Над 230.000 македонски граѓани се иселени од 1998 година досега

Статус
Затворена за нови мислења.

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Direct X ве трола , не е можно да е толку глуп.

Кој живот го има народо у МК ? Освен тоа шо се користе само за политички гласови .. Нема ..
Нема фамилија без кредити и обично имат по 2 деца, кај ќе исплаќаш кредити , ќе имаш пари за сметки ( кој се у најмала рака трагикомични посебно оние за струја ), за храна , за апарати во домаќинство , за облека , за школување на децата итн итн со плата од 200 евра ???
(200 евра е просечната неделна плата тука на Малта , колку за инфо , а Малта е најслабо платена држава во ЕУ ).

Народо у МК се користе ко шо кажав за гласови и за ефтина работна сила. Таква позиција имаме. И тоа не гледам да се смене у скоро време. Тоа го гледат и повеќе луѓе и заради тоа бегат.
Јас имам завршено факултет ко лаборант/биохемичар , у странство платата би ми била , пример у САД е 3900 $ месечно , додека у Штип у приватна лабораторија би била околу 12-14.000 , а во државна болница иде накај 20.000 ( ама у државна болница тешко да се сместеш). Оддалеко се гледа причинита зашо младите бегат од оваа вукојебина ..

Да не почнувам за другите проблеми да зборам...
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
И нека се иселуваат, што ќе прават тука.? Да скапат.? Од патриотизам да живеат.? Во Македонија не можат да обезбедат достоинствен живот и кога истата таа држава ги третира како граѓани од втор ред тогаш сосема е оправдано бегањето настрана. Не знам каде прочитав дека дури 50% од средношколците би сакале да се отселат од државава, а да не зборуваме за студентите, со секој што имам правено муабет желба му е да живее настрана. Како што реков во еден претходен пост во Македонија ќе останат само пензионерите кои ќе уживаат гага во бањите и политичарите со нивните фамилии (ако не се пратени и тие грото надвор).
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Еј со нашиот стандард нема пари за играчки, ЛЦД Тв лаптопите таблетите смартфоните се играчки. Се разбира дека во странство ќе има повеќе можност за повеќе играчки ама куќата во која што ќе живее човек нема да биде негова туку од банката, а тој ќе работи 40 години да ја исплати ако има среќа ако не ќе му ја земат. А куќата тука од дедо му е оставена ама барем чиста ситуација е кај тие што не се заебале со хипотекарен. И задолжувањата и кредитите тука се земаат поради играчки забавна технологија на која ќе и помине врвот на популарноста дури да стаса човек да ја плати третата рата.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Се разбира дека во странство ќе има повеќе можност за повеќе играчки ама куќата во која што ќе живее човек нема да биде негова туку од банката, а тој ќе работи 40 години да ја исплати ако има среќа ако не ќе му ја земат. А куќата тука од дедо му е оставена ама барем чиста ситуација е кај тие што не се заебале со хипотекарен.
Ебати животот таков ако не живееш во куќата од дедо ти.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Се иселуваат затоа што не е срамота со геманија да се чистат клозети и да се работат по две работи,а тука е срамота ако не си успешен менаџер за човекови ресурси.
Меѓу другото најверојатно тука се влезени и тие што земале бугарско државјанство.
Па и овдека не е срамота да се чистат клозети, проблемот е тоа што не се плаќа ................. нека ме платат да речеме 200/250 или 300 евра и да ќе чистам и клозети и било што .... не е до срам работата, иако да признаеме во државава има и голем процент на господа со сина крв кои не сакаат да земат во рака ништо друго освен пенкало !
Абе јас им порачувам на сите(зборам за тие што не се задоволни)да си заминат од државава, турете и пепел на државава, се отиде ку*бан ............. инаку да и овдека има голем број на успешни луѓе, не викам не, на пр. најуспешни се политичарите/држ.функционери(зборам за сите општо), како и бизнисмените блиски до нив, мафијозите/подземјето, административците(не сите), исто така да успешни се и лицата кои наследиле од тато, мама, дедо, баба ........... како еден мој познаник кој има наследство од половина милион евра на пр. и тој е успешен и богат човек нели ............ абе каква успешност на прсти се бројат успешните луѓе во државава, не дека ги нема, ама премногу се малце, грото е шљам, така да кој НЕ е успешен куферите и надвор ... ЈБГ ... нема правде !
П.С. Како што кажа еден член погоре ............ во МКД граѓаните служат само за гласање на избори, како и за евтина работна сила ............ со два збора ТОПОВСКО МЕСО !
Турете и пепел на државата во која за да најдеш една најобична е*ена работа ти требаат мал-милион врски и познанства, било да се роднински, пријателски или пак во денешно време најактуелни се партиските врски т.е. вработување преку партијата која е на власт ............... или пак со мито ! :facepalm:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
зашто не ме чуди ситуацијава? казни на секој чекор даноци на секо чекор ретро закони за секакви глупости ниска плата исполитизирана младина и ред други работи....

дури и малце се 10% - ке се исселуваат уште поеќе и повеќе. и јас да имам прилика одма би му ја здувал надвор некаде... секаде е подобро освен кај нас у макеоднијава мизерна.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Па нормално дека се селат.Катастрофа е во државава.Додека е главна партиската книшка, оваа држава никогаш нема да мрдне напред.Во земјите во кои се иселуваат барем имаат заработка за пристоен живот.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Датум: 13.07.2012, 16:04
МИГРАЦИЈА ВО ДРУГИ ГРАДОВИ И ВО СТРАНСТВО
Охрид рекордер во селидби
По Скопје, најголем број иселувања лани се регистрирани во општина Охрид, од каде што се иселиле 1.069 лица, од кои 803 во странство, а потоа се Гостивар со 427 преселби, Битола со 386, Струга 371, Kуманово 321, Прилеп со 243, Струмица со 229
Елена МихаJловска
Охриѓани најлесно се одлучуваат да го напуштат родниот крај и да заминат во странство или да живеат во Скопје, покажуваат статистичките податоци за миграцијата на населението. Од година на година с` повеќе се зголемува бројот на млади што се иселуваат од нашиот најголем туристички центар. Причината за оваа зачестена појава жителите на Охрид ја гледаат во недоволниот број работни места, односно условите за егзистенција кои моментално ги има во градот.
- Најчесто се иселуваат младите. Еве знам дека двата сина на мои блиски пријатели заминаа во странство, едниот во Холандија, другиот во Германија. Исто така, и моите деца планираат да одат надвор од Охрид ако најдат подобра работа и не ги запирам, слободно нека бараат подобар живот - вели охриѓанка.
Друг граѓанин на Охрид смета дека доколку во општината се отворат фабрики и доколку се инвестира во стопанството, младите нема да се иселуваат.
- Јас ги оправдувам младите што си одат надвор од градот да бараат работа. Завршиле високо образование, а овде нема каде да работат. Јас имам внука која има завршено магистратура, а работи во бутик за плата од 8.000 денари, што секако не е во ред- вели нашиот соговорник.
Тој потсетува на добри времиња, кога ретки биле граѓаните кои се иселувале од Охрид.
Девојка која сега живее и работи во Скопје вели дека речиси сите нејзини другарки се преселиле во метрополата.
- Освен за да го видам семејството, немам ни потреба да доаѓам во Охрид. Целото друштво ми е во Скопје. Во главниот град има многу повеќе можности и услови за работа и многу подобро се заработува. Моментално живеам со моето момче, кое исто така е од Охрид. Живееме во стан под кирија и примањата ни се доволни за да ги покриеме сите трошоци и солидно да живееме - вели охриѓанката која е дипломиран правник.
Оваа состојба се потврдува и со бројките од официјалната статистика. Според Публикацијата ,,Миграции 2011“, која деновиве ја објави Државниот завод за статистика, Охрид е град со рекордна миграција, споредено со другите градови во внатрешноста на Република Македонија. Статистичките показатели говорат дека минатата година од Охрид се иселиле вкупно 1.069 лица, од кои 803 заминале во други земји. Со овие податоци Охрид е рекордер по бројот на отселени лица, а зад него се Гостивар со 427, Битола со 386, Струга 371, Kуманово 321, Прилеп со 243, Струмица со 229 отселени лица итн. Поголем број отселени од Охрид има само градот Скопје, од каде што во истиот период се отселиле 1.310 лица.
Споредено со статистичката евиденција од претходните 4 години, може да се констатира дека бројот на иселени лица од Охрид пораснал за 393 во споредба со 2010 година кога биле евидентирани 676 иселени охриѓани. Во споредба со 2009 година, бројот на иселени од Охрид е зголемен за 502 лица, додека пак во споредба со 2007 забележано е зголемување од 849 иселени.
Интересен е податокот што по Скопје, кој води со бројка од 1.845, Охрид се наоѓа на првото место и според бројот на доселени лица. Значи, според статистичките показатели лани жители на Охрид станале 447 лица, од кои 356 се доселиле од друга општина.
Битно имаме ограда на мост од 2 милиони евра и 3 врби од 240 000 евра, напредокот никако не запира.
Охриѓане јадат говна на кило за Скопје, а на улица тука секој втор е од таму.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Самиот текст најубаво ги објаснува насловот и причините за истиот, поради што останувам без коментар.

Но сепак ја отворам темава бидејќи ме интересираат ставовите на останатите членови на форумов од типот на:

- Зошто ?
- Дали е неизбежно ?
- Што треба да се превземе за да се спречи ?
- Економската ситуација, не можноста да се преживее од први до први во месецот. Трошоци за сметки, даноци, храна. Бегаат затоа што во државава не може да се најде работа ако немаш дебели врски, ако не си дете на некој функционер или генерациски не ти се влече фамилијата (правосудство, здравство, бизниси) ако не си со партиска книшка. Млади образовани кадри кои имаат голем потенцијал се без шанса да го покажат тоа што го знаат, бидејќи шефовите и директорите во фирмите се плашат дека ќе им го земат местото. Интервју за работа ти прави некој кој има 50 год знае српско-хрватски а ти знаеш 3-4 јазика , некој кој од компјутер знае shut down и restart а ти знаеш 5-6 топ програми кои се работат во цел свет. На истите тие дечки не им се дава шанса затоа што огласот за вработување е само почитување на законот. На истиот тој оглас поминуваат Петре и Митре затоа што имаат врски, следни се Јанко и Станко затоа што имаат партиска книшка, а тој што има потенцијал и ги шие овие четворица во знаење и вештини добива клоца. Истиот тој оди во странство каде макотрпно ринта и после 10 години станува почитуван човек во општеството каде е отиден. После 15 год неговата држава дознава какви тоа успеси тој постигнувал па го вика на интервју по весници, магазини, тв емисии, па некое дебело функционерче од владата го моли да се врати назад ветувајќи му се што сака, ама овој веќе се освестил во тие 15 год во странство видел малку повеќе од домашниве и на фин и културен начин ги откачува. Тоа е реалноста за Македонија.
- Секако дека ако немаш друго решение неизбежно е да си ја побараш среќата некаде надвор.
- Тешко е да се спречи ова. Партијата која и да е на власт преку партиската книшка обезбедува работа во администрацијата правејќи ја истата килава и неспособна. Тоа им носи гласови и одржување на власт. Еден да биде вработен од четиричлено семејство тоа се четири гласови за партијата. Треба да се освестат луѓето да не бидат овци да ги пасе некој. Малку да гледаат подалеку од патриотизмот и фанатичноста кон партијата и градење култ кон лидерот на истата.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Во моментов во Македонија во Собрание, Влада и администрација ви седат најпростите луѓе кои можете да ги замислите во моментов. Баш вчера ми кажува другар дека на татко му во една државна институција во која работи преку 30 години, му донеле рамковец со средно слаткарско за да го учел да работи. Човеков збеснал. И тоа не е е се, луѓе кои продале нива, здрпале од нешто матно сега ви седат во Собрание и ви гласаат закони, макар што поим немаат зошто се таму. Да им пуштам еден свој колега од Правен факултет мислам дека ќе ги засрами сите таму со знаење и вештина. Немаат поим бре луѓе. Само во дрпање им е паметот, ако воопшто го имаат.

Од друга страна, македонецот откри и што се наоѓа позади граница. Политичарите сè поглупи, просечниот македонец е сè попаметен и затоа се сели во толку големи бројки.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Од многу зборење нема аир ............... на сите ни е јасно се ............... на маса се две решенија ........... или ќе се живее овдека до крај на животот и ќе се скапува т.е. човек ќе биде топовско месо, евтина работна сила и секако гласач :icon_mrgr:
Другото решение е пакување куферите и надвор !
Инаку да ’’успешните‘‘ ќе останат овдека, а паметните ќе си заминат !
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Од многу зборење нема аир ............... на сите ни е јасно се ............... на маса се две решенија ........... или ќе се живее овдека до крај на животот и ќе се скапува т.е. човек ќе биде топовско месо, евтина работна сила и секако гласач :icon_mrgr:
Другото решение е пакување куферите и надвор !
Инаку да ’’успешните‘‘ ќе останат овдека, а паметните ќе си заминат !
Има и трето решение , дигни глас , излези на улица , покажи дека има самопочит !! Ама за тоа треба цела нација , а не оделни мали кластери распрскани насекаде низ градовите
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Има и трето решение , дигни глас , излези на улица , покажи дека има самопочит !! Ама за тоа треба цела нација , а не оделни мали кластери распрскани насекаде низ градовите

Нашава држава е толку килава што одредени кластери би ја клекнале на колена одма.Баш што поразредено и понецентрализирано потешко е да се сопре.Вака со голем протест и да се сруши власт ќе излезат од негде некој анонимуси кој не крај ќе бидат "Meet the new boss same as the old boss".

Проблемот е на кој од тие мали кластери ќе му помине преку глава прво и ќе реши да дејствува.Една мала општина треба само да рече ние веќе не ја признаваме централната власт и не плаќаме даноци и како шумски пожар ќе се прошири низ државата.

А за сите што си идат нормално дека ќе си идат кога во АВГАНИСТАН може да заработат за една година колку во Македонија за 10 години.Па нашиов народ може е прост али глупи никогаш не сме биле.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Имаше сторија на Нова Македонија мислам беше . За некое село од Валандово , Гевгелија , не се сеќавам од кај беше. Текстот беше баш за изборите и самите селани велеа дека 4 години никој не доаѓа да ги провери шо прават , како живеат , туку доаѓаат пред избори онака мавтат рака и делат ветувања. Интересното беше шо сите селани рекоа дека на следните избори ќе излезат да гласат за ................ иако не ги ферма 2 %.Причината била оти си го чуствувале ко нивни. Тоа ти е прост пример за МК менталитет. Ништо не добиват , туку само им дават сила и гласови на одредени фаци кои за возврат не ги ебат ни 2% ...
--- надополнето: 15 јули 2012 во 13:50 ---
Нашава држава е толку килава што одредени кластери би ја клекнале на колена одма.Баш што поразредено и понецентрализирано потешко е да се сопре.Вака со голем протест и да се сруши власт ќе излезат од негде некој анонимуси кој не крај ќе бидат "Meet the new boss same as the old boss".

Проблемот е на кој од тие мали кластери ќе му помине преку глава прво и ќе реши да дејствува.Една мала општина треба само да рече ние веќе не ја признаваме централната власт и не плаќаме даноци и како шумски пожар ќе се прошири низ државата.

А за сите што си идат нормално дека ќе си идат кога во АВГАНИСТАН може да заработат за една година колку во Македонија за 10 години.Па нашиов народ може е прост али глупи никогаш не сме биле.
Друже ние за протести не можевме да се собериме против албанците коа протестираа за масакарот , ебаго не можевме да се собериме коа бегавме од часови на времето , ти викаш ќе се рашири ова ко шумски пожар .. не го преценувај народо тука, навикнат е да го му прават gang-bang doggy style и шо е интересно , му се допаѓа тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom