Опиум на народот

Дали монотеизмот е позитивна појава?


  • Вкупно гласачи
    40

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Темава ќе ја направам едноставна и кратка. Дали монотеизмот во досегашното постоење е позитивна или негативна појава. По можност нека не биде просто „пцуење“ меѓу атеисти и верници, туку нека биде аргументирана дискусија.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.028
Како што може да се види од историјата, монотеизмот е една од најнегативните работи за човештвото, која во дадени случаеви не само што го забавил, запрел, туку и го уназадил развојот на човештвото.
 
M

Muranyi

Гостин
Во своето време можеби да,денес во никој случај.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Ме интересира какво би било современото опшетсво , ако уште бевме полиетисти :)

У најмала рака ќе имаше помалку невработеност заради поголемиот број на храмови во чест на боговите :D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ме интересира какво би било современото опшетсво , ако уште бевме полиетисти :)

У најмала рака ќе имаше помалку невработеност заради поголемиот број на храмови во чест на боговите :D
ќе имаше и пренаселеност, да не беше христијанството и неговите истребувања на народи низ историјата денес ќе не имаше над 10 милијарди.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
ќе имаше и пренаселеност, да не беше христијанството и неговите истребувања на народи низ историјата денес ќе не имаше над 10 милијарди.
оно и сега сме пренаселени + 7 билиона .. време е за нова религија и нов вид на Крстоносни војни ?
 
В

влијателен

Гостин
Јас не знам да одговорам, ама сакам да прашам уште нешто.
Ако општествените норми кои се инкорпорирале и се ширеле преку религиското учење на монотеизмот, и на кои во голем дел се темели и модерното општество, не се поврзеле со богови, дали се уште нивното прифаќање би било толку силно и би оставиле толкав впечаток во историјата?
Значи, дали доколку нормите кои се промовирале преку религијата, се промовирале преку секуларни закони, би постигнале успех како сега?
 

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
оно и сега сме пренаселени + 7 билиона .. време е за нова религија и нов вид на Крстоносни војни ?
Не, време е за конечно опаметување и обединување на „народот“. Не ни требаат нови крстоносни војни, ни требаат парите што би иделе у тие крстоносни војни да се искористат за гладните, кои се жртви на оваа пренаселеност. Ни требаат парите кои одат во религиски „цели“ (за попови да возат мерцедеси, и за папи да имаат вили) да одат во хуманитарни цели, за да научиме да живееме заедно и сите да одиме напред. Да не бегаме надвор од тема ... :)
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Не, време е за конечно опаметување и обединување на „народот“. Не ни требаат нови крстоносни војни, ни требаат парите што би иделе у тие крстоносни војни да се искористат за гладните, кои се жртви на оваа пренаселеност. Ни требаат парите кои одат во религиски „цели“ (за попови да возат мерцедеси, и за папи да имаат вили) да одат во хуманитарни цели, за да научиме да живееме заедно и сите да одиме напред. Да не бегаме надвор од тема ... :)
Тука се слагам целосно со тебе ! Ама тоа тешко дека ќе се случи. Религијата е многу профитабилен бизнис (тоа е само бизнис ) и тешко дека некој ќе се откаже од тоа дебело парче торта.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не, време е за конечно опаметување и обединување на „народот“. Не ни требаат нови крстоносни војни, ни требаат парите што би иделе у тие крстоносни војни да се искористат за гладните, кои се жртви на оваа пренаселеност. Ни требаат парите кои одат во религиски „цели“ (за попови да возат мерцедеси, и за папи да имаат вили) да одат во хуманитарни цели, за да научиме да живееме заедно и сите да одиме напред. Да не бегаме надвор од тема ... :)
Тој шо нема за јадење не заслужува ни да јаде. Природен закон, Си видел ли лав да му носи на истоштен лав храна од жал и грев? или некое гоедо да му го одстапи пасиштето на друго - неспособно? Шо корист од бедници сиромај и гладни? да знаеа и умееа немаше да бидат гладни сиромашни и испарталосани.
Ова ти шо го пропагираш е комунизам во најцрниот облик. Да ни се зема од нас богатите и да му се дава на сиромасите. Куќи, станови, коли, дуќани кои со ум, работа и ентелигенција ги печалеле и акумнулирале со генерации, оп дај му на оној шо не го бива еден ручек за фамилијата да обезбеди !!?? е ај сите ќе исполегаме во искинати алишта и давјте.... греота сме.... сакаме да имаме али не не бива за ништо...
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Како што може да се види од историјата, монотеизмот е една од најнегативните работи за човештвото, која во дадени случаеви не само што го забавил, запрел, туку и го уназадил развојот на човештвото.
Ако на вонземјаните треба да им се испрати мисла која е феил на сите можни нивоа мисла која е срам за целото човештво тогаш таа е оваа.

Без монотеизам немаш брак и патријахат, ова се двете фундаментални вредности.
Без нив светот ќе беше населен од педери, лезбејки, буљаши во душа и слично.

Ако мислиш дека серам земи ја Шведска како пример, тотален феил од општество.

Има една заповед која ја дал монотеистичкиот Бог, а таа гласи:
Почитувај ги своите родители.

Борбата против родителите почна во 70-те со РокенРолот, ЛСД и абортусите.
Побуната е против самиот Јудејско-Христијански Бог- Јахве.

Плодовите и последиците на оваа побуна ги жнееме денес, луѓето живеат стресен живот, без радост и без емоции.
 

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Тој шо нема за јадење не заслужува ни да јаде. Природен закон, Си видел ли лав да му носи на истоштен лав храна од жал и грев? или некое гоедо да му го одстапи пасиштето на друго - неспособно? Шо корист од бедници сиромај и гладни? да знаеа и умееа немаше да бидат гладни сиромашни и испарталосани.
Ова ти шо го пропагираш е комунизам во најцрниот облик. Да му се зема на богатите и да му се дава на сиромасите. Куѓи, станови, коли, дуќани кои со ум, работа и ентелигенција гхи пешалеле и акумнулирале со генерации, оп дај му на оној шо не го бива еден ручек за фамилијата да обтезбеди !!?? е ај сите ќе исполегаме во искинати алишта и давјте.... греота сме.... сакаме да имаме али не не бива за ништо...
Некои луѓе во светов немале шанса да имаат нешто повеќе од парче леб. Не заради незнаење, не заради неумеење, не заради тоа што не сакаат да работат, туку се родени во такво општество. Никој не треба да пати само заради што е роден на погрешно место, во погрешно семејство, во погрешна религија итн. Иначе сум донекаде и Марксист по убедување :) (поише сум по Ниче, али и Маркс има право за некои работи) :)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.028
Ако на вонземјаните треба да им се испрати мисла која е феил на сите можни нивоа мисла која е срам за целото човештво тогаш таа е оваа.

Без монотеизам немаш брак и патријахат, ова се двете фундаментални вредности.
Без нив светот ќе беше населен од педери, лезбејки, буљаши во душа и слично.

Ако мислиш дека серам земи ја Шведска како пример, тотален феил од општество.

Има една заповед која ја дал монотеистичкиот Бог, а таа гласи:
Почитувај ги своите родители.

Борбата против родителите почна во 70-те со РокенРолот, ЛСД и абортусите.
Побуната е против самиот Јудејско-Христијански Бог- Јахве.

Плодовите и последиците на оваа побуна ги жнееме денес, луѓето живеат стресен живот, без радост и без емоции.
 

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Ако на вонземјаните треба да им се испрати мисла која е феил на сите можни нивоа мисла која е срам за целото човештво тогаш таа е оваа.

Без монотеизам немаш брак и патријахат, ова се двете фундаментални вредности.
Без нив светот ќе беше населен од педери, лезбејки, буљаши во душа и слично.

Ако мислиш дека серам земи ја Шведска како пример, тотален феил од општество.

Има една заповед која ја дал монотеистичкиот Бог, а таа гласи:
Почитувај ги своите родители.

Борбата против родителите почна во 70-те со РокенРолот, ЛСД и абортусите.
Побуната е против самиот Јудејско-Христијански Бог- Јахве.

Плодовите и последиците на оваа побуна ги жнееме денес, луѓето живеат стресен живот, без радост и без емоции.
Добро, браво, се испука со стереотипи сега среќен си?
Зошто мислиш дека ако нема брак нема да живееме среќно? Си пробал ти поинаков начин на живот за да кажеш дека не е добро?
Што мислиш дека геј популацијата би била поголема или помала со монотеизам или без? Можеби денес е поголем бројот на оние кои се кријат дека се геј, ама не се лажи дека Исус Сениор (или јуниор) „лечи“ луѓе кои се родиле со предиспозиции да бидат Геј. Извини а што ти згрешиле тебе овие луѓе? (не одговарај да не бегаме од тема)
Буљаши во душа? Извини по мое убедување ти си буљаш во душа.
Шведска е најнапредна држава во светов. Да ја следевме сите Шведска, немаше да бидеме во толку лоша ситуација. Ама од таквите како тебе ќе патиме векови нанапред.
Ако сум атеист, мислиш дека не ги почитувам родителите? Мене исус ми треба да ми каже да ги почитувам родителите што ми обезбедиле живот а!?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Зошто се религиите проблем на нашето време?

Религијата е вера во бог или богови. Вера значи верување на нечиј збор, без било каков емпириски доказ. Верата подразбира слепо почитување на догми без критичко размислување. Монотеистичка вера е вера во еден бог, авторитет над авторитетите. Во неговите аргументи не се сомнева. Спрема тоа религијата е догма. Зошто е таа проблем на модерното време?

Филозофијата на слободата не учи дека човекот има право на три елементарни права:
- Право на своето минато (имот)
- Право на сегашност (слобода)
- Право на Иднина (живот)
Земајќи пари за своите услуги, црквите замаат и дел од имотот на поединци. Парите со кои плаќате услуга без покритие, може да се смета дека е земен со измама.
Барајќи од вас молитви, покорност, стравопочит и слично, религијата ви одзема и дел од вашата слобода.
Генерално, не ви го одземаат правото на живот, се додека... не сте од друга вера.
Некои религии отворено повикуваат на борба против другите религии и неверниците. Верските војни се дел од човечката истоирија.

Секуларност или световност. Во секуларна држава, религиските заедици се одвоени од неа. Инструментите на власта во таквата држава не се во рацете на религиите. Веронаука во школите, свештеници во војската, политички изјави на црковни претставници, говор на омраза и негативно влијание на малцински општествени групации, сето тоа веќе сме го виделе и не е во склад со секуларизмот.
Религиските заедници немаат методи за одговорност со кои би ги регулирале своите постапки, нив ги има државата. Спрема тоа црквите намаат што да бараат на одговорни места во една држава. Секуларизмот не значи уништување на религиите, слободата на вероисповед на нејзините граѓани е обврска на секоја секуларна држава.

Моралноста на современнот свет. Основниот морал на секое човечко битие е наследство на еволуцијата. Понатаму секој човек гради свој морал врз основа на туѓо и сопствено искуство и со критичко размислување.Од друга страна не би било фер кога не би го признале големото влијание на религиите во развојот на одредени морални принципи врз нашата цивилизација, но...Моралот на религите е неускладен со потребите на новото доба и новите научни вистини. Со самото тоа станува бреме за развојот на нашата цивилизација.
Да видиме некои некои вредности на новото доба кои не се втемелени во монотеистичките религии.
- Еднаквост на половите
- Права на децата
- Заштита и очувување на животната средина
- Правата на животните
- Еманципација на жените
- Слободата на говорот
- Права на ЛБГТ заедницата
- Контрацепција
- Абортус.....

Науката. Фактот дека од страна на религиите константно се оспоруваат научните вистини е еден од најголемите проблеми кои го носат религиите. Науката веќе одамна дошла до некои вистини кои се косат со тврдењата во библијата и куранот и поради тоа ја оспоруваат. Една од најнапаѓаните научни теории е Дарвиновата теорија на Еволуцијата. За неа во научниот свет немаат дилеми – Еволуцијата е факт. Креационизмот и филозофското извртување на докажани научни теории се само некои од методите со кои се служат религиите во разбивањето на интегритетот и идентитетот на науката.
Религијата е верување, науката е сомнеж. Докажување, проверка, па и рушење на научните теории се сигурен пат кон вистината. Верата тоа не можe да биде.
Критичкото размислување е исто така жртва на религиските напади врз науката. Никогаш како сега не е созреано времето да се одбрани науката. Ние тоа и го должиме како цивилизација. Спрема тоа, религиите се проблем на нашето време, но... се може да се реши со договор и толеранција.

Атеистите се спремни на соживот со верниците, но некои работи треба да се променат. Дали вие верниците сте спремни за тоа? Одлуката е ваша.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom