Битушанец, иако out of topic... мислам дека треба да ти одговорам...
Дали НГ е Македончиште, како што самиот се прикажва ќе покажи времето, кога ќе се истроши како политичар (не е битно дали после 10, 20 или 30 год.). Е тогаш веќе кога нема да е повеќе интересен за народот, тогаш ќе паднат маските и ќе видиме кој бил и како се осеќал НГ... Таков е случајот со ЉЃ, од војвода, последен македонски цар и Македонска „Месија“ пуштена од Господ, сега оди на се или нешто и си го кажува тоа што му тежи на душа...
- Донесе закон за знамиња (кој не е задолжителен според рамковен).
- Амнестира терористи, крвници и убијци (за кое ќе одговара, ако дојде конечно некоја асолна власт во РМ во иднина) ОВА Е ПРОТИВ УСТАВНО! Тие монструми имаат слободни раце пак да извршат некое вакво дело, без да го наплатат „цехот“ за досега стореното...
- Го подржа законот во собрание за јазиците, за кој многу лаеше во 2004 год, со што албанскиот стана втор службен!
- Му крахира еден проект наречен „Трето Дете“, кој стварно беше од исклучително значење!
- Останува немоќен во незаконското преименување на училиштата со доминантно албанско население.
- Ги заборава бранителите од 2001 во секој поглед... додека на спротивната страна доста училишта носат имиња на паднати борци на УЧК! А и финансира споменици на УЧК со државни пари!
- Преку Министерството за Култура одобрува учебници за предметот Албански јазик, каде национална химна е албанската, има карти на голема Албанија, а македонскиот јазик не ни постои во групата на Јужнословенски јазици!
- Не е способен да спроведи еден попис на кој реално ќе се отслика етничката слика на РМ.
- Сакаш во твојот пост да мачкаш очи дека става споменици на извесни СрбоФИЛИ, гркоФИЛИ (баш ме интересира кои се тие споменици, со име да ми посочиш) и бугароФИЛИ... НЕ, туку става споменици на Бугараши или БугароМАНИ, во чии очи Независна Македонија ќе била втора бугарска држава на Балканот!!!
- Прави кич споменици за големи суми, кои позеленуваат (што значи дека не се бронзени), а пола од парите од отчетот пред граѓаните оди во нечии џебови!
- Неговите мегафони тврдат дека во време на криза нема пари за зачувување на културното наследство, а има пари за споменици
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=BF3B948889536D429148A331182D86A4
- Не остави 200.000 луѓе без работа, но не само што не успева да го намали овој број на невработени, туку и го зголемува!
- Со неговата непродуктивна економска политика, на пат е да ја однесе Македонија во рецесија...
- Ветува нови работни места, во кои просечната плата ќе биди мизерни 7-8.000 денари месечно.
- Преку неговите ТВ пералници на мозоци, бери поени кај граѓаните и со државни пари вртат реклами за еден истрошен политичар како ЉЃ. Се потенцираат неговите изјави за приближување кон Бугарија, а не гледаат дека во нивните редови имаат еден дечко звани Латас, кој преку неговите колумни јавно бара Македонија да му плаќа кирија на Србија за користењето на касарните и јавно повикува на ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА СО СРБИЈА
Е сега и нај актуелното деновиве:
- Исто така расфрла државни пари за реклами, за овај шверцот со нафтата на БЦ, а со самото тоа си прави АНТИ-РЕКЛАМА, бидејќи ако во оваа држава владее правото, на БЦ треба да му се суди за овој шверц! Само те молам немој со она веќе виденото, дека ќе му суди народот на следните избори...