Ристеска осум години трча во исти тренерки, Ефремов ќе настапи со скинати спринтерки

Статус
Затворена за нови мислења.
P

Princ

Гостин
Ти со сила глуп се правиш, сакаш да ми кажеш дека ти можело на времето да бидеш некој астронаут, арно ама во центарот за обука на космонаути немало услови или дека воопшто немало центар за обука на космонаути во Мкд.
Не, најдов глупи луѓе на темава па ги дриблам сега.
Спортот не се учи. Кило сол да јадевте на ден, тоа ќе го разберевте досега.
"Астронаутов" не е астронаут. Ќе оди на натпревар бидејќи мора (поради една или друга причина) од Македонија да се натпреваруваат двајца. Број им треба. Де пратете ни двајца затоашто ние имаме шест (што стигнале таму бидејќи имале резултат) ама ни требаат осум за да трчаат, инаку ќе ни се смее цел свет... пратете било што, макар и се сопињале со свои нозе.
Жал ми е што не се инвестирало во некои многу способни спортисти, како на пример Бошевска. Не ми е жал што не е инвестирано во луѓе што ќе учестуваат на Олимпијада со вајлд карта наместо со резултат, капак на тоа и ми се жалат дека трчале 8 години во исти тренерки, ко големиот стап да го менувале тренерките. Оди трчај ти, цепај на секунди, уривај рекорди... не е ич важно во какви тренерки трчаш. Ама празни се во срцето и во способностите па сега мани ќе наоѓаат насекаде, бидејќи нема да прикажат апсолутно никаков резултат. И самата вели дека нема да прикаже никаков резултат. Не инвестирам во такви луѓе па што сака нека биде, ниту пак ги жалам. За такви успеси толкава инвестиција, тоа ти е.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Го глеам насовов и си мислам: јаки трењерки бе ММЕ... :icon_lol:
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Не, најдов глупи луѓе на темава па ги дриблам сега.
Спортот не се учи. Кило сол да јадевте на ден, тоа ќе го разберевте досега.
"Астронаутов" не е астронаут. Ќе оди на натпревар бидејќи мора (поради една или друга причина) од Македонија да се натпреваруваат двајца. Број им треба. Де пратете ни двајца затоашто ние имаме шест (што стигнале таму бидејќи имале резултат) ама ни требаат осум за да трчаат, инаку ќе ни се смее цел свет... пратете било што, макар и се сопињале со свои нозе.
Жал ми е што не се инвестирало во некои многу способни спортисти, како на пример Бошевска. Не ми е жал што не е инвестирано во луѓе што ќе учестуваат на Олимпијада со вајлд карта наместо со резултат, капак на тоа и ми се жалат дека трчале 8 години во исти тренерки, ко големиот стап да го менувале тренерките. Оди трчај ти, цепај на секунди, уривај рекорди... не е ич важно во какви тренерки трчаш. Ама празни се во срцето и во способностите па сега мани ќе наоѓаат насекаде, бидејќи нема да прикажат апсолутно никаков резултат. И самата вели дека нема да прикаже никаков резултат. Не инвестирам во такви луѓе па што сака нека биде, ниту пак ги жалам. За такви успеси толкава инвестиција, тоа ти е.
Колку напамет звучи кажаново, не си свесен.
Да ти ја посочам разликата меѓу нашите и другите балкански (не одиме подалеку) спортисти во индивидуални спортови.

КОнкретно, во атлетика, имаме 3 клуба во кои тренираат деца од10 години па натаму. Кога се во младинските категории, растураат по Балканијади, поставуваат рекорди, и да, се сметаат за таленти од страна на тренерите.
Во тој момент тренираат на патека која повеќе личи на крос патека (според подлогата), на стадион кој повеќе личи на ливада (според условите), користејќи клупски простории, кои повеќе личат на запуштен прирачен магацин за искористено машинско масло.

И овие деца, повторно, секој ден, и на снег и на дожд, и во никакви услови, одат на тренинг.
Времето поминува, големите таленти поставувачи на национални рекорди на балкански првенства во младински категории растат во фрустрации, знаејќи дека нивните врсници (кои ги оставале зад себе на патека) од Софија во зима тренираат во затворена атлетска сала, дека оние од Белград имаат тренерски тимови и фантастични програми за развој... ете, не одиме подалеку....

И така, овие деца, веќе потпораснале, а веќе се исфрустрирани од нивната патека налик на козја, нивниот стадион налик на ливада и нивните соблекувални налик на магацинче... а, до завчера беа шампиони на балкански првенства во младински категории и поставувачи на национални рекорди, и беа сметани за големи таленти со блескава иднина...

Ете, ти напишав рецепт за уништување на спортски таленти.

Ама, добро, од пред тастатура верувам дека работите изгледаат поинаку.

Слободно почести се кафе со парите што си ги врати во џеб... оние, де, со кои сакаше да го помогнеш македонскиов спорт.... пардон, да ги инвестираш во македонскиот спорт...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
На Боатенг да му речиш дека е глуп одма бан добиваш. А тој не излегол надвор од пред компјутер најде за спорт да прави муабет, па и најголем стручњак изиграва.
И џабе ти му објаснуваш дека треба прво спортистите да имаа нормални и човечки услови за спортување па после за резултати да правиш муабет.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.848
Поени од реакции
10.651
А 1.000 евра да давам за нејзе на опрема за Олимпијада?
Ти ги даваш парите? Таа се труди да не претстави на Олимпијада, а некои како тебе тука глупости тропаат. Стави се во нејзина ситуација па после зборувај.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.443
Ефремов со скинати спринтерки на лондонскиот тартан

Атлетскиот претставник на Македонија во машка конкуренција, бидејќи не е стипендист на АМС, а не е ни на листата со десетте потенцијални учесници на Олимпијадата, не добива финансиска помош од државата
На пеколното сонце, во термин кога лекарите препорачуваат мирување, младиот велешанец Kристијан Ефремов на Градскиот стадион во Велес засилено тренира за своето учество на Олимпијадата во Лондон. Ќе трча на патеката од 400 метри. Оваа можност ја доби со вајлд-карта што ја додели организаторот за двајца македонски атлетичари. Така Ефремов ќе биде дел од скромната македонска екипа со четворица учесници, по двајца пливачи и атлетичари.

- Ветувам дека нема да разочарам. Ќе го дадам својот максимум во Лондон за да го остварам мојот најдобар резултат. На 9 јуни на силен меѓународен митинг во Софија значително го подобрив моето најдобро остварување на 400 метри, кое сега изнесува 48,26 секунди, што претставува најдобар резултат во македонската атлетика во последните неколку години. Ова укажува дека сум во солидна форма и ќе ја претставам Македонија во најдобро светло - вели Kристијан Ефремов, член на АK Перпетуум мобиле од Скопје. Тој првите атлетски чекори ги почна токму на овој стадион, каде што сега тренира двапати, по два часа, на ден. Терминот кога работи со тренерот Ѓорѓи Вучков не е тој што тие го сакаа, туку тогаш кога нема рекреативци. Поради големиот број велешани кои трчаат за своја душа, Ефремов не може да работи по 19 часот кога е посвежо, туку два часа порано, по врелиот воздух. Kога почнале, имале проблем Ефремов да истрча еден круг од многубројните рекреативци по патеката. Згора на тоа тартан-патеката изградена 1978 година сега е сериозно оштетена, со огромни дупки каде што се гледа бетонот, па Ефремов ризикува да се повреди и Олимпијадата да му остане неостварен сон. Неговиот тренер Вучков вели дека колку вложуваме во атлетиката, толку добиваме.

- Не можеме да очекуваме ниту Балкански резултати со една патека во Охрид и оваа скоро пропадната во Велес. Очекувам дека Kристијан во Лондон на ОИ ќе остави зад себе според резултатите 3-4 атлетичари. По настапот на ЕП во Хелсинки имаше реакции на неговиот резултат, дека бил под најдоброто време. Јавноста треба да знае, во Хелсинки само еден од 37 атлетичари истрча во претпладневните квалификации, подобро време од неговото најдобро. Биоритамот на атлетичарите не е адаптиран за претпладневни трки. Наша цел е на Олимпијадата да не биде последен и да истрча најдобро што може - вели Ѓорѓи Вучков, тренер на Ефремов.

Атлетичарот Ефремов во Лондон ќе трча со искинати спринтерки, оти двата пара што ги има се со дупки. Бидејќи, не е стипендист на Агенцијата за млади и спорт, ниту беше на листата на десетте потенцијални учесници на Олимпијадата во Лондон, Ефремов не добива финансиска помош од државата. Се финансира сам со помош од неговите родители. Дури и потребните средства за витамини ги обезбедува самиот.

- Со оглед на минималните услови што ги имам и тоа што не примам никаква спортска стипендија, задоволен сум од сегашната форма. Од олимписката Б-норма ме делат 2,36 секунди, па со соодветни подготовки и финансиски средства, очекувам на следната Олимпијада во Рио де Жанеиро 2016 да учествувам со олимписка норма – вели Ефремов. Според програмата, трката на 400 метри е на 4 август, а квалификациите почнуваат во 12.35 по македонско време. Последен тест пред Олимпијадата ќе му биде Балканското првенство во Едрене, Турција, кое се одржува на 22 и на 23 јули. (П.П.)
Атлетиката хоби, информатиката професија
Kристијан Ефремов од пред некој ден е дипломиран информатичар. На крајот од минатиот месец го заврши Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот ФОН, со просек од 9,97. Претходно во сите четири години во велешката гимназија „Kочо Рацин“ бил најдобар ученик, а во завршната четврта година и првенец на цело училиште.

- Во Македонија не може да се живее од спортот. Затоа се предадов на науката – вели скромно Ефремов.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Шо гомна се изедеа за двајцата од четирите преставници на Македонија на Олимпијада .. Па еба ве селскио народ ебаве !!! Овие луѓе се трудат да постигнат нешто у спорто , имат мака , јасно е ко ден , вие седете на пц , шмркате Кока Кола , јадете сладолед и лечете фрустрации на луѓе кои се трудат да направат нешто и за себе и за државата шо ја преставуват ! Гаде ми се од овај ебан народ , најозбилно ...

Кој кур сте бе вие да кажувате кој има , кој нема талент , а ? Шо имате постигнато у спорто вие да па критикувате тука ? Ебани тролови .. Наместо подршка за овие двајца , вие јадете гомна и плукате по нив ко да направиле нешто грешно... а се што направиле е тоа што се пожалиле дека немат услови за тренинг , немат финансии , а секој ден дават крв , пот и енергија за да бидат подобри и подобри ..

И ебате логиката , која била целта да финансираш спринтери покрај САД , Јамајка итн .. Ти се серам у логиката шо ја поседувате , и после се чудете зашо оваа вукојебинска држава не мрда ..

Ебаве ...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Ako, ako, redno bese da se doznae na kakvo deredze e makedonskiot sport, ne samo resanite sto se jadat po televizii.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Знае дека може да си купи нови така ?
WoW, како ти текна ова, навистина си бил паметен.
Па 500 денари се на Бит Пазар. Да не сака и хотел да и платат, пат, јадење и пиење во Лондон.
Па да ти кажам право тоа ке биде далеку подобра инвестиција отколку оние кичерајските ствари со кои се расфрлаат наоколу.
 
P

Princ

Гостин
Македонскиот олимписки комитет во 2011-та година додели 10 олимписки стипендии во висина од 500 до 1100 долари месечно за олимписките кандидати кои се блиску до остварување на норма. За жал, од тие 10 спортисти никој не успеа да избори олимписка норма, а помеѓу нив нема ниту еден атлетичар.

Извор

Реков јас еднаш, ама кој да слуша.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.575
Македонскиот олимписки комитет во 2011-та година додели 10 олимписки стипендии во висина од 500 до 1100 долари месечно за олимписките кандидати кои се блиску до остварување на норма. За жал, од тие 10 спортисти никој не успеа да избори олимписка норма, а помеѓу нив нема ниту еден атлетичар.

Извор

Реков јас еднаш, ама кој да слуша.
Принц, немаат услови, услови, услови...

Не само во овој спорт, во сите, 60 луѓе трениравме фудбал на еден терен, со 10 топки, од прв тим до кадети, во сите развиени земји се тренира со 10 топки за 5 играчи, со 1000 реквизити и помагала, со теретани, базени, вештачка трева, сали.... а ние тренираме во снег и кал и правиме склекови... Тоа се тие услови(ова е за фудбал, али истото аплицирај си го на сите останати спортови). Ако не излезеш од Македонија до 16-18 години, си го ебал ежот, ништо нема да биде од тебе, макар бил и најголемиот талент и највредниот играч...
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Јас случајно еднаш го гледав дечково како вежба шпринтови и има добро развиено тело.Особено соодносот помеѓи колковите,стомачните и нозете му е квалитетен но би можел со поинтензивни тренинзи да се подобри нормално.Трча брзо но незнам каква му е исхраната,суплементацијата,одморот и тренинзите.Иако спринтовите се добар тренинг за нозете,поголема кондиција и повеќе крвни зрна би добил ако вежба на повисоко и спие на повисоко пред настаните.Сите атлетичари го прават тоа и не е допинг.
 
М

Мартин`

Гостин
Ефремов студирал на ФОН каде што плаќа 2000 евра годишно а трчал со искинати спринтерки, ма да сигурно е така ..

Да се разбереме немам ништо против да го дигнат гласот против лошата состојба во Македонскиот спорт но нека не претеруваат во некои работи, сепак не сме ретардирани па да ставаат вакви сензационални наслови за привлекување внимание. И ова е состојбата во спортот во сите области во Македонија не само во атлетиката во случајов, на пример во фудбалот состојбата е исто така доста зафркната - не им плаќаат здравствено и ако се повредат и операцијата сами треба да си ја плаќаат (во глобала - повеќето). И пак ќе кажам главен проблем е до оние што ги водат федерациите.. кај кошарка/ракометот е подобро се гледа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
А како да го кренат гласот ако не се искажат на ваков начин?

Еве во мојот спорт штрајкувавме 5 месеца и со блокирање улици ама џабе беше. Друг предлог како да го оправиме спортот тука?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom