bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Датум: 11.07.2012, 18:28
МАKЕДОНСKИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЛОИ ВО ЛОНДОН
Ристеска осум години трча во исти тренерки
Kолку ни дале, колку инвестирале, толку нека очекуваат од нас, порачува младата прилепчанка, која ќе настапи во атлетската дисциплина на 400 метри со вајлд-карта
Во четиричлена македонска екипа за Летните олимпски игри во Лондон, кои ќе стартуваат на 27 јули, последна влезе атлетичарката Христина Ристеска. Таа со вајлд-карта е пријавена за настап на патеката од 400 метри. Ристеска како да беше сигурна дека ќе учествува на Игрите, иако немаше постигнато норма, па летово не направи пауза. Се подготвува за што подостојна презентација во родниот Прилеп. Среќна е што првпат ќе учествува на светскиот спортски самит, но и револтирана штом ќе слушне критика од типот „ем малку учесници ем сите со вајлд-карта“.
- Немаме норма, а од каде да падне? Kако да дојдеме до норма, кога ништо не се вложува? На Олимпијадата одам со чест и гордост што ќе ја претставувам својата земја, но со жалење зашто никој не инвестира во атлетиката. Можам многу повеќе, но никој не вложува за да дадам максимум. Изгубивме нови четири години. Се знаеше дека по Пекинг доаѓа Лондон, а во овој циклус не одржавме ниеднаш вистински подготовки. Се собиравме само по 10 дена годишно во Охрид. Тоа е ништо, да ги распакуваш куферите и толку. Ни треба најмалку по еден месец силни тренинзи, со лекарски тим, засилена исхрана, витаминизација. Kолку ни дале, колку инвестирале, толку нека очекуваат од нашиот настап - порачува Ристеска.
Младата, 20-годишна спринтерка, која потекнува од АK „Трети ноември“, а сега е членка на скопски Работнички, надолго и нашироко ги посочува проблемите во нашата атлетика. Таа, иако е една од водечките атлетичарки, досега не добивала финансиска помош или стипендија, освен една година, а потоа ја укинале под изговор дека ја минала возрасната граница. Поради градежните работи на стадионот „Филип Втори“, наместо на патеката, 400 метри на тренинг истрчува крај Kејот на Вардар, каде е погодно само за крос. Посебна приказна е опремата. Тешко е да се поверува, дали е можно, една иста опрема да се носи цели осум години?
- Откога станав репрезентативка на 13 години, досега ништо не сум променила. Ги користам истите тренерки. Пораснав во нив. Сепак, добро е што сега конечно најавија нова опрема, дресови, тренерки, маички, шушкавци, патики, торбички. Опремата секако е битна, за нормално да се чувствуваш, рамноправен со конкурентите, да изгледаш пристојно за време на загревање, а не да се делиш од другите. И тоа е фактор што влијае на резултатот - вели Ристеска.
Таа држи повеќе државни рекорди во штафети, каде редовно трча и сестра ~ близначка, Фросина. Христина е веќе пет години државен првак на 400 метри со време од 57,80 секунди. Рекордот го постави на Балканијадата во Грција. Посакува подобар резултат во Лондон.
- Не се согласувам со застареното „важно е да се учествува“. Покрај с` што се случува, црпам мотивација самата од себе. Kрај мене е одличен тренер, Александра Војнеска, поранешна олимпијка. Немам страв од ждрепка. Сакам да трчам со најдобрата во светот, Американката Сања Ричардс - заврши Христина Ристеска.
Според програмата, претквалификациската трка на 400 метри е на 3 август. (З.И.)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CB53EF2585408B4088E29B126E4AE5C4