Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
- Возраст
- 47
Имам мака.... пред некој ден имав секс.Почнавме нешто предигра и го стави во неа.5-6 пати го ставив ама се плашам да не има нешто цврцнато .Значи немав оргазам немав ништо .Шо да прам дали може од толку да бидне нешто???
Доколку не си свршил во девојката, шансите таа да забремени се екстремно мали. Имено, дури и ако не си ејакулирал, можно е дел од твојата семена течност (т.н. сок од простата) да останал во девојката. Доколку во течноста се нашол некој сперматозоид (се знае дека ги има во мали количини), пресметај колкава е шансата некој од нив да ја оплоди јајце-клетката, кога ти се потребни милијарди, коишто се исфрлаат при нормална ејакулација. Исто така, доколку девојката била во овулација (обично 2 седмици од почетокот на последната менструација), шансите за бременост се зголемуваат, бидејќи матката лачи леплива материја со којашто не им дозволува на сперматозоидите да се „лизнат“ надвор од неа. Но, ако немало овулација, шансите се скоро никакви.
Со други зборови: најверојатно немало бременост, но, во иднина, доколку не планираш да правиш деца, користи заштита за секој случај.
Со лесно.