Зошто се религиите проблем на нашето време?
Религијата е вера во бог или богови. Вера значи верување на нечиј збор, без било каков емпириски доказ. Верата подразбира слепо почитување на догми без критичко размислување. Монотеистичка вера е вера во еден бог, авторитет над авторитетите. Во неговите аргументи не се сомнева. Спрема тоа религијата е догма. Зошто е таа проблем на модерното време?
Филозофијата на слободата не учи дека човекот има право на три елементарни права:
- Право на своето минато (имот)
- Право на сегашност (слобода)
- Право на Иднина (живот)
Земајќи пари за своите услуги, црквите замаат и дел од имотот на поединци. Парите со кои плаќате услуга без покритие, може да се смета дека е земен со измама.
Барајќи од вас молитви, покорност, стравопочит и слично, религијата ви одзема и дел од вашата слобода.
Генерално, не ви го одземаат правото на живот, се додека... не сте од друга вера.
Некои религии отворено повикуваат на борба против другите религии и неверниците. Верските војни се дел од човечката истоирија.
Секуларност или световност. Во секуларна држава, религиските заедици се одвоени од неа. Инструментите на власта во таквата држава не се во рацете на религиите. Веронаука во школите, свештеници во војската, политички изјави на црковни претставници, говор на омраза и негативно влијание на малцински општествени групации, сето тоа веќе сме го виделе и не е во склад со секуларизмот.
Религиските заедници немаат методи за одговорност со кои би ги регулирале своите постапки, нив ги има државата. Спрема тоа црквите намаат што да бараат на одговорни места во една држава. Секуларизмот не значи уништување на религиите, слободата на вероисповед на нејзините граѓани е обврска на секоја секуларна држава.
Моралноста на современнот свет. Основниот морал на секое човечко битие е наследство на еволуцијата. Понатаму секој човек гради свој морал врз основа на туѓо и сопствено искуство и со критичко размислување.Од друга страна не би било фер кога не би го признале големото влијание на религиите во развојот на одредени морални принципи врз нашата цивилизација, но...Моралот на религите е неускладен со потребите на новото доба и новите научни вистини. Со самото тоа станува бреме за развојот на нашата цивилизација.
Да видиме некои некои вредности на новото доба кои не се втемелени во монотеистичките религии.
- Еднаквост на половите
- Права на децата
- Заштита и очувување на животната средина
- Правата на животните
- Еманципација на жените
- Слободата на говорот
- Права на ЛБГТ заедницата
- Контрацепција
- Абортус.....
Науката. Фактот дека од страна на религиите константно се оспоруваат научните вистини е еден од најголемите проблеми кои го носат религиите. Науката веќе одамна дошла до некои вистини кои се косат со тврдењата во библијата и куранот и поради тоа ја оспоруваат. Една од најнапаѓаните научни теории е Дарвиновата теорија на Еволуцијата. За неа во научниот свет немаат дилеми – Еволуцијата е факт. Креационизмот и филозофското извртување на докажани научни теории се само некои од методите со кои се служат религиите во разбивањето на интегритетот и идентитетот на науката.
Религијата е верување, науката е сомнеж. Докажување, проверка, па и рушење на научните теории се сигурен пат кон вистината. Верата тоа не можe да биде.
Критичкото размислување е исто така жртва на религиските напади врз науката. Никогаш како сега не е созреано времето да се одбрани науката. Ние тоа и го должиме како цивилизација. Спрема тоа, религиите се проблем на нашето време, но... се може да се реши со договор и толеранција.
Атеистите се спремни на соживот со верниците, но некои работи треба да се променат. Дали вие верниците сте спремни за тоа? Одлуката е ваша.