Над 230.000 македонски граѓани се иселени од 1998 година досега

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Тука Турците гледам си се враќат , у Скопје облакодери ќе дигат :D

Мислам дека може и Македонија , иако е мала , да биде солидна цврста држава. Мислам дека треба прво да се ориентираме на произвоство на македонски продукти ( прехрана , козметика итн ) знам дека и сега го иамме тоа , ама треба и добра маркетинг стратегија. наместо да купуваме ефтина турска и кинеска роба , зашо не купуваме поквалитетна македонска роба ?

Има Македонија капацитет, добар капацитет има. Вино , сточарство, руди , планински туризам , езерски туризам, прехранбена индустрија, козметичка индустрија, текстилна индустрија итн. Да купуваме наши производи нема да имаме потреба од увоз , а ако добро ги изрекламираме и имаме добар квалитет , може и да ги извезуваме , пример патлиџани и јабуки у Малта да почнт да извезуват , пари ќе направат со оглед на тоа шо цените тука се 4-5 пати повисоки за кило јабука отколку во МК.
Ја така сакам повеќе, не да зависеме од Турци,Кинези, Американци , гејци итн ..
Сакам да одговорам али ќе биде пак од тие постовите од 100 000 збора кај што не знам кај сум почнал кај сум завршил.А уште поважно ме мрзи.

Али најголемиот проблем е што ние сме во гето.Немаме договори за слободна трговија со никој,барем не такви без никакви квоти.18% ДДВ данок за увоз и ИЗВОЗ.Еден милион регулации,утре може да ти дојде инсперктор и да те затвори зошто е тој ден од месецот и мора плата да се заработи.И да заработиш треба да се отруеш од давање давачки и папирологија.И тоа секако не дај боже да имаш бизнис конкурентен на тие што ја спонзорираат власта е тогаш си надрљал.Тогаш и ќе почнеш да добиваш посети од лица без коса.

За име на бога компанија им даде понуда за Чебрене и Галиште да ги изградат и да им дадат 28% од сопственичкиот пакет + да изградат патишта во регионот кој ќе бидат потребни за изградба на браната.Државата одби дека најмалку 40% требало.Епа кога некој ќе фрли најмалку 700 милиони евра свои пари и ќе ти даде уште на крај 40% од профитот да ми јавиш.А не е да речеш регионот населен па ајде власта им прави услуга за мариово се работи каде веќе и да нема луѓе освен албанци сточари.Со тој проект илјадници ќе се вработеа и ќе работеа таму со години + во целиот регион инфраструктурата ќе беше изградена.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
ХА ха ха....си претураш 10 евра од џепче во џепче и ги чуваш така стуткани за недајбоже.Купуваш алишта на кило и јадеш салама и германски кубасици.Спиеш со 10 други како тебе во еднособен стан под кирија.
Тие барем јадат колбасици и салама (месо) ... Ние преку лето јадеме пиперки и патлиџани , а преку зима ајвар и пиперки во различна форма на зимници.

За Германија не знам , но во Швајцарија знам дека не можеш да седиш под кирија 10 лица во еден стан , освен ако нема станот 10 соби.
Тоа многу убаво го памтам од мои роднини кои ми ги објаснуваа овие работи.

Ние сме бетер од африка бе , секоја соба ни е полна со луѓе.
Кај ти е гостинска соба , дневна , детска.
Е таму на запад мора да ги исполнуваш овие услови.

Немој да ми кажуваш пошто во германија 700 евра вредат 1 час забава.Таму си обичен клошар,работник од најниска класа.Тука со 7 000 денари ќе си понудиш поголем луксуз.
И тука вредат 700 евра еден час забава , исто како што вредат и во Германија и во Македонија , 700 евра = 700 литри нафта.
Еднашка на еден наш супермаркет (мислам дека го имам кажано случајот и порано) , видов брачен пар од странство ... и гледаа пилешко месо (цело пиле во најлон што се) , и баш го слушнав нивниот дијалог ... велеа дека скапо било.

Како може основните прехранбени производи да бидат исти,слични или поскапи во Македонија ?

Е како тогаш може 300 евра да се исти со 1500 евра , особено што таму сите работаат.
А кај нас не ја имаат таа среќа секој работоспособен граѓанин да работи.

Како го објаснуваш нивното доаѓање неколку пати годишно во Македонија , плаќајки по 500 евра за билет , ако се 4 члена , тоа се 2000 евра.
Знаеш ли ти што значат 2000 евра за нас.

Знаеш ли ти дека има луѓе што немаат поминато граница на Македонија , да идат барем до Солун со 20 евра. (200км далеку , а таму 200км им е далеку работно место)
Да да , не ти зборувам за млади лица од некое заостанато село во Македонија, туку од самата метропола луѓе што не мрднале надвор од држава.


ПС: 700 евра е кирија на гарсоњера во некое збутано селско место.Ете толку заработуваш,една кирија за станче во свирипичино у централна Германија.
Заработуваат и за куќа од 200.000 евра да изградат во Македонија , да имаат кола од 20.000 евра , да менуваат мобилни секоја година.

Таков е системот во западна Европа , тие к*рот не им чуе што немаат сопствен дом ... секој стан кој се издава е нивен дом ... имаат такви приходи што цел живот можат да издржат на кирија.

Колку од нас имаат таква можност ? Да , ние имаме сопствени домови , и наследено богатсво од турско време.

Рачунај да те истера тебе и мене татковците надвор на 18 години , ај оди снајди се сам.

Тоа во Германија и Швајцарија го можат, ние никогаш.

Кај нас 300 евра е кирија ... а 300 евра плата колку лица зимаат ? Кај се другите трошкови ? Така да со македонска плата ни кирија не можеш да платиш.

Затоа 42,5% се сиромашни , пошто израчунатите трошкови се поголеми од платите.

Фала ви печалбари , денеска мојот сосед ја омажи ќерката ... тој не е вработен ... свадбата му ја плати брат му од Швајцарија.

Фала ви што со вашите сиромашни плати (според ДиректХ) , успевате и на нас да ни помогнете.
 

Hedera

Noxious
Член од
20 јуни 2012
Мислења
91
Поени од реакции
84
1.над 230.000 граѓани се иселени од Македонија - од 1998 година
2. над ххх.ххх граѓани и селани се населени во Скопје - од 1996 година.
и тоа ме интересира
Според ова, не е важно што еден куп луѓе си отишле од Македонија, важно е тоа што доаѓаат луѓе да живеат во Скопје:tapp: Да, тоа е најголемиот проблем во државава:facepalm:
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Тука Турците гледам си се враќат , у Скопје облакодери ќе дигат :D

Мислам дека може и Македонија , иако е мала , да биде солидна цврста држава. Мислам дека треба прво да се ориентираме на произвоство на македонски продукти ( прехрана , козметика итн ) знам дека и сега го иамме тоа , ама треба и добра маркетинг стратегија. наместо да купуваме ефтина турска и кинеска роба , зашо не купуваме поквалитетна македонска роба ?

Има Македонија капацитет, добар капацитет има. Вино , сточарство, руди , планински туризам , езерски туризам, прехранбена индустрија, козметичка индустрија, текстилна индустрија итн. Да купуваме наши производи нема да имаме потреба од увоз , а ако добро ги изрекламираме и имаме добар квалитет , може и да ги извезуваме , пример патлиџани и јабуки у Малта да почнт да извезуват , пари ќе направат со оглед на тоа шо цените тука се 4-5 пати повисоки за кило јабука отколку во МК.
Ја така сакам повеќе, не да зависеме од Турци,Кинези, Американци , гејци итн ..
Македонија иако е мала држава, која нема воопшто излез на море, ниту пак има нафта, природен гас и сл. сепак мислам дека има потенцијали да биде на многу повисоко ниво од ова ниво на што е !
И покрај тоа што сме планинска земја, сепак имаме и голем % на рамници/низини т.е. плодно обработливо земјиште(некаде сум прочитал дека МКД имала потенцијал да создаде природна домашна храна за 8 милиони луѓе, а ние сме само четвртина од тоа-2 милиона сме), потоа исто така адут на Македонија се и природните и чисти води кои ги имаме во изобилие, трите природни езера, повеќето вештачки езера заедно со нивните брани и хидроцентрали и ред други потенцијали(природни) ............. е сега тоа што работата ни е сива, тука улога играат повеќе фактори ......... неспособноста на политичарите, менталитетот на народот, лошите влијанија од надвор... ние уствари 2 децении тапкаме во место како што гледам, ни напред, ни назад, но назад не ни можеме да одиме повеќе, бидејќи веќе сме доволно назад т.е. во дно !
--- надополнето: 15 јули 2012 во 21:22 ---
Чекам да завршам факултет, си ги пакувам куферите и бегам од тука. Ова е ненормална држава.
Тоа ти е најдобрата варијанта ........... само напред ! (y)
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
se slagam vo celost so postot
ne e kitka za mirisanje i vo stranstvo,no ete na nekoi lugje mu vleglo vo glava deka ima mnogu pari tamu :) ama i nasata drzava ne e nesto mnogu sjajna.Zatoa koj kako si svanal vo zivotot :)
Значи македонските експерти еволуираа. Од експерти за се и сешто сега дел од нив еволуираа во експерти за туг живот.
Значи оние иселеници што отишле во странство и ни на крај памет не им пага да се вратат уствари не знаат дека таму и не им е подобро, но затоа овде се новите експерти за туг живот кои знаат како им е, подобро од тие самите.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Каква ЖЕЛЕ генерација...цела се таласа и се витка.
Без труд и упорност нема успех.
Било каде....
--- надополнето: 16 јули 2012 во 00:18 ---
Е ако де, имај си ти пак поголем е-пенис, не ми пречи на мене.

Не бе друже, врати се во основно и научи да читаш. Велам, даваа колку за да не умреш за јадење, за да утре пак можеш да одиш да црнчиш.

вегетарјанец сум, јеби га.

Грешка си, оние што се политички активни не се жалат.
Ти си грешка...оние што се неспособни се жалат.
--- надополнето: 16 јули 2012 во 00:19 ---
Ти дете забега малку...

Која шутка, влези тука па види дали се продава адидас или абидас!

Сите си ја сакаме државава но пред фактите и боговите молчат!
Абе ајде,ми збориш за стари демоде модели...кој факти за распродажба...со тој твој адидас таму ќе ти се смеат...
--- надополнето: 16 јули 2012 во 00:23 ---
Тие барем јадат колбасици и салама (месо) ... Ние преку лето јадеме пиперки и патлиџани , а преку зима ајвар и пиперки во различна форма на зимници.

За Германија не знам , но во Швајцарија знам дека не можеш да седиш под кирија 10 лица во еден стан , освен ако нема станот 10 соби.
Тоа многу убаво го памтам од мои роднини кои ми ги објаснуваа овие работи.

Ние сме бетер од африка бе , секоја соба ни е полна со луѓе.
Кај ти е гостинска соба , дневна , детска.
Е таму на запад мора да ги исполнуваш овие услови.



И тука вредат 700 евра еден час забава , исто како што вредат и во Германија и во Македонија , 700 евра = 700 литри нафта.
Еднашка на еден наш супермаркет (мислам дека го имам кажано случајот и порано) , видов брачен пар од странство ... и гледаа пилешко месо (цело пиле во најлон што се) , и баш го слушнав нивниот дијалог ... велеа дека скапо било.

Како може основните прехранбени производи да бидат исти,слични или поскапи во Македонија ?

Е како тогаш може 300 евра да се исти со 1500 евра , особено што таму сите работаат.
А кај нас не ја имаат таа среќа секој работоспособен граѓанин да работи.

Како го објаснуваш нивното доаѓање неколку пати годишно во Македонија , плаќајки по 500 евра за билет , ако се 4 члена , тоа се 2000 евра.
Знаеш ли ти што значат 2000 евра за нас.

Знаеш ли ти дека има луѓе што немаат поминато граница на Македонија , да идат барем до Солун со 20 евра. (200км далеку , а таму 200км им е далеку работно место)
Да да , не ти зборувам за млади лица од некое заостанато село во Македонија, туку од самата метропола луѓе што не мрднале надвор од држава.




Заработуваат и за куќа од 200.000 евра да изградат во Македонија , да имаат кола од 20.000 евра , да менуваат мобилни секоја година.

Таков е системот во западна Европа , тие к*рот не им чуе што немаат сопствен дом ... секој стан кој се издава е нивен дом ... имаат такви приходи што цел живот можат да издржат на кирија.

Колку од нас имаат таква можност ? Да , ние имаме сопствени домови , и наследено богатсво од турско време.

Рачунај да те истера тебе и мене татковците надвор на 18 години , ај оди снајди се сам.

Тоа во Германија и Швајцарија го можат, ние никогаш.

Кај нас 300 евра е кирија ... а 300 евра плата колку лица зимаат ? Кај се другите трошкови ? Така да со македонска плата ни кирија не можеш да платиш.

Затоа 42,5% се сиромашни , пошто израчунатите трошкови се поголеми од платите.

Фала ви печалбари , денеска мојот сосед ја омажи ќерката ... тој не е вработен ... свадбата му ја плати брат му од Швајцарија.

Фала ви што со вашите сиромашни плати (според ДиректХ) , успевате и на нас да ни помогнете.
Се гледа по нашинката...цицијаши за 20 денари разлика...а незима во предвид дека нашите пилиња не се хормонизарани...всушност тоа месо што кај нас се нуди во странските земји е 10 пати поскапо...гледај ги рафтовите со “органска храна“...
И кажи ми еден гастербајтер што се вратил со поголемно ниво на култура од странство...
Сите се затуцани...никој небил на концерт,на фудбал,на опера....не,тоа се екстра трошоци што неможат да си ги дозволат.
ГАСТЕРБАЈТЕР=УБЕР ТАКСИСТ :):):):)
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053


Чекај да видиш за едно 2-3 години кога ќе се дознае за Ангола во Македонија и дека им требаат секаков тип на образовани кадри ,а воопшто не е потребно не само виза туку и пасош освен ако не ти побара полицаец.Има цела држава да се исели.

Сега во Ангола изгради кинеска компанија град вреден 1,2 милијарди евра целосно своја приватна инвестиција за средната класа што се создава и ќе може да смести околу 750 000 луѓе со целосна инфраструктура од училишта до болници.По 20% имаат раст годишен.Уште некоја година дали таму дали во New Hampshire и патот под нозе.
Да, точно е тоа.Ангола имала -0,3 еконоски раст последните 2-3 години и пола население тотално неписмено.Рај на светот.Тоа што имаат нафта и сите им се пикаат таму да им ја цедат, а особено Кинезите тоа е друга работа.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Охриѓане јадат говна на кило за Скопје, а на улица тука секој втор е од таму.
Мало појаснување и малце подетално...
Охрид рекордер според бројот на иселени лица
Охриѓани најлесно се одлучуваат да го напуштат родниот крај за да заминат во странство или да живеат во Скопје. Според Публикацијата ,,Миграции 2011’’ која вчера ја објави Државниот завод за статистика, Охрид е град со најнегативна миграциона состојба во Република Македонија.

Статистичките показатели кои се приложени во публикацијата говорат дека минатата година од Охрид се иселиле вкупно 1069 лица од кои 803 заминале во странски земји. Со овие податоци Охрид е рекордер по бројот на отселени лица, а зад него се Гостивар со 427, Битола со 386, Струга 371, Куманово 321, Прилеп со 243 и Струмица со 229 отселени лица. Поголема бројка на отселени од Охрид има само градот Скопје од каде што во истиот период се отселиле 1310 лица.

Споредбено со статистичката евиденција од претходните 4 години, може да се констатира дека бројот на иселени лица од Охрид, пораснал за 393 во споредба со 2010 година кога биле евидентитрани 676 иселени охриѓани. Во споредба со 2008 година, бројот на иселени од Охрид е зголемен за 502, додека пак во споредба со 2007 забележано е зголемување од 849 иселени.
Интересен е податокот што после Скопје, кој води со бројка од 1845, Охрид се наоѓа на првото место и според бројот на доселени лица. Значи според статистичките показатели, лани, жители на Охрид станале 447 лица од кои 356 се доселиле од друга општина.

Граѓаните на Охрид сметаат дека причина за иселувањето се недоволниот број на работни места односно условите за егзистенција кои моментално ги има во градот.

-Најчесто се иселуваат младите, еве на пример од мои блиски пријатели двата сина им заминаа во странство, едниот во Холандија, другиот во Германија. Исто така и моите деца планираат да одат надвор до Охрид, доколку најдат подобра работа и не ги запирам, слободно нека бараат подобар живот,вели една повозрасна охриѓанка.


Друг повозрасен граѓанин смета дека доколку во Охрид се отворат фабрики и доколку се инвестира во стопанството, младите нема да се иселуваат.
-Јас ги оправдувам младите, што си одат надвор до градот да бараат работа, зошто тука буквално се омаловажени, затоа што завршиле високо образование, а во Охрид нема каде да работат. На пример имам внука која има завршено магистратура, а замислете работи во бутик за плата од 8000 денари, што секако не е во ред, вели нашиот соговорник.

Тој потсетува на добрите времиња на охридското стопанство, кога ретки биле граѓаните кои се иселувале од Охрид.

OhridNews
5

29.06.2012 11:00

Прочитана е : 2435 пати


© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Значи, 80% се иселени во странство.Ако не во секоја, тогаш во секоја втора фамилија овде или е некој моментално во странство (како студент / студент на работа / градежен работник итн. во Италија најчесто последно време, па после Холандија, Словенија, Америка Швицарска итн.) или дел роднини им се одамна во Олстрејлија, Америка, Германија или Канада па си повлекле по некој...Само последнава недела имам видено 30-40 потврди за германска пензија.Знам и за два случаи од блиска околина - двајца родители овде, а децата во странство, после 6-7 школски од средно се останати за навек таму кој со работа кој со брак...Истиот случај и од друштво, колеги од факс...
Од друга страна овие дена сум изненаден од големиот број келнер(к)и и други ендемски работници со скопски дијалект.Од Источна Македонија, Кичево и Прилеп се редовни и преку цела година (најголем дел студенти овде) и сега да кукаме дека ни ги земале работните места за мизерна плата?!Види го и вториот болд од текстот.
Инаку, Охрид во Југославија бил втор град по висок процент на вработеност после Марибор.
...Од некогаш моќното охридско стопанство, во кое до 1991 работеа околу 22.500 луѓе, а Охрид беше втор град по вработеност според бројот на жители, веднаш по Марибор, останаа празни хали и фабрики зараснати со трева...​
ВЕСТ, број 3514, од Сабота 10/ Недела 11 Март 2012

Песнава е за Хрватска, ама очигледно и кај нас и цел Балкан
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
ХА ха ха....си претураш 10 евра од џепче во џепче и ги чуваш така стуткани за недајбоже.Купуваш алишта на кило и јадеш салама и германски кубасици.Спиеш со 10 други како тебе во еднособен стан под кирија.
Немој да ми кажуваш пошто во германија 700 евра вредат 1 час забава.Таму си обичен клошар,работник од најниска класа.Тука со 7 000 денари ќе си понудиш поголем луксуз.

ПС: 700 евра е кирија на гарсоњера во некое збутано селско место.Ете толку заработуваш,една кирија за станче во свирипичино у централна Германија.
Да во право си, мизерувам :( ....
1.Делам соба со 1 човек, Тв,Клима,Вајрлес во соба, посебно купатило тип топ.
2. Имам за доручек на располагање буфе(ако знаеш што е тоа) За ручек свежо подготвено месо со зеленчуци сосови, вечера по избор од мени.
3.Облечен сум во пристојна облека, спортска најчесто, таква преферирам, нит на кило нит на грам купена, туку од нормални бутици.
4.Излегувам секој викенд по клубови со колеги,пријатели, обично си пијам Куба Либре по клубовите и баровите, кошта од 2еур во бар до 5еур во клуб , не е Кристал од 500еу но сепак ми врши работа , со 20-30 еу си поминувам баш убаво, некогаш и повеќе ќе потрошам некогаш помалку, зависи.
Со сето ова ми остануваат 5-600 еу за луксузи бате, планирам половно ауто до 2000 еу кој ги заработив за нема ни 3 месеци, ако ова не е добар просечен живот кажи ми што е? Каде во МК? кој? и со која плата ќе ги има овие услови на живот и плус да му останува 500 еу кеш секој месец на страна или за луксуз? Освен групите кој ти ги набројав,се разбира.

П.С. Не ти требаше кретенската споредба на ќирија/забава во Германија со моја плата, не работам во Германија, ако работам таму како рецепционер би заработувал околу 2000еу ;) , и дај кажи ми кој се тие просечни луѓе кој трошат 700 еур за една вечер за забава во Германија :pos:
П.П.С. Јахтата на абрамович чини пола милијарда еур. а ти мизерувај во МК со која бог плата и да ја зимаш, ако воопшто си вработен. И живеј си со мизерното размислување околу оваа проблематика кое го имаш
--------------------------------------------------------------------------------
Да дополнам и да се извинам на останатите форумџии дека се дадов сам за пример, иако не ми е баш по волја да се истакнувам, ако така изгледа се извинувам,скромен човек сум во суштина, но морав да му докажам да трупот дека не сите одат да чистат клозети во Странство, и не сите спијат по 10 во соба.
 
F

fantomX

Гостин
Без труд и упорност нема успех.
Било каде....
Точно. Само шо од сите мои скромни патувања и контакти со луѓе од насекаде, Македонија е едно од ретките места каде и со труд и упорност можи да нема успех. Под успех не подразбирам 10 години работа за нова кола и цел живот работа за стан/куќа. Ако имаш среќа то де. Море не едно од местата, се преслушувам и ко единствено да е. Освен ако не си ко Ѕинго Величествениот и Владимир Центар Тинексов.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Да во право си, мизерувам :( ....
1.Делам соба со 1 човек, Тв,Клима,Вајрлес во соба, посебно купатило тип топ.
2. Имам за доручек на располагање буфе(ако знаеш што е тоа) За ручек свежо подготвено месо со зеленчуци сосови, вечера по избор од мени.
3.Облечен сум во пристојна облека, спортска најчесто, таква преферирам, нит на кило нит на грам купена, туку од нормални бутици.
4.Излегувам секој викенд по клубови со колеги,пријатели, обично си пијам Куба Либре по клубовите и баровите, кошта од 2еур во бар до 5еур во клуб , не е Кристал од 500еу но сепак ми врши работа , со 20-30 еу си поминувам баш убаво, некогаш и повеќе ќе потрошам некогаш помалку, зависи.
Со сето ова ми остануваат 5-600 еу за луксузи бате, планирам половно ауто до 2000 еу кој ги заработив за нема ни 3 месеци, ако ова не е добар просечен живот кажи ми што е? Каде во МК? кој? и со која плата ќе ги има овие услови на живот и плус да му останува 500 еу кеш секој месец на страна или за луксуз? Освен групите кој ти ги набројав,се разбира.

П.С. Не ти требаше кретенската споредба на ќирија/забава во Германија со моја плата, не работам во Германија, ако работам таму како рецепционер би заработувал околу 2000еу ;) , и дај кажи ми кој се тие просечни луѓе кој трошат 700 еур за една вечер за забава во Германија :pos:
П.П.С. Јахтата на абрамович чини пола милијарда еур. а ти мизерувај во МК со која бог плата и да ја зимаш, ако воопшто си вработен. И живеј си со мизерното размислување околу оваа проблематика кое го имаш
--------------------------------------------------------------------------------
Да дополнам и да се извинам на останатите форумџии дека се дадов сам за пример, иако не ми е баш по волја да се истакнувам, ако така изгледа се извинувам,скромен човек сум во суштина, но морав да му докажам да трупот дека не сите одат да чистат клозети во Странство, и не сите спијат по 10 во соба.
Ајде ајде,успеаниот...па и кола ќе си купел...половна...оооо од 2000 еура...уф уф.
Излегуваш у мекдоналдс...и месни нарезак за доручек :)
На господинот тука се му било исполитизирано,замисли идеш у ВЦ и ти бараат париска книшка.Да бе,само тука е така.
Еве јас ќе ти испратам една вреќа,за кога ќе се враќаш да можеш парите да си ги собереш и да ги инвестираш тука, пошто ние домашниве Македонци за ништо не не бива, па чекаме пари од таквите напредни и прогресивно спортски облечени типови како вас почитуван господине,да може и ние некое париче да свртиме. Малце сакаме ние...еве 10 еура таман се.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Личен пример, зошто јас се иселив од МКД.
За 3 дена(читај ТРИ), заработувам колку што ми беше месечната плата во МКД.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
Ајде ајде,успеаниот...па и кола ќе си купел...половна...оооо од 2000 еура...уф уф.
Излегуваш у мекдоналдс...и месни нарезак за доручек :)
На господинот тука се му било исполитизирано,замисли идеш у ВЦ и ти бараат париска книшка.Да бе,само тука е така.
Еве јас ќе ти испратам една вреќа,за кога ќе се враќаш да можеш парите да си ги собереш и да ги инвестираш тука, пошто ние домашниве Македонци за ништо не не бива, па чекаме пари од таквите напредни и прогресивно спортски облечени типови како вас почитуван господине,да може и ние некое париче да свртиме. Малце сакаме ние...еве 10 еура таман се.
Реков дека не е успех , но сум задоволен засега со тоа што го имам, и 3 пати ти повторив дека се зборува за просечен живот ,и јас и сите на темата зборуваат за тоа а не за успех, но ти се правиш будала,идиот и што ли не па ми даваш глупи споредби. И да, не сите можат нов автомобил да купат, тоест скоро никој и неможе во МК, па и некои земји во ЕУ веќе го сметаат тоа за луксуз , конзервите и месните нарезоци да си ги чуваш за тебе(изгледа ги обожаваш) и за твоите блиски за црни денови (упс поцрни од овие здравје), фор д рекорд јас јадам свежо печено месо секој ден ;)
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Каква ЖЕЛЕ генерација...цела се таласа и се витка.
Без труд и упорност нема успех.
Било каде....
--- надополнето: 16 јули 2012 во 00:18 ---

Ти си грешка...оние што се неспособни се жалат.
--- надополнето: 16 јули 2012 во 00:19 ---

Абе ајде,ми збориш за стари демоде модели...кој факти за распродажба...со тој твој адидас таму ќе ти се смеат...
--- надополнето: 16 јули 2012 во 00:23 ---

Се гледа по нашинката...цицијаши за 20 денари разлика...а незима во предвид дека нашите пилиња не се хормонизарани...всушност тоа месо што кај нас се нуди во странските земји е 10 пати поскапо...гледај ги рафтовите со “органска храна“...
И кажи ми еден гастербајтер што се вратил со поголемно ниво на култура од странство...
Сите се затуцани...никој небил на концерт,на фудбал,на опера....не,тоа се екстра трошоци што неможат да си ги дозволат.
ГАСТЕРБАЈТЕР=УБЕР ТАКСИСТ :):):):)
Едно ќе ти кажам, сите што не биле таму појма немаат како е и што е.А, најмалку може да ти перат мозок браќата коишто живеат по 10 души во еден стан и 15 години јадат само паштета и леб за да дојдат преку лето со рента кар кола да ти глумат колку се богати.Ќе направат една огромна куќа во којашто ќе живеат 5 браќа со цели семејства во којашто пак просек ќе е по 5-6 соби.

Прашај некоја Албанка од Швајцарија дали некогаш била на одмор, дали некогаш патувала низ Европа, дали отишла на некој концерт, дали има ноќен живот и колку троши на излегување, гардероба и слично.Патем многу голем дел од Албанките, па и Албанците таму воопшто не трошат пари за студирање.Не, тоа за нив е научна фантастика.Го штетад секој можен денар башка и тоа што нусето не смее да мрдне од дома сама.Култура и цивилизација што да кажам.Живеат по 20 години на Запад и пак доаѓаат летно време во Македонија, пукаат на свадби и малтретираат пола населба да им ја слуша музиката цел ден.

Во Западна Европа никој не те прима ТИ ДА БИДЕШ ГАЗДА, туку нив да им слугуваш и да им вршиш прљави работи таму.Имаат потреба од работна сила за прљави работи и затоа примаат работници да им работат за 40% помалку пари од еден Швајцарец за истата работа.

Човек што ништо незнае да работи во Македонија нема ни да знае било каде во светот.Лажат тие што викаат дека нема пари во Македонија.

За добар , професионален и културен хаус мајстор, плочкар, водоводџија, електричар, градежник, монтер, чевлар, бравар, земјоделец, сточар и ред други занаети секогаш ќе имаат добра егзистенција.Прост пример:кај мене плочкар што ми местеше плочки во wc зема 200 евра за 3 дена од кај мене, а цел месец е зафатен.Значи тој фаќа миниум 3-4 домаќинства во просек месечно.Без 700-800 евра тој не е, а некогаш зема и повеќе.Сега ги земал двата сина на неговиот брат да учат занает.Веднаш тука се шири бизнис и парите ќе му се вртат во семејството.Електричар исто ми зема 6 000 денари за еден ден да намести и среди струја.

Проблемот кај нас е што овие професии коишто секаде во светот се профитабилни и барани кај нас изумираат, затоа што денешниве младичи се срамат да имаат нечисти раце и нема да им се интересни на локални курви и спонзоруши да ги гледаат како местат струја, па затоа сите сакаат да се занимаат со куртон професии како :правник, економичар, ревизор и ред други професии коишто не нудат никаква иднина, туку статична плата.Да си електричар, плус да си докфалификуван со знаење и школа, па ќе се убиеш од земање пари.

Плус, тука кога ќе се додат причините зошто дел од македонската економија е слаба, а тоа пред се се должи на слабиот национален дух коишто го имаат Македонците.Незнаат да вртат пари меѓу себе.Купуваме 80% странски производи со што не даваме можност нашите фабрики да одат напред, да вработуваат, туку отвараме работно место на некој од Запад и нив ги богатиме.Во Германија и секаде во светот строго си ги штитат нивните производи, фабрики, па затоа и владеат со светот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom