Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
1.170
Поени од реакции
2.635
Дк.
ГО НАЈДОВ ПОКЛОНОТ ФАЛА ТИ БОЖЕ !!!!!!
таман ден пред да и биде роденден :):)
посреќен амин !
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
многу е лошо кога знаеш дека немаш каде да го искористиш капацитетот кој го поседуваш.(n)
Постојано размислувам што ќе правам понатаму, ама уште немам решение т.е. имам 2/3 сценарија, ама јас, не сум јас, ако немам барем 7 решенија за 1 проблем. Мислам да почекам да видам што ќе се случи во блиска иднина, а во слободно време ќе си црткам, ќе учам нешто повеќе за уметноста и ќе пратам некое документче (колку лошо му стои деминутив на зборов :facepalm: ) на другата страна од светот - можеби конечно ќе ми се насмевне среќата, а може и не, со оглед на тоа колкав малер сум. :eek:
Ајде поздрав, еве ти една : :)
 
H

HITCH

Гостин
Не ми треба непријател, доволна сум си на себе, понекогаш дури и премногу. Се чувствувам ужасно поради грешките кои ги повторив, у ж а с н о. Можеби полесно ќе ми беше ако некој друг е виновен, а можеби ќе беше исто. Ни претпоставките не ми се некакво оправдување или олеснување. Се опуштив, тоа е главната причина за целава мизерија која ја преживувам сега. Не знам зашто очекував нешто повеќе, кога и самата знаев дека се` ќе испадне вака. Иако се дистанцирав, резултатот никаде го нема. И после толку време кај мене ништо не се промени, н и ш т о. Ќе си останам ваква будала!
Драга, Леб и сол ме дотепаа периодов, а јас не сум меланхоличен тип, напротив. Покрај се` што се случи и што ми помина низ глава периодов, само насмевката е се` уште тука, не знам од каде извира. Не се каам што се опуштив, жал ми е што свесно се повредив, што мислев дека можам да променам нешто.


Ај, со здравје.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Не знам како некои луѓе живеат без размислување за животот и без страст за нешто/некој.
Да бев таква, досега ќе ми беа решени проблемите.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.081
Поени од реакции
25.195
Отсекогаш ме интересирало како би било да бев од другата страна на оската од кај што сум, ама не ме бива за глумење so here goes nothing.

Драга
На работа е е пекол, среќа што ни ставија клими иначе ќе испогиневме сите леле колку е само жешко. Заљубен сум драга, таа е прекрасна со бели заби, црна коса а зелени очи, убиствено ми делува таа комбинација, мила, нежна, со усни желни за бакнежи. А што би рекол Дарио (од Миг 21) А жена е, тоа што е, најсветла ѕвезда северна, со неа се, без неа не па нека е и неверна. Жени, зарем не е тоа смислата на нашето постоење? Се борам за подобар свет, свет без насилство, без убиства, без дрога освен марихуана, добро и екстази, добро де и чат пат од тие лајт печурките ама никако хероин, свет на виножита, свет на сништа во летот на гулаби, што ќе каже Кичо Слабинац-Летај ми летај гуЉабе, високо меѓу ѕвездите, донеси радост гуЉабе, солзи нека има само во песните. Свет без граници, отворени врати каде што духовното ќе добие предимство во однос на материјалното. Тоа ќе го постигнеме преку нашите учители Карл Маркс и Фридрих Енгелз кои ја предвиделе пропаста на овој гнил капитализам и издигнувањето на еден храбар нов свет на љубов, мир и гушкање дрва.
И драга како може да се луѓето толку сурови? Да убиваш животни за храна а да имаш здрава свест. Сакам да ги видам драга они дали можат да го заколат теленцето или јагненцето, како што јас сам си ги садам ананасите, мангото, копарот и руколата. Сега мислам да идам во религија и да се изживљавам со верниците, хахахаха срамота е во 21 век да веруваш во сопствено дете и брат а не па некаков си Бог, како бе да не киснам таму и да не им фаќам добар сеир и пердашам.Тоа се треба да се запали, да се уништи, што би рекол мојот идол Мирко Попов


секој што верува во нешто а не може да го докаже истото да се убие, само со уништување на религиите и државите и уништување на луѓето кои не се со нас ќе го уништиме уништувањето ќе пролееме крв на пролевањето, само преку аутквизицијата ќе ги поправиме грешките на инквизицијата.

Само тој екслекмеклес многу е педерче, заоштрил критериуми и почнал со санкции. Кој фактор е он бе да ми брише мислења? Се дур не ми извадат математичка формула за постоење на Бог и тоа не аксимоатска туку дефинитивна и конечна 2+2=4 сосе и експеримент со имплементирани фисија, фузија, Борови постулати, Фарадеев кафез, митоза и мејоза смеам да јадам гомна колку сакам, ЈАСНО?
И до кога бе со овие национални предрасуди. Па што ако е Талибанец? Кога ќе го исечеш крвари ли? Црвена ли му е крвта? Чувствува ли болка? А ние сме се запнале за името. Убаво вика Најчевска, луѓето на Марс ќе се качат ние уште за тоа името. Пиши таму и Северна Бескичменија пушти ги бре луѓето да дишат. Сите сме едно, сите сме сплотени само ако замислиме


Иначе ноќниот живот и културата ни се тапа. Освен Мирко Попов и Соња Исмаил моите идоли. Непризнаени генијалци драга, нивната музика е само за уживатели со изоштрен вкус од Капан Ан. Ама за 50 години од сега ќе ги слават како урбани фаци заедно со нивите другари цел ПМГ колектив, Срџан Јанчкиевич, Јане Алтипармаков, Ана Јовковска и останати прогресивни луѓе. Да не беа тие ќе немавме ни култура, ни забава ни урбано Скопје. Немаше да знаеме ни за техно ни за МДМА, ни за сто тројка да не правам муабет за една права урбана сила, една андерграунд култура во вистинската смисла на зборот. А не како оние фејкерине што одат на некои си фенси места или кафани. Туку бев на Дјуран Дјуран, јееееее. Какви емоции, каква атмосфера. Има еден исфрустриран и неизебан сељак на форумов шо мисли дека е многу кул со Сид Барет аватар што вика дека замисли они му биле многу геј, со лимонада тралалајќи песнички ништо подобри од Њу Кидс он д Блок. Што знае па он? Па знае ли он колку само жени свршавале на Come Undone, песната е толку длабока, емотивна. Предгрупа беа Нокаут. Каков концерт направија на саем Нокаут само. Кога излезе Џамбазов да ја пее Во Бестрага. Заедно со пријателките ја постираме, репостираме и шеруваме по 780 пати на ден. Таа е можеби најубавата македонска песна на сите времиња. Особено делот-Можеби е доцна, а може и не. Уауууу колку е само тоа точно, беспрекорно грешно, или е доцна или не е, тоа е една ретка длабока мисла рамо до рамо со онаа на мојот омилен писател Коелјо-Кога нешто силно сакаш, цела вселена ќе направи заговор да се оствари тоа. Некогаш и јас сум збунет тогаш ставам на профил вакви слики во црно бела верзија



но секогаш гледам на позитивната страна. Кога животот ми дава лимони, јас отворам слаткарница Апче.
Остани ми добра Кајгич, а јас продолжувам да сонувам, продолжувам да љубам, продолжувам да живеам, продолжувам...

 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Кајгана, како тоа можам цела година да бидам пушач, а да не ми текнуе да запалам ако не видам некој да пуши? Како може цела недела и фазла да не ми текне да запалам? И како да откажам нешто што не ми е зависност? Да ми беа нешто без кое не можев, ке ги откажев. Одлична сум во тестирање на мојата способност да се откажувам од работите што ги сакам. Вака...не гледам зошто да се откажам од нешто без кое можам.
Ај, па не знам дали ти се пофалив...станав м-р. Утредента веќе мислев што следно да правам. Не се задоволувам со ова.
Иначе, сакам Галакси 3. Кецот го обожавам, ама секогаш сакам повеќе.
И еден саат што сум си видела....Само некако не ми се даваат толку пари за саат. А знам како добро ке ми изгледа на раката. Ај тоа ке се частам кога ке ослабам.
По ѓаволите со моето слабеење.
И таман се откачив од еден демон, се врати стариот. Само Бог знае дали можам против овој. Ама ке пробам. Ке стиснам заби и ке се борам. Иначе не би била јас кога не би се борела за тоа што го сакам. А ова веќе го обожавам. Ке се борам додека не ми се расцепи и последниот атом на надежта. А после веќе...ништо не е битно.
И знаеш колку сум луда? Се молев на Бог за биткава :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Денес бев крајно изненадена...И повторно за мојот бивши...
Ме изненади неговото присуство на моето работно место...Поточно неговата неочекувана посета, околу 15:00 во најголемите жештини надвор...
Рече на поминување бил...(мислам дека не лажеше затоа што лап-топ носеше со него...)...И остана 10-тина мин и си отиде...
Еднаш и јас да бидам од него позитивно изненадена...Обично е обратното...Сигурно и он токму ова сакал да го постигне кај мене, а можда само онака поминал, ете ,ептен дека бил во близина тука...Можда сакал да ме поздрави само чисто од култура...
Баш ме занима од машки аспект мислење за оваа негова постапка...
Не се својствени вакви постапки за него...Он, ако му отидеш на гости, ќе седиш под услови кои он ги диктира: климата он ќе каже на колку степени да биде уклучена и далечинското не смееш да го пипнеш, он ќе избере кој филм да го гледаш затоа што неговиот вкус за филмови е закон, како и за музика исто, потоа он ќе каже кој сок да го пиеш, дури и за обична чаша вода ќе ти каже каква треба да биде...
И така...:)
Не дека се замарам нешто многу со него, ама ете знае да изненади, како со ова денес на пример...
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Ај уште оваа недела да пројде и конечно одмор. Ме исцрпи работава и психички и физички. Шо убао ќе ми дојдат 2 недели пауза.
Ма да и тогаш нема да се одморам баш, доста испунет одмор ко шо глеам ќе иам, свадбата на братучед ми, излет неколку дена до Охрид, а и едно гостовање до Белорусија не би било лошо да се вметне. Ама тешко тоа :(
Некако малце ми излгедаат 2 недели бе у пм :cautious:
И тоа ти е, ајт легнуем ја сабајле прва сум :love:
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Мх мх, денов медче :) Легнувам да се наспијам, трошка енергија неам у мене :)
:D......
<3
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Го прочитав ова...
За да ги истакнете вашите квалитети вие често носите деколте, т.е. маици и кошули кои што ја истакнуваат вашата половина.
Ај нека ми објасни некој жити мене, кој носи деколте за да ја истакне ПОЛОВИНАТА....:eek: Мислам, сериозно?? Како? :cautious:
Да, ако носиш деколте, сите во половина ќе те гледаат, ќе ти речат, девојче покриј половината да не настинеш...:icon_lol:
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Ова е добро за пред заспивање... Како мантра за добра ноќ да те замаја и да заспиеш нешто како она со броење овци...(y)

'It was a dark and stormy night,
and the captain said to the mate:
”Mate, tell us a story.”
And so the mate began:
”It was a dark and stormy night
and the captain said to the mate:
’Mate, tell us a story.’
And so the mate began:
’It was a dark and stormy night...”’
:)
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Драга,
Јас сум ти од оние патетикуси што сакаат да си прават "на денешен ден" од време на време.
На денешен ден пред една година ме примија во болница. По некоја чудна случајност, и роденден ми е на истиот ден. Лани добив поклон за роденден зрачна терапија со 50 греј. Добро де, и живот после тоа, ама како ќе ми биде постот патетичен ако не си поплачам малце прво? :D
Годинава патики. Боље пројдов годинава, м? :D
Ај нека ми е среќен, за арно, за убаво, за многу години :D
ч чрчрчрчрчр ч ч ч :icon_lol:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Драга,
Вечерва го доживуваш еден од најдобрите тролераи во твојата историја. А јас треба рано да станам, но не плашам дека ќе го преспијам исходот од настаните :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom