем во градот влегоа околу 25 илјади возила. Многумина од посетителите, особено младите, пристигнаа со вонредните возови, а дел од нив кампуваа во Паркот на револуцијата во Прилеп.

Градоначалникот Марјан Ристески вели дека се презадоволни од текот на годинешното издание на пивскиот фестивал.

- Докажавме дека за Прилеп не постои лимит. Ги срушивме сите рекорди што ги имавме во последните години и по бројот на посетители и по испиено пиво. Забавата беше одлична. На високо ниво беше и комуналната хигиена, од што сум особено задоволен. Можеме да кажеме дека Прилеп е број еден во организација на фестивали - изјави градоначалникот Ристески на вчерашната прес-конференција.
Посетителите што дојдоа првпат, дури и од Австралија, велат дека се фасцинирани од организацијата и од посетеноста.

- Првпат сум на фестивалот. Навистина сум многу задоволен, пред сѐ од одличната организација и уште поубавата забава. Изненаден сум колку Прилеп напредувал за десетина години, колку што сум надвор од градот - вели Горан Милошоски од Австралија.

Илјадниците посетители, особено младите, одлично се забавуваа на настапите на Мирослав Илиќ и на Џеј Рамадановски, а кулминацијата достигна со настапот на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, кој пееше повеќе од два часа. „Љубави“, „Није љубав ствар“, како и македонските „Јовано, Јованке“, „Сокол пие крај Вардара“ беа само дел од композициите што им ги подари на илјадниците посетители.

- И благодарам на публиката затоа што мислам дека од тоа што го видов ова е еден од моите концерти со најмногу публика. Многу сум задоволен од организацијата на целиот фестивал. Ја испеав „Јовано, Јованке“, не поради тоа што е македонска песна, туку поради тоа што сопругата ми се вика Јована, а искрено навистина многу ја сакам песната - изјави Јоксимовиќ по концертот.

Градоначалникот Ристески на пејачот му подари икона од св. Никола, а тој откри дека овој празник му била домашна слава.

Синоќа на прилепскиот „Пиво-фест“ настапија Петар Грашо и Лепа Брена, по што беше затворен фестивалот.



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7161295642&id=49&setIzdanie=22631
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Незнам како беше на другите места организацијата, но за шаторската зона можам да кажам дека прилепчани беа супер, услужливе, џандари цела ноќ и ден чуваа стража, прашуваа да не треба нешто, плус имаше и средени туш кабини и вециња, само што некои наши гoрили ги затнаа, сеедно, првите два дена беше супер, за другите незнам зошто не бев, како и да е, и наредна година сум таму.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Супер беше и годинава, некој цени беа за нешто поскапи од лани но ништо страшно, супер организација, мирно, фино, расположен народ едини проблем како лани и оваа година се возовите за Скопје, утрово кога го чекавме возот од Битола за Скопје во 03-50мин. како и секоја година тепање за да се влезе а утрово малце фалеше и еден човек да отиде под возот, трчајќи да се качи еден дечко накај 30 години падна на земја и се стркала поред возот кој беше во движење, со нозете загази доле кај шините и среќа одма го повлекоа ...
Срамота е за нашава железница, луѓе ќе изгинат и упорно секоа година нема доволно вагони за Пивофестов.
 
Член од
30 јуни 2011
Мислења
322
Поени од реакции
196
-Брена 45 000 е
-Жељко 25 000 е
-Кирил 10 000 е
-Грашо 9 000 е
-Влатко 5 000 е
Превише пари фрлени за бабичкава:eek:За мене Кирил беше број 1 на фестивалов.Секоја чест за цената на пивото и за организацијата.Од Балканов поминаја сите...догодина да се надеваме на музичка програма што е надвор од Балканов.:)
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
-Брена 45 000 е
-Жељко 25 000 е
-Кирил 10 000 е
-Грашо 9 000 е
-Влатко 5 000 е
Превише пари фрлени за бабичкава:eek:За мене Кирил беше број 1 на фестивалов.Секоја чест за цената на пивото и за организацијата.Од Балканов поминаја сите...догодина да се надеваме на музичка програма што е надвор од Балканов.:)
Брена заработи 35.000 евра
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Прв пат бев годинава на пивофест и разочаран сум максимално(и повеќе нема да одам)!
Толку кич и сељаци немам видено долго време на едно место, во купче. Пијандури колку сакаш, пивото прескапо за пивофест(чим е пиовофест треба да се наплаќа поефтино од нормалното заради промоција на пивото и слично ама во дива лига тешко е изводливо тоа)! Скарата катастрофа, да не речам гној, јадев колку да на се рече дека не сум гладен!
Огнометот беше врв! Да се слави некое културно и уметничко достигнување, или нешто од интерес на државата разбирам, ама да се слават пијанчењето и кичот стварно ми беше глупо.
Најјако е сепак тоа што во највмровскиот град ги донесоа сите ју пеачи, како ние да немаме наши. И после комуњариве биле југоносталгичари:icon_lol:Ма немој да ме јебеш бре!

п.с. Разбрав дека ова било најголемо достигнување на градоначалникот на прилеп! Ако е така јас би се страмел од ова ама проста раја на тоа се пали, на пиво и огномет!
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.401
Поени од реакции
16.631
Најјако е сепак тоа што во највмровскиот град ги донесоа сите ју пеачи, како ние да немаме наши. И после комуњариве биле југоносталгичари:icon_lol:Ма немој да ме јебеш бре!
У цел пост се изнакења, ама срце јуначко не успеа да се воздржи и да не спомне вмро или грујо или слично.
Јас не знам како воопшто и си се осудил да заминеш у највмровскиот град :icon_lol:

И успут, колку сакаш да биде 0.4 l кригла пиво?
Ќе му речат прилепчани на Марјанчо да ти го дадат гага наредна година или евентуално до дома да ти го донесат :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom