Човече, па тебе уште полесно ти е што сте семејни пријатели. Баш супер, ќе се здружите брзо и полесно ќе можете да излегувате. Старите ќе си викаат „ни се дружат децата супер“.
Ако зборите на фб често, значи дека имате добра комуникација, и таа сака да контактира со тебе. Тоа е доста позитивен знак, само треба да го примениш и во вистинскиот живот, надвор од социјалните мрежи.
Затоа однесувај се и пристапувај како што доликува на едно машко.
Однеси ја на кафе, прошетајте, седнете во парк, во кино отидете, дај си малку простор на себе си и на неа да се запознаете поубаво.
Потоа однеси ја со друштво некаде отидете, да и дадеш на знаење дека ти е важна и дека сакаш да ја запознаеш со твоите познаници.
Едноставно направи и нејзе, и направи си сам атмосфера да заборавите дека вашите тетка/мајка се пријателки, за да не ви биде глупо.
Колку поблиски сте, толку повеќе и ја разбиваш срамежливоста.
Ако ја свиѓаш....
После сето ова горе (ќе бидете запознаени подобро), седнувате некаде сами, без оглед дали парк или некое друго место, ја опушташ максимално со некој лаф муабет со кој ќе ја насмееш.
После се препушташ на машкоста и инстинктот машки.
Ќе ја гушнеш, вака-така ќе и се приближуваш и слично-зависи од ситуацијата. Ако го прифати сето тоа, седите така малку романтики, и и се ставаш.
Ако не го прифати тоа, ќе почекаш уште некој период за да видиш дали чувствува нешто за тебе
П.С: Иако ќе ви биде чудно, ама понекогаш старите знаат да бидат расипани мозоци, и може да ве имаат таксано за брак уште пред ваше раѓање без ваше знаење.
(се шалам).