Кој е виновен за скапите фудбалски трансфери?

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Реал Мадрид? Барселона? Сити? ПСЖ?

Мое мислење е, дека цените почнаа нагло да скокаат, кога почна Сити да купува и кога Реал ги донесе Роналдо и Кака. Да, Реал исто трошеше по 70М€ и порано, ама цениите не скокнаа многу, затоа што во тоа време Реал беше единствениот, што можеше да плати таква сума за играч. Исто и Интер доста трошеше на трансфери, па пак цените не се сменија драстично.
Сега откако почнаа да се множат шеиците, секој газда знае дека, ако не го продаде денес играчот на Милан за 20М€, утре ќе искочи Сити или ПСЖ со понуда од 30М€.
Мислам дека клубовите, ептен почнаа да си ги преценуваат играчите, за некои просечни играчи од Бразил бараат по 30М€. Видете само Роналдо, Ривалдо, Роберто Карлос, Роналдињо, Кака,... колку беа платени, кога ги купија од Бразил. Не ми се иде да проверувам, ама не ми се верува, некој да е платен повеќе од 20М€.

И да, ако немате ништо паметно да напишете, прескокнете ја темата и не оставајте глупи коментари како „Бwaнко е кwив“ или некоја слика од 9гаг.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Па секој сака да заработи многу нормално додека има кој да плаќа цените ќе бидат напумпани
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Парите го вртат светот,фудбалот не остана имун на алчноста и лакомоста на човекот. додека до пред 10тина години чест и гордост беше секој освоен трофеј,денес сите гледаат да остварат што повеќе профит - некои за лично богатење,други за гол живот па дури и за згаснување

разни спонзорства,тв права,реклами,продажба на дресови и сувенири,влезници,кладилници итн итн - средствата кои влегоа во фудбалот воопшто не се за подценување,па така менаџерите кои ќе успеат да направат бренд од некој играч многу скапо го продаваат,иако неговата фудбалска вредност чини колку нешто повеќе од просечна европска работничка плата - тие заработуваат по неколку милиони евра годишно и е главната причина зошто не гледаме навистина атрактивен и фајтерски фудбал,игра со страст,нервоза и задоволство ретко се осеќа кај главните играчи(некои пробуваат да глумат ама јалово и неуверливо прават гримаси...)......желба за трофеи версус желба за пари......хммм

проектот Лос Галактикос несомнено е отскочната штица за ова што се случува во фудбалот,проектот на Флорентино Перес налагаше продавање на имот(спортски центри) на клубот или давање под хипотеки за добивање на огромни заеми кои би ги вложиле во тогаш најголемите ѕвезди во фудбалскиот свет....проектот бележеше успеси како на економски план,така и на фудбалски план(се освоија доста значајни трофеи),но се овозможи цената на трансферите како и платите на играчите да се зголеми за неколку пати на целиот пазар

сега нема љутиш,кој има средства и желба да вложи и да си плати кој сака да игра во неговиот тим - ќе го има тоа нешто,а дали тоа ќе биди Реал,ПСЖ,Сити или помалку познат клуб тоа веќе не е наша работа
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Модата. Нишо друго.
Обични футбалери зимат 1000x поголема плата од доктори, пожарникари, архитекти итн. Зашо ? За да излезат 90 минути на терен , па потрчкат и погонат топка додека овие другите гасат пожари и си го жртвуват животот , скапуваат во операциони сали спасувајќи животи ?

Пред 60 години можеше некој да замисли дека ќе се тражат +100 милиони евра за футбалер ? Не .. Такво време иде , таква мода иде ..
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Мора под итно тој финансиски фер-плеј веќе да се донесе, плус и некој лимит на плати како во Американските спортови. Тоа е единствен спас за фудбалов моментално, претераа веќе со лудиве трансфери и плати.
Кај дојде тој акмак Абрамович, од кај изникна! :D
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Арапите ја замутија водата.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Инфлацијата.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.606
Поени од реакции
22.611
Дискусијата од темата Трансфери нека се префрли и нека продолжи тука.
Кој според вас е виновен за ненормалните, превисоки и нереални цени во трансферите на играчите? Од кога започнаа екипите да нудат цени кои се далеку од реалните и кои е тешко да се одбијат?
Според мене, се започна од првиот мандат на Флорентино Перез како претседател на Р.Мадрид во 2000. Не дека и до тогаш не се правеа големи трансфери, ама откако Перез реши да прави 'галактичен тим' почна да нуди цени далеку над реалната сума. Потоа продолжи рускиот милијардер Абрамович во Челзи, па Арапите во Сити, за денеска секој втор тим да го прави ова.

Еве ја листата со 10 најскапи трансфери во историјата(подредени се според ова последното, Inflation adjusted fee, шо искрено појма немам шо е).
asss.jpg
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.184
Треба да се воведе ограничувајна ете фер плејот ако испадне како е замислено без да има дупки е прв чекор. Второ мислам дека треба да е забрани во клубовите да влагаат инвеститори или олигарси односно тие да можат максимално 49% од клубот да го преземат како што е примерот во Германија. Иначе мислам Абрамович со Челзи беше меѓу првите што почнаа да вложуваат огомни суми.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Капиталот на Арапите кои преку купување на клубови го внесуваат во Европа избегнувајќи ги високите даноци кои би требало да ги платат ако инвеситраат преку отварање на компании. Данокот во спортот е понизок од данокот за фирма или некоја нова фабрика. Тие трошат колку им се може, не постои ограничување. До крај на летово се очекува ПСЖ да потроши неверојатен кеш и да постигне рекорд на трансфер пазарот. Сумата на крај на август ќе биде со многу нули.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
ма какво фер плеј правило ?! цел профит да остане на газдите на клубовите,додека фудбалерите да се натераат да играат за ситно ?! нема шанси,затоа на НБАта се почесто и се случуваат локаути или закана од локаути(пролонгирање или неиграње на сезоната) заради тоа што агентите на играчите сакаат длабоко да загризат во колачот

селари кап или фер плеј правило е пропаднат проект/мисија за спас на фудбалот(спас на старите познати клубови за сметка на новите нереномирани во кои влегуваат тешки парајлии)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Виновен е самиот фудбал, и тоа што стана глобална маркетиншка појава, убаво кажа некој погоре, можело ли да се замисли тоа пред некоја деценија, кога немаше премногу интернационални трансфери, кога на пример во англиските клубови играа англичани и по некој ирец, шкот и сл да се прават ваквио суми на трансфери и да се браат вакви плати, мислам добро успешните спортисти се богати но сегашниве палти што ги бараат- ненормално, одбираат клубови за пари, зошто, за некој милион плус што ќе го потроши на круви и спортски автомобили.

А виновни и се и фудбалерите и нивните агенти, што ја искористуваат целата ситуација и се преценуваат себеси, реално да кажаме, денес некако најлесно е да лупнеш една од двете најпопуларни цифри, 30 или 50 милони.

Е сега дали повиновни се Јунајтед, Реал или Барселона или виновни се богатите газди на Челзи, Сити и ПСЖ?

Па не знам, сепак Реал и Јунајтед и Барса се децениски добро менаџирани и управувани брендови, Сити бил солиден средно-стоечки клуб но речиси без поголеми успеси, клуб кој има најмногу титули во втора лига, значи добар второлигаш. И сега мене некој таквиот клуб ми го продава како успешен модел за клуб од 21 век? За разлика од Арсенал кој на пример никогаш не испаднал од лигата?

Не викам дека првавото на успеси е загарантирано само на десетина клуба и дека никој друг не треба да се бори за титули, но не на ваков начин, не со ненормално пумпање на пари без никаква рентабилност, без никаква грижа за долгови и за загуби, тоа не е здарво ниту за фудбалот воопшто ниту за самиот клуб, Сити може да престане да постои како клуб еден ден кога загубите и долговите ќе станат преголеми а арапите нема да сакаат да плаќаат.

Само еден месец е доволен да се случи нешто на полето на нафтениот бизнис и шеиците да губат пари, одма ќе се откажат од Сити, одма!

Не знам како фудбалот не ја учи лекцијата што сега пред очи на сите ни се случува, не научија ништо од кредитната криза во САД и Европа, не е само трошење како буре без дно, еден ден сите долгови ќе треба да се наплатат.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.300
Поени од реакции
3.675
Дискусијата од темата Трансфери нека се префрли и нека продолжи тука.
Кој според вас е виновен за ненормалните, превисоки и нереални цени во трансферите на играчите? Од кога започнаа екипите да нудат цени кои се далеку од реалните и кои е тешко да се одбијат?
Според мене, се започна од првиот мандат на Флорентино Перез како претседател на Р.Мадрид во 2000. Не дека и до тогаш не се правеа големи трансфери, ама откако Перез реши да прави 'галактичен тим' почна да нуди цени далеку над реалната сума. Потоа продолжи рускиот милијардер Абрамович во Челзи, па Арапите во Сити, за денеска секој втор тим да го прави ова.

Еве ја листата со 10 најскапи трансфери во историјата(подредени се според ова последното, Inflation adjusted fee, шо искрено појма немам шо е).
Прегледај го приврзокот 46208
Toa ти е нешто во смисла толку пари толку вределе или можело во тоа време толку да се купи од нешто со тие пари а сега истото тоа вреди толку сега.

Парите се играчка на богатите сега и сакаат само да ги вртат затоа што парите пари прават затоа што на некого му текнало дека ако вложи во фудбал ќе земе повеќе да речеме по една година одколку што ќе земе како камата ако му седат во некоја банка. Пример ако стави во банка 100м Е дал ќе земе 8-10м Е од камата. ама ако инвестира 100м Е во фудбал можеби од спонзорства/реклами/препродажби на играчи... ќе земе 30+м Е како чист профит за една година... Тешко е да се дојде до многу пари а кога ќе ги имаш после самите пари работат за тебе ако знаеш во што да инвестираш :D
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Монетарен ефект ништо повеќе.
Парите секоја година си ја губат својата вредност, затоа трансферот на роналдо во реал од 100 и кусур миљони пред десетина години е еквивалентен на некои си 20 миљони евра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom