Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
^Чоек, ова не е инвестициски бум, исто како и она погоре, аман.... Не е рестартирана Ино Спектар, Здравје Радово си го прошируваат производството и дејноста, се развиваат... Секоја купена машина е инвестиција по дефиниција, ај дека не можеш се да пастираш во темава...
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
^Чоек, ова не е инвестициски бум, исто како и она погоре, аман.... Не е рестартирана Ино Спектар, Здравје Радово си го прошируваат производството и дејноста, се развиваат... Секоја купена машина е инвестиција по дефиниција, ај дека не можеш се да пастираш во темава...
За него е бум, нека си пишува ако му е интересно, само дали некој чита и верува воопшто во овие лаги:pos:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
За него е бум, нека си пишува ако му е интересно, само дали некој чита и верува воопшто во овие лаги:pos:
Лага е инвестицискиот бум, последниот линк за Здравје е одлично нешто, и за мене заслужува посебна тема, ако ништо друго кога ќе почнат со производство и пласман па да се промовираат барем тука нашите производи.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
^Чоек, ова не е инвестициски бум, исто како и она погоре, аман.... Не е рестартирана Ино Спектар, Здравје Радово си го прошируваат производството и дејноста, се развиваат... Секоја купена машина е инвестиција по дефиниција, ај дека не можеш се да пастираш во темава...
Абе не е БУМ, не е ни ПУФ, или како сакате наречете си го. Темава е отворена за инвестициите во Македонија. Е сега тие се такви какви што се, да не речеме никакви. Сепак подобро е да се постира се во една тема, отколку да се отварат посебни. Мое мислење е тоа, и секоја позитивна и негативна работа ќе ја споделам, зашто не гледам нешто лошо во тоа.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Потпишан договор за најголемата германска гринфилд инвестиција
Претставници на германската компанија Лиза Дрекслмајер ГмбХ и министерот задолжен за привлекување стански инвестиции Веле Самак денеска во Владата потпишаа договор за реализација на најголемата германска гринфилд инвестиција досега во Република Македонија.​

Со Договорот се официјализира инвестицискиот проект вреден над 35 милиони евра што предвидува изградба на фабрика во Кавадарци за кабелски инсталации за автомобилската индустрија. Производството треба да стартува во првиот квартал следната година, а изградбата на фабриката ќе почне секој момент, веднаш по завршувањето на подготовките кои интензивно се спроведуват на терен.​
Според деловниот план, во текот на првите пет години Дрекслмајер ќе инвестира над 17 милиони евра и ќе вработи 4.000 лица од регионот на Кавадарци, вклучувајќи ги Неготино, Градско и Велес. Локалниот партнер на компанијата од Македонија ќе инвестира во градење врвна фабрика од околу 52.000 метри квадратни, што ќе биде дадена на користење на ДДМ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија преку долгорочен лизинг.​
- Ова е одговорот што Владата на Република Македонија го дава на прашањето како се справуваме со економската криза. Не можеме да ги надминеме ефектите и да ја корегираме економијата во Европа или она што нивните политички водачи го прават и не го прават, но можеме да носиме што поголем број странски инвестиции, да преговараме, да покажуваме професионалност, подготвеност и флексибилност за соработка, напомена вицепремиерот Владимир Пешевски.​
Во време кога се затвораат фабрики, додаде, македонската Влада успеа да направи неколку работи со префикс „нај“ во нашата понова историја, најголема инвестиција во градежништвото и најголема инвестиција во однос на бројот работни места.​
- Убеден сум дека одлуката на инвеститорите е правилна. Македонија е вистинската инвестициска дестинација и новиот играч на пазарот на инвестиции и во Европа и на светско ниво. Оние што умеат тоа да го увидат на време, сега, во овие тешки времиња, ќе имаат корист во следните години. Помошта, подготвеноста, флексибилноста и професионалноста од страната на Владата продолжува и ќе биде на уште повисоко ниво, на инвеститорите останува да се справат со комерцијалните ризици, истакна Пешевски.​
Придобивките од една ваква инвестиција, оцени вицепрениерот, се големи, повеќе странски директни инвестиции, намалена невработеност и интензивиран извоз, до 130 милиони евра годишно кога фабриката ќе достигне полна фаза на производство.​
- Го потврдуваме спротивното и покрај мислењата на опозицијата дека она што го прават нашите промотори не е доволно. Инвестиците, пак, што ги договараме со странските партнери не ги објавуваме додека самата компанија не го стори тоа, рече Пешевски.​
Министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак истакна дека првите контакти со претставниците на оваа компанија почнале во март 2007 година. Иако, рече, на почетокот добивме недвосмислен одговор дека тешко ќе дојде до ваква инвестиција, продолживме да работиме тоа да се промени.​
- Почнувајќи од бизнис форумот во февруари 2011 година, па до сегашното потпишување имаше интензивна дискусија. Се вели дека среќата го прати подготвениот, па така и со нас. Последната година имаше низа посети, анализи, пресметки, имавме голема конкуренција и големи предизвици за да дојдеме до оваа инвестиција. На крајот на последното роуд шоу во Германија имаше директна средба на македонскиот премиер и сопственикот на компанијата на која тие кажаа колку и што за едниот и другиот значи ваквата инвестиција и што треба да се постигне за да се дојде до успех, рече Самак додавајќи дека поставените цели се исполнети, понудени се добри услови и инвестицијата е остварена.​
Покрај понудените добри услови, неопходно било да се најде и силен локален партнер кој ќе изгради една таква модерна фабрика. - Покажуваме дека на ваков начин работиме за нова иднина во Македонија, дека индустријата си ја враќа моќта, особено извозната, а исто така за граѓаните на овој регион се отвара нова перспектива, рече Самак.​
Поддршката и исполнетите услови што Владата и ги понудила на компанијата Дрекслмајер, биле една од причините за инвестирање во Македонија. За нас е важно, нагласи Карл Валнер, член на Одборот на директори, да работиме со добри и мотивирани соработници и во општина Кавадарци во производството и во развојот на оваа фабрика.​
- Во Македонија ќе изградиме фабрика за производи за потребите на потрошувачите на Мерцедес бенз во различни фази. Дрекслмајер ќе произврдува кабелски инсталации за Ц класата на Дајмлер во Бремен. Тоа е на оддалеченост од околу 25 часови од Кавадарци и производите дневно ќе бидат пренесувани дотаму, рече Валнер и појасни дека првото претставништво во странство компанијата го отворила во 1973 година во Тунис.​
Дрекслмајер има претставништва во САД, Србија, Молдавија, Кина и сега во Македонија.​
На потпишувањето на договорот присуствуваа и премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески. Владата изрази благодарност за соработката на тимот од локалната самоуправа Кавадрци и градоначалникот Александар Панов.​
Со овој инвестициски проект на Лиза Дрекслмајер ГмбХ, Македонија официјално влегува на листата земји добавувачи на врвниот автомобилски производител, германскиот гигант Дајмлер Груп.​
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Добро бе се испосраа со ова инвестицииве.
Додека се изгради фабриката и го постигне својот полн капацитет ќе поминат добри 5 до 6 години за тоа време ќе се преселат 100 илјади луѓе.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Мора некогаш да се почне. На нас ни поминаа 20 години се иселија 300 до 400 илјади луѓе нека се иселат уште 100. Важно е полека да се вработуват тие што останале, а кога ќе нема кој да работи , ќе рипне побарувачката а со тоа и платите на работниците, со рипнување на платите ќе почнат да се враќат оние кои се иселиле.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.425
Мора некогаш да се почне. На нас ни поминаа 20 години се иселија 300 до 400 илјади луѓе нека се иселат уште 100. Важно е полека да се вработуват тие што останале, а кога ќе нема кој да работи , ќе рипне побарувачката а со тоа и платите на работниците, со рипнување на платите ќе почнат да се враќат оние кои се иселиле.
И тогаш верверичката му рече на дабарот, така се прават милка чоколади...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ВАН ХOOЛ ПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА ФАБРИКАТА ЗА АВТОБУСИ ВО БУНАРЏИК



Белгиската компанија Ван Хooл денеска ја почнува изградбата на фабриката во Македонија.

Ќе биде лоцирана во ТИРЗ Скопје 2. Инвестицијата според најавите, е 30 милиони евра. Компанијата одлуката за инвестирање во Македонија ја донесе по средбите со владините претставници за време на „роуд шоуто“ во Брисел во ноември минатата година.

Фабриката ќе отвори нови 400 работни места и ќе го зголеми извозот за 100 милиони евра.

Со изградбата на фабриката Македонија повторно ќе стане ивозник на автобуси. Првата тура од 500 автобуси компанијата веќе ја има потпишано и ќе се пласира на американскиот пазар.

Ван Хooл е основана во 1947 година и има повеќе од 4.000 вработени.

http://kapital.mk/mk/makedonija/86558/van_hool_pochna_so_izgradba_na_fabrikata_za_avtobusi_vo_bunardzhik.aspx
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Македонија: Агрокор одложи инвестиција тешка 20 милиони €










23.07.12 / 21:01
Вториот откупен центар на хрватски Агрокор во Македонија ќе почека најмалку до 2015 година, кризата ја однесе инвестицијата тешка 20 милиони евра.

Станува збор за трговско-дистрибитувен центар во Струмица, каде Агрокор лани го отвори првиот центар, Агрофруктус.

Директорот на Агрофруктус Блажо Витанов вели дека новиот центар ќе биде изграден, но додава дека во моментов нема за тоа нема потреба, пренесоа хрватските и српските медиуми.

Според него главна причина за одложувањето е должничката криза во Европа .



БУМ!
http://bukvar.mk/news/makedonija-agrokor-odlozhi-investicija-teshka-20-milioni-?newsid=F8VW
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
До мај месец 2012та само 74,6 милиони долари странски инвестиции

Во првите пет месеца од 2012та влегле 74,6 милиони долари директни странски инвестиции , што е многу помалку од истиот период лани , кога влегле 216,9 милиони долари. (142 милиони повише).

http://alsat-m.tv/lajme/vendi/148110.html
 
Член од
12 јули 2012
Мислења
30
Поени од реакции
6
Мора некогаш да се почне. На нас ни поминаа 20 години се иселија 300 до 400 илјади луѓе нека се иселат уште 100. Важно е полека да се вработуват тие што останале, а кога ќе нема кој да работи , ќе рипне побарувачката а со тоа и платите на работниците, со рипнување на платите ќе почнат да се враќат оние кои се иселиле.
Незнам дали воопшто дали треба да го коментирам твојов став. Навистина личи на виц.
Можеби треба малку да бидеме оптимисти но се изгуби оптимизмот во овие 20 години.
Инвестиции олку онолку.... владата тоа мора да го кажува за да ги придобија гласачите (без разлика дали имало инвестиции или не - таа мора да рече дека има). А ако има инвестиции зошто бројот на невработени не се намалува??? Во Кавадарци нова фабрика 4000 нови вработувања, во Битола незнам колку, во Скопје уште толку... Па добро ако има толку вработувања барем бројов на невработени нека се намали за некој процент. Имам другар кој е невработен и го прашувам оти не бара работа а тој ми вели дека конкурирал и пуштил CV на десетина огласи за работа (и тоа повеќето од фирмите биле странски кои инвестираат во Македонија). Од сите тие му одговориле само едни кои му пишале дека ќе биде викнат на интервју и не го викнале. Кај нас пазарот на трудот не функционира.
Од друга страна инвестирањето во споменици и не е толку безвредно од причина што за тие споменици и градби се ангажираа македонските градежни фирми (кои пак ангажираа подизведувачи итн...). Значи од сето тоа има економски ефект. НО, најжално е што од целата работа најмногу профитираат фирмите т.е. газдите на фирмите кои го зголемиле профитот неколку пати а платата на работниците останала иста.
 
Член од
30 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
54
во врска со успешноста на инвестицискиот бум во Македонија, најдобро ќе каже статистиката, јас имам еден факт и една шпекулација. Факт е дека невработеноста во Македонија во 2006 година била 36%, а исто така факт е дека сега е 31,6%. Во 2006 година вработени биле 570 404 луѓе, а сега се 643 668, тоа е 73264 нови вработени откако е владата на Груевски. Ова се фактите, а сега шпекулацијата, никој со точност не знае колкав е бројот на државна администрација, се оди со цифри до 180 000 вработени, јас мислам реално дека се околу 160 000 вработени, се шпекулира за бројка од 80 000 нови вработувања во државната администрација. Затоа што бројот на ново вработени административци е поголем од официјалната бројка на ново вработени лица, излегува дека околу 6000 лица останале без работа од реалниот сектор. Повторувам сите овие бројки се шпекулација, ако некој има официјален податок за ново вработени административци од 2006 до 2012 би сакал да го видам. Во секој случај ако овие шпекулации се испостави да бидат точни, тоа е катастрофално поразителна бројка за инвестицискиот бум во Македонија, испаѓа дека бум имаме само во државната администрација, односно непродуктивниот сектор. уште еден куриозитет, ако земеме дека просечен административец има 30 000 денари или околу 500 евра бруто примања, 160 000 * 500 = 80 000 000 милиони евра месечно или 960 000 000 милиони евра годишно одат за плати, тука не се врачунати трошоците за службени патувања, гориво, струја и ред други расходи што ги повлекува државната администрација, со вакви расходи бумот треба да биде многу голем за да не извади.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Со ваква математика треба бумови да маваат до 2020та година за да имаме некое равенство 1административец=1 реален сектор. Кога ќе се земе во предвив дека не се знае и точната бројка на волонтери и практиканти кои се на државна цицка, како и фантом фирми за ПР услуги кои живеат од буџетски пари, бројките за инвестицонион бум се само за запалени владини глави. Филмот ќе пукне кад тад, се гледа дека не оди со популизам, популизмот не ти ја покачува платата, не ти носи ликвидност и не ти дава работно место.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom