Пред да почнам со опис на денчево да напоменам една работа, преку к.. ми е од тролчиња кои немаат попаметна работа, освен во црната површина да ја најдат минималната сива точка која едвај се познава, па да замерат дека црната површина не е црна, туку е црно сива.А така.
Е сега, станав во 4 без 15,или 15 и 45. Ги испив апчињата, го изжабуркав јодот и потоа се напив ладна вода. Времево надвор е
рај за ѓаволите . Чиниш воздух нема за дишење, вентилаторот создава само привидна ладнотија, која по неговото исклучување ја сеќаваш во задниот дел на тилот, како те стега и турка нанапред. Пуштив музика како и секогаш, единствено дома не слушам музика ако гледам филм или играм некоја игра на лап топов. Ме фати нервното па тркнав со точакот до кај братучед ми, да погираме малку Pro Evolution, 2-2 во партии завршивме. Постигнав два гола со Балотели, но не успеав да го слечам горниот дел од дресот
. Поседив таму, се позафркавав малку, па се прибрав дома пред неполн час. Моментално пијам кафе, преслушувам едно албумче, па че гледам едно филмче, хорорче ненапнато. То е то од денов...........два настани в крст, но ако добро помислам, многу народ под земја, не може да ги има и ужива и тие, па така не се жалам.